1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зелен чај

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 6 јануари 2010.

  1. Tina12

    Tina12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
    Порано постојано пиев зелен чај бидејќи наводно бил многу здрав, и требало дневно да се конзумира по 2 шолји.Имено, тоа помагало на системот за дигестија а и ги ослободувало негативните соли кои ги содржи телото.
    Пиев долго време, и организмот ми се поремети. Не можев да спијам нормално, не ослабнав многу а искрено тоа не ми беше ни целта. Разговарав со лекарката и ми рече дека оној фо филтер кесите и не бил многу здрав чај, поточно не е ист како оној кој ќе го набереш во планина и ќе го исушиш.
    Од тогаш од баба ми си земам чаеви, таа ги купува од некоја жена. Си мешам од повеќе врсти кога како сакам и си пијам дневно по една до две чаши, некогаш и не пијам, кога како ќе ми текне.Ама многу е поздрав од оној во филтерите и го подобрува имунолошкиот систем.Има разлика во се, а и апетитот го намалува, било кој чај да пиеш.Со внесување на течности се постигнува тој ефект, посебно со чај
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Just.you

    Just.you Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Сите велат дека е добар за слабеење...Совет некој има користено и дали му има помогнато?
    И каков е по вкус?
    Имам дома цело пакетче(со лимон) но немам пробано.
    :)
     
  3. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    ДА ДА ДА. Зелениот чај помогна многу во намалувањето на мојата тежина.Но прочитав дека доколку го пиеме чајот после 17ч можеме да ја заболиме јетрата. :|
     
  4. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас скоро година дена пијам зелен чај од Алкалоид. Воопшто не ми е убав, ама бидејќи сите викаат дека е корисен, го пијам.
    Сега почнав да пијам Тифол (фолна киселина), па ме интересира дали зелениот чај има некакво влијае врз фолната киселина?
    Ако влијае, да престанам да го пијам чајот, зашто фолната киселина сега ми е мнооооогу побитна! :!:
     
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Миа-ск, ако се обидуваш да забремениш,или си бремена, зелениот чај не се препорачува поради доза на кофеин во него.
     
  6. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Затоа и прашав, пошто денес тука некаде на форумов прочитав дека кога се пие фолна киселина, ако се пие зелен чај-тој го намалува дејството на фолната киселина. Денес се изнасурфав на темава, има различни мислења, но јас ќе прекинам да го пијам чајот, да си бидам на раат!
    ФАЛА за одговорот!
     
  7. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Доколку можете да издвоите нешто повеќе пари за добар чај, покрај зелените чаеви на Vitalia, многу убави ароматизирани црни, бели и зелени чаеви има во La Cha. Кој не сака црн чај, нека проба Earl Gray, може ќе ве натера да го смените мислењето за црните чаеви. Имаат таму убави смеси, и чаевите се со прекрасни ароми.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    84
    пробал некој да пие да пие млекочај за слабеење и ако да од каде набавувате зелен чај ама не во филтер ќесичките , онака рефус?
     
  9. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Пијам по една чаша дневно, со додаден цеден лимон. Има многу позитивни својства и ми е одлична замена за кафе.
     
  10. Pearls

    Pearls Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    го пијам по една чаша секое утро , скоро 2 недели откако го пијам редовно секој ден .. сега за сега нема некој реултати во тежина но ми дава енергија ради кофеинот
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Оние кои имаат слабо железо не треба да форсираат со зелениот чај. Може да ја намали абсорпцијата на железото од храната и да ве направи анемични.
     
  12. little.doll

    little.doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    23
    Дали е најдобро да утро да се конзумира чајот на празен стомак или ... ?
     
  13. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    azeleniot caj kapsuli kako se opotrebuvaat
     
  14. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    34.452
    Пол:
    Женски
    Викаат дека зелениот чај помагал во топење масти.
    Лично, мене повеќе ми одмогна него ли што ми помогна.
    Јесте, ме држеше будна, ама ми направи проблем со столицата.
    Можеби помага, не викам не, ама секој организам е различен и на секого различно дејствува.
     
  15. covek

    covek Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    убаво прочитај го составот,пишува дека е ВТОРА класа чајот :o
     
  16. Lavica.4

    Lavica.4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    Девојкии има ли ефект во слабеење? Мн е неубав на вкус али мора да го пијам
     
  17. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој дали е дозволено да се пијат 3 чаеви (зелен чај) и еден чај слим&фит дневно?
     
  18. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Го пијам зелениот чај со лимон на Цедевита (без шеќер се разбира) околу 700мл дневно за да ми помогне во слабеењето, а воедно и здраво се хранам и вежбам на орбитрек 30 минути дневно. Дали ќе ми помогне така или мора чисто зелен чај да биде?
     
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.372
    Пол:
    Женски
    И јас го пијам со лимон, повкусен ми е така.Го маскира грдиот вкус кога се пие без шеќер.
    Мислам нема врска дека мора чист зелен чај да биде, може и вака.:)
     
  20. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    ^
    И јас баш поради грдиот вкус кога е чист, преферирам со лимон да го пијам. :) Некогаш и малку мед додавам. Често ми се има случено да ми се гади после испиена шолја чист зелен чај, така да...