И јас пијам секоја ден минимум една чаша зелен чај, но еве два дена не сум пиела па целата сум како балонче подуена :evil: Инаку никогаш не го пијам со шеќер а вкусоот воопшто не ми е гаден, кога ве читам како се грозите од чајов се прашувам дали зборуваме за истиот ЗЕЛЕН ЧАЈ
Пробај да го пиеш незасладен, ама со многу лимон, и изладен во фрижидер - мене ми е супер така, место вода си го пијам (т.е си го пиев - треба пак да почнам....)
devojki samo sto zemav da pijam zelen caj.....pa i ne e tolku los na vkus.Kako i da e jas sum resena da go pijam.....samo sakav da ve prasam po kolku da pijam dnevno.....2-3 ....posle jadenje , pred jadenje.....bi vi bila blagodarna ako mi kazete
Почнав да пијам зелен чај пред 3 години, и дефинитивно почуствував разлика. За месец-два ми се исчисти лицето ( немав акни претходно, но сите дамки и мали бубулички ги снема). Со редовно пиење на зелен чај се намалува и подуеноста на стомакот, и се забрзува метаболизмот. Многу е важно да се знае како да се подготви зелениот чај. Имам читано дека водата не треба да се доведе до степен на вриење, туку да биде малце поладна од 100. Најдобар зелен чај до сега ми е Липтон, но обичниот, тие со вкус на портокал или црешна се многу слаби и е исто како да пиеш овошен чај. Доколку некој се одлучи да почне редовно да пие зелен чај, не треба тоа да биде само поради слабеењето, туку и поради позитивниот ефект што зелениот чај го има на здравјето ( докажано е дека штити од неколку видови на рак), и го подобрува метаболизмот.
Па еве ќе ти кажам како јас го пиев... ставам литар вода да се згрее, ама не да врие, туку малку пред вриење ја тргам од оган и ставам во водата 2-3 ќесички зелен чај, да стои најмалку 5 минути... после тоа, додавам сок од лимон по вкус и малку оладено го ставам во шише (пластично од сок или к. вода, од литар и пол) и го чувам во фрижидер. Го пијам секогаш кога ќе почувствувам жед, наместо вода... не треба да забораваш да го пиеш ти велам затоа што има луѓе што забораваат и вода да се напијат, а камоли за чајот... и секогаш од вечер си го спремав за следниот ден. Сега треба пак да почнам да го пијам... не знам зошто го запоставив...
Па јас ослабев затоа што не чувствував потреба да јадам... ама делува и на целулитот, барем кај мене делуваше... и општо, супер е за цел организам, дава повеќе енергија
definitivno se ubediv od vasite komentari da si pijam zeleno cajce..mi kazuvaa za efektite,ama ne veruvav..ama sega od tolku mnogu komentari se uveriv konecno.od utre strogo samo zelen caj.i ako ima pozitivni efekti,ve castam site.mwa
почнувај го денот со зелен чај, значи прво станување чај и пред легнување пак исто, ќе видиш дека ќе има ефекти
Пред легнување никако!Жалфија или невен препорачливо. Зелениот чај од искуство ви препорачувам до 5-6 попладне затоа што инаку не се спие или лесен сон ќе имате кој најмалку се препорачува.И две до три шољи дневно,повеќе не.
Хмм, зависи за кој како, мене ми е ок, а секогаш пијам пред легнување и немам проблеми со спиењето. Ама зависи и начинот на кој се прави, зошто ако е со млака вода не се ослобудува кофеинот, а ако се додаде мед кофеинот скрос се губи. Во зелениот чај не се препорачува мед да се става
прво и основно правило....чај не се пие ладен...го губи ефектот, ова ќе ви го каже секој нутриционист...топол секогаш...и не место вода тоа е втора грешка...тој е корисен но 2-3 шољи дневно...организмот има потреба од вода, не течност туку вода, затоа што тоа е различно...имено водата ги ,,храни,, клетките, додека чајот делува како чистач на организмот првенствено...
Јас во ниеден чај не додавам никакви засладувачи,ниту пак мед,така да... Инаку се прави по ист принцип секогаш,со вода тргната точно пред да зоврие,никако вода што врие,а со млака по секако не се прави...и такааа... И да точно е тоа дека зелениот чај конкретно не се пие ладен,има негативни ефекти,читав по нетов ама одамна беше,наводно го оштетувал желудникот или така нешто,прогуглајте ќе најдете. Јас ова од мое и туѓо искуство,како и по препорака на чичковците во бели мантили и биљарките од бушава азбука.
ja pred dve nedeli pocnav da go pijam .....i toa onoj od good natural..(.okolu 70 den.)..i toa ednas vo den..sega neznam dali e toj vistin. i dali treba i pocesto da go pijam...
I jas znam za toa deka ne treba da se pie mnogu od zeleniot caj zasto ima kofein,jas licno ne mozamda zaspijam ako pijam mnogu i kasno.A i citav na net deka zeleniot caj bil isto steten kako i zelenoto kafe neli toa go trgnaa od prodazba i sega go prekinav me fati strav ne znam sto e tocno a go pijav mnogu i zavreme na dietata iako bese neubav na ex so zatvoreni oci go pijav.Ako znae nekoj,ako procital za toa dali e steten neka pisi zs ne znam dali pak da pocnam da go pijam.Pozzdravce
Na dieta sum veke tocno 2 meseca i isto pijam i zelen caj najcesto 2 casi dnevno .Mene ne mi e gaden , ne e nesto posebno ama ne e los vkusot inaku go pijam so kafeav seker ili so natren , seker nikako .Go preporacuvam stvarno ima rezultati , ne planiram da go zapostavam . Probajte.
Зелениот чај се пие не ладен, не топол туку млак..Може да се заслади, а и не мора..Не се пие после 6 часот попладне..а до тогаш може 2-3 шољи зависи кој колку има потреба и сака...И секогаш да е свежо приготвен.