Се знае дека во ливчиња е поквалитетен,имам читано дека во филтрите е втора класа,и поевтино искача во ливчиња,ја на виталија го зимам сенча по една лажичка се става а и може да се превари уште еднаш
За оние кои сакаат да ослабат многу е добар, исто така ако си имате малу помрсна кожа и проблемчиња со кожата слободно да си го користите. Само овој чај е така појак па затоа на гладен желудник не се препорачува да се пие.
Кафето го заменив со зелен чај, и еве скоро една година секој ден го почнувам со него. Не можам да си го замислам денот без зелен чај.
feminki sakam vase mislenje koj caj e podobar za slabeenje crn ili zelen i kolku e efikasen crniot caj za slabeenje od vase licno iskustvo
Дали знаете да ми кажете колку е ОК да се пие црн чај и зелен чај? Се поднесуваат ли или премногу јаки состојки има и едниот и другиот и не се препорачува да се пијат истовремено? Прашувам, зашто обично секоја есен си пијам црн чај (по една чаша дневно), а откако прочитав дека и зелениот е добар, сакам да си пијам и зелен.
Па не дека не може да ми биде... Ако се претера, може да има последица. Мислев конкретно на тоа дека и зелениот и црниот чај имаат речиси подеднакво количество на кофеин. Тоа ме исплаши.
Мене доктор ми има кажано дека зелениот чај не се пие долг период туку на пример 3 месеци па после пауза од 1 месец и така.. исто и за дозата ми има кажано само една чаша на ден оти преголеми дози му штетеле на црниот дроб страшно... Ова што ми имаат кажано незнам колку е вистина. Јас не пијам
Кинезите го пијат зелениот чај 3 пати во денот, па ништо не им е. Не е ни чудп што здравството ни е такво, гледајќи какви доктори има и какви совети давале.
Ама Кинезите ... Тоа е различен животен стил, различна генетика... Океј нема врска, ќе се напијам денес и една чаша зелен па од утре ќе гледам да регулирам
Не можам да замислам ден без зелен чај, не пијам кафе затоа што отфрлив шеќерот (ми се чини за трајно решение со неколку исклучоци) и како замена за кафе е океј. Го пијам еднаш во денот, некогаш двапати и доволно е. Не претерувајте, колку и да е здрав, сепак е течност со многу кофеин.
Pocnav da pijam zelen caj no me interesira dali moze da se mesa so caj od magdonos (procitav deka e dobar za slabeenje) i pri toa da ne se izgubi efektot
По колку пати на ден пиете зелен чај, имам слушано дека се оди дури и до 10 пати на ден... Многу е здрав зелениот чај јас редовно си пијам барем по еден чај на ден.
@CuteSugar Има кофеин во зелениот чај, ако испиеш 10 ќе стражариш цела ноќ дома Јас по еднаш го пијам, ќе почнам пред секој оброк да пијам, читав пожелно е на тој начин да се конзумира. Значи две шолји дневно, таман.