1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зелен чај

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 6 јануари 2010.

  1. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    21
    Јас пијам зелен чај повеќе од еднаш во денот но никако наместо кафе кафето ништо не ми го менува :D А навечер во никој случај,ја поддржавам Лилит после 6 часот навечер никако.Го намалува апетитот докажано
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Има еден зелен чај од Бугарија се купува кај нас го нема и стварно се слабее од него. Братучедка моја го пие и има добри резултати, оригинал кинески зелен чај е, а не како кај нас овие се добри ама немаат толку јако дејство. Овој е во зелена кутија пишува КИТАЈСКИ ЧАЈ ЗА СЛАБЕЕЊЕ и нешто на кинески букви има испишано, а се пие само еднаш дневно. Нема ништо штетно во него, се е на природна база составен од кинески чај и уште две-три тревки. Чајот е закон :)
     
    На Kiksot му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Јас зелениот чај го пијам онака зошто стварно ми се бендисува а за слабеење немам проблеми со вишок колограми
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    За тие што сакаат да ослабнат нека пијат чај од магданос и од целер ( одделно, не заедно смешано). Две три чаши во денот чај од магданос и две три чаши чај од целер, и брзо ќе се видат резултатите.
     
    На Kiksot му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски

    А може ли ние некако да го најдеме? :)
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Епа не знам дали го има овде по маркети не сум го барала, братучедка ми од Бугарија си го купува, ама ти за секој случај провери можеби и кај нас ќе го има. Во зелена кутија е пишува Китајски чај за слабеење ( на бугарски го пишува ова :) ) и има мала сликичка со еден дебел човек и прецртана е сликичката со црвени линии, а после до него има друга слика со слаб човек :) И кинески букви има по кутијата.
     
  7. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Jas pijam zelen caj eve skoro edna godina i super mi e, voopsto ne mi grd po vkus si se naviknav, i mnogu ubavo mi deluva mi se iscisti liceto, nemam kaceno ni eden gram a si jadam sto ke si posakam (normalno bez premnogu preteruvanje), si ja regulirav stolicata i mi deluva ubavo na raspolozenie si pijam po 2- 3 casi dnevno, a toa deka go zamenuva kafeto ne se soglasuvam bas mene nekako kafeto mi e nezamenlivo.
     
  8. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Чајот е на второ место после водата, по конзумација, во светот. Зелениот и црниот чај се произведуваат од иста суровина, но со различна технологија. Зеленият чај се преработува во помал степен од црниот и затоа кај него недостасува "чаениот" мирис и вкус, тој во поголем степен ја зачувува зелената боја и лековитите својства.

    При производството зелениот чај не преработува, за разлика од црниот, термички, чадење и ферментација. Тоа е само исушен зелен лист. Благодарение на тоа во чајот се зачувани сите витамини, масла и микроелементи. Теотанинот кој се содржи во зелениот чај е способен да ги убива не само бактериите, но и дезинтеријата. Колку е подобра сортата зелен чај, толку појасно е изразена оваа антимикробна специфика.



    Зелениот чај биохемиски го прочистува не само стомачно-цревниот тракт, но и бубрезите и црниот дроб. Тој е прекрасно средство против "мрзливи" црева. Благопријатно дејствува и врз дишните патишта, а исто така кај пушачите како заштита.

    Зелениот чај предизвикува раширување на порите на кожата, го подобрува лачењето на пот. Витамините В, Р, С, РВ, К и рибофлавин кои се наоѓаат во него ја ликвидираат сувата кожа, ги закрепнуваат ѕидовите на крвоносните садови и на кожата и придаваат здрав вид и пријатен тен.

    При редовна употреба зеленият чај ги зголемува заштитните сили на организмот. Помага при слабеењето и ослободува од натрупаните соли. Зелениот чај е богат со соли на железото кои позитивно влијаат врз засирувањето на крвта. Зелениот чај е радикално средство против атеросклероза.
     
  9. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Зелениот чај се смета за најдобар пријател на телото. Правени се многу испитувања кои докажале дека овој чај е многу корисен. Често се прави споредба меѓу Америка и Азија и фактот дека на пример во Јапонија има многу помалку заболени од рак иако таму има многу поголем број пушачи отколку во САД. Ова, според испитувањата, се должи на редовното консумирање зелен чај во Јапонија.

    Злениот чај е богат со антиоксиданти, кои ги прочистуваат зидовите на артериите и не дозволуваат коагулација на крвта и формирање чепови.
    Како се приготвува?
    Зовриена вода се сипа врз кесичката со чај, и се остава да постои 3 минути, после тоа кесичката се вади од чашата.


    зелениот чај содржи кoфеин, но многу помалку отколку кафето, сепак за тие што имаат проблем со заспивање, не би требало да го пијат навечер..
     
  10. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Чајот е поздрав од водата

    Консумирањето три или повеќе шолји чај дневно има ист позитивен ефект врз здравјето на луѓето како и пиењето неколку литри вода, покажале резултатите од истражувањето на британските нутриционисти.

    Резултатите од истражувањето, објавени во Европскиот журнал за клинички нутриционизам ги демантираат тврдењата дека чајот го дехидрира организмот.

    Чајот не само што рехидрира, како што тоа го прави водата, туку и го штити организмот од болести на срцето и крвните садови, па дури и од некои видови рак.

    Експертите веруваат дека причина за тие позитивни ефекти се флавоноидите, полифенолските антиоксиданси кои ги има во растенијата, па и во листовите на чајот, а за кои е докажано дека ги штитат клетките од оштетување. Дополнителни позитивни ефекти на чајот кој содржи и флуор се заштитата на забите од кариес и јакнењето на коските.

    Британските истражувачи утврдиле дека чајот може да ја намали способноста на организмот да го апсорбира железото од храната, па им препорачуваат на луѓето кои имаат анемија да него консумираат додека го јадат оброкот.
     
    На Nutri001 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. butterfly1

    butterfly1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Samo edno prasanje dali moze da se pie zeleniot caj pokasno vecer ili ne e dobro navecer da se pie, pred leguvanje na pr. :) p.s. ne uspeav da procitam se za da vidam dali nekoj veke napisal. Pozdrav
     
  12. pedjo

    pedjo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Otkako napolniv 30 pocnav naglo da se debelam kaciv 5 kilogrami za edna nedela strav mi e deka ke bidam slon sto velite da go pijam li i jas cajot a i mnogu sum neraspolozena vo posledno vreme pomagajte!!!
     
  13. EnaPerfectGIRL

    EnaPerfectGIRL Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    jas pijam zelen caj 2pati nautro i navecer bez seker i drugo dobar e ne e los se nadevam deka ke skinam nekoe kilce :lol:
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    зелениот чај содржи кoфеин, но многу помалку отколку кафето, сепак за тие што имаат проблем со заспивање, не би требало да го пијат навечер..
     
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    уште нешто...

    чувар на срцето
    природните антиоксидантни својства на зелениот чај го штитат организмот од болести на срцето,бидејки ги намалуваат ризичните фактори како висок холестерол,зголемени триглицериди и зголемен крвен притисок.нивото на холестерол во крвта се намалува правопропорционално на внесената количина зелен чај.

    заштита од рак
    истражувањата на јапонското министерство за здравство покажаа значително намален број на смртни случаи од рак,особено на рак на желудник ,во оние делови на земјата во кои зелениот чај прекумерно се пие. во објавените истражувања се наогаат податоци дека со пиење на 5-7 шољи зелен чај дневно се намалуваат метастазите кај дел од пациентите.

    здрави заби
    зелениот чај е богат со флуор.редовното внесување на флуор ги штити забите од кариес. само 1 шоља зелен чај содржи 0,3-0,5мг флуор.

    против целулит
    зелениот чај помага и против целулит бидејки ја ограничува апсорпцијата на маснотиите и ја поттикнува површинската циркулација.исто така го помага и слабеењето.

    тромбоза
    ја спречува аглутинацијата на крвните плочки-тромбоцити,со што се намалува ризикот од појава на тромбоза.

    дијабетис
    зелениот чај делува инхибиторно и на зголемување на шекерот во крвта.

    богат е со флавоноиди или полифеноли,кои имаат силно антиоксидантно дејство.полифенолите ги неутрализираат слободните радикали кои се причинители за оштетување на клетките(причина за разни болести) и за забрзаниот процес на стареење на организмот.

    зелениот чај е добар за слабеење, претставува вистински чај бидејќи се добива од растението Camellia sinensis, доколку ти се пријаде благо или некоја стрвост треба да се испие зелен чај и по 20 мин потребата ќе исчезне.....потоа зелениот чај е поздрав од водата и секако помага во топењето на калориите (инаку за тоа да се случи потребно е да се пие од 1,5-2 литри на ден)

    исто така помага во чистење на кожата
     
  16. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    pa zosto da ne go pies sekako steta nikakva od nego nema da imas samo ke se cuvstvuvas poubavo.
     
  17. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    Devojki mi kazaa eden recept za caj od koj se slabee pa da go spodelam so vas. 3 litri voda da zovrie pa se stavaat :4 kesicki zelen caj,4 kesicki magdonos,4 kesicki majcina dusica,2 kesi kantarion,da otstoi 10min i se vadat kesite caj,otkako ke se oladi ubavo mu se dodavaat 4 cedeni limoni.se pie po1,5 na den sto znaci dozava e za 2 dena.ako sakate probajte go jas eve od denes ke probam.
     
  18. Milickaa

    Milickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ajde probaj pa kazi rezultati :)
     
  19. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    чајот е многу вкусен и е добар затоа што сите состојки во него се за детоксикација (зелениот е антиоксиданс, магдоносот е за често мокрење,освен мајчината душичка што се додава само за мирис (јас го правам со нане)
    п.с тие што имаат проблем со кофеинот и несоница да не го конзумираат навечер, затоа што зелениот чај содржи кофеин ;)
     
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    8.464
    Пол:
    Женски
    Јас од денес ќе почнам да го конзумирам редовно.Прееска се напив една голема шолја зелен чај,вечер пак :)