И јас имам пиено зелен чај навистина помага за намалување на вишокот килограми нема некој многу пријатен вкус,ама се е навика.Сум слушнала дека не смее да стои филтер ќесичката во водата повеќе од 3 минути затоа што после тоа многу горчи.
Мене ми се случува да ја заборавам кесичката и до 5-10 минути .Не ми горчи , а и незасладен го пијам.
и мене ми се има случено да го заборавам подолго време и не горчи инаку пијам зелн чај со лимон а имам купувано и зелен чај со мед и лимон и е мн повкусен ама веке подолго време го немам сретнато
Јас редовно го пијам овој, не за да ослабам, туку заради регулирање на столица Си го засладувам со мед, или пак со лимон и шеќер.
zelen kinezki caj ,, SANIE ,, kade mozam da go najdam vo Skopje [mod-kirilica:tzawycsu][/mod-kirilica:tzawycsu]
Има,има...2-3 шољи најмногу,инаку притисочето до плафон,несоница,може и срцебиење да се јави. Колку и да е добар сепак се си има граници.
УН Диетата кај мене се покажа како најефикасна, трае три месеци и ако правилно се придржуваш ќе ослабиш доста.Моментално немам некоја посебна строго утврдена диета, не јадам леб, грицки и благо (понекогаш се случува малку црн леб да каснам), јадам повеќе овошје и зеленчук,избегнувам газирано и алкохол, секојдневно пијам зелен чај. Исто и наутро пијам јаболков оцет.Така ми е најубаво,мразам диети од типот 100грама месо,1морков,2парчиња сирење...Здрави навики во секојдневната исхрана и нема проблеми Да не бидам офф топик..каков зелен чај користите
^ Jaс пијам секаков. Од коро пиев едно време, па свртив малку на поевтино, на паковката од чајот една жена што има, ама не почувствувам некоја разлика. Убави ми се зелените чаеви од сите фирми ама последниот пат кога купив од коро на риба ми мирисаше незнам зошто
Коро се многу слаби и неубави чаевите...порано беа супер,сега се бљак. Пробај со Гуд нејчр на алкалоид,мене ми е супер!
Мене зелениот чај од коро, со извинување ама на лепешка ми мириса не знам зашо Тие со вкус на лимон се добри, и го фалат тој со мед, видов во рамстор имаше па ќе си земам да го испробам него.
Порано пиев само црн чај (од баба ми работа - од мала ме научи на таков), но последните години почнав да пијам и зелен и бел. Зелениот ми е омилен, зашто е најздрав, и многу ми е вкусен. Овошните не ги признавам за чаеви Зелен пијам обично чист, не во мешавина, незасладен, а ретко со мед. Го купувам оној на Виталиа, подобар ми е отколку филтер чајот. И мешавината на Виталиа со лимон и ѓумбир ми се допаѓа. Тахебо немам пробано, следниот пат ќе купам таков, но обично останувам на тоа дека чистиот е најдобар. Филтер зелен чај од Липтон е чиста вода, ич, ама ич не е убав. На Франк ми е убав, појак е, но пак ќе кажам - Виталиа е нај!
Гуд нејчр и јас го пијам.А купив и на Коро еднаш ама не ми се допадна.А колку е зелениот чај на Виталија Никогаш не сум го пиела, а секој ден купувам производи на Виталија, би требало да е убав