Да го пренесам и моето искуство во врска со зелениот чај. Го пијам некаде половина месец. Што се однесува до вкусот, на почетокот е малку тешко додека се навикне организмот, но потоа е сосем подруго. Сега вкусот не ми претставува проблем, бидејќи се навикнав на него. Резултатите што ги почуствував се: намален апетит, побрз метаболизам, не ми предизвикува дуење на стомакот, бидејќи имам наследна мигрена, а во составот содржи кофеин, не ме боли доста често главата... Причината зошто почнав да го пијам чајот е тоа што пред неколку години имав некаде 55 килограми, но како резултат на полицистични јајници и многу лекарства на хормонска основа добив 10 килограми повеќе. Затоа започнав да го пијам овој чај, а особено ми даде многу надеж еден текст во врска со зелениот чај (заборавив да напоменам дека најмногу сум здебелена околу стомакот). Ќе ви го пренесам оргиналниот текст, кој е на српски јазик, пришто се надевам дека нема да претставува проблем (доколку модераторите одлучат дека не е добро слободно нека го избришат и целото мислење). ...Katekini "skidaju" stomak A ta istraživanja pokazuju da zeleni čaj „gađa” salo na stomaku zbog kojeg su gojazni ljudi i najnesrećniji. U studiji, koju objavljuje „Američki žurnal za kliničku ishranu” (AJCN), naučnici iz tokijske korporacije „Kao” iznose podatak da su učesnici koji su 12 nedelja svakodnevno pili čaj obogaćen sa 690 mg jakih biljnih antioksidanta, zelenih katekina, izgubili 450 procenata više stomačnog sala od onih koji su pijuckali napitak od placeba – iako su unosili isti broj kalorija. To nije bilo samo površinsko salo: smanjenje je zabeleženo i u dubljim, upornijim slojevima koji oblažu organe ispod mišića, ističe vođa istraživačkog tima Tomonori Nagao. Šta katekine čini tako ubitačnim po stomačno salo? Ispostavilo se da se masne naslage na ovom delu tela teško skidaju zato što oslobađaju sastojke koji ne dozvoljavaju da ih organizam sagori i pretvori u energiju. Ukratko, stomačno salo čuva neka vrsta armije. Katekini su moćni zato što uporedo onesposobljavaju tu vojsku i aktiviraju mitohondriju, međućelijske sklopove koji hranu pretvaraju u gorivo. Katekini, dakle, efikasno i trenutno od stomačnog sala prave korisnu energiju. Konkretnije, oni koji su uz tri dnevna obroka uzimali i 90 mg katekina EGCG (odgovara količini od jedne šolje proceđenog čaja), plus 50 mg kofeina (prirodni sastojak zelenog čaja), sagorevali su 10 procenata više uskladištene masti. Na osnovu ovih i drugih studija, ispostavilo se da tri do pet šolja zelenog čaja, uz bilo koji programu ishrane, uzrokuje mršavljenje...
зелениот чај ми е омилен и го пијам така без лимон , без мед и без шеќер .. малце горчлив е но со време се навикнуваш..
Јас го пијам тој на липтон со кора од мандарина и портокал и супер ми е вкусот. У плус го пијам со една лажичка мед. Толку многу се навикнав на него, неможам да го почнам денот без зелен чај, и го баталив кафето. Од коа почнав да го пијам ептен добро се чувствувам, ми дава енергија некако, пред вежбање обавезно ќе се напијам и многу подолго можам да вежбам одколку онака. И имам намален апетит, и за среќа намалив и со благо (дали поради медот што го ставам...) ама добро е. Незнам дали во големи количини е штетен, јас по 2 чаши дневно пијам, коа ќе станам и пред да вежбам, ако се напијам повеќе несоница ме фаќа
Го пробав зелениот чај со мирис на нане ама оној со лимонот е дефинитивно подобар а инаку го пијам и со една лажичка мед
Јас често пијам зелен чај, но не од филтер кесички туку сушени ливчиња, од Biofarm, (во космо го има). Така најсигурно знам што пијам . Понекогаш ставам пола лажица мед а понекогаш ништо не ставам и многу ми е убав.
Моментално пијам една шоља зелен чај. Го пијам оној на Виталија,сега моментално пијам со ѓумбир и лимон,а ги имам пробано речиси сите од Виталија.Добри се,подобри од оние во филтер кесички. И не користам ни мед ни шеќер,се навикнав да го пијам така
jas veke godina go pijam i navistina sum zadovolna. dnevno pijam po 4 cashi, i navecer na nekoj nacin me zasituva go ima vo site supermarketi, ne e voopsto skap i navistina deluva ali sekako mora i da se vezba za da vidime rezultati vo masnite naslagi, za dieta neznam i iskreno e veruvam deka ke se dobie istiot rezultat kako so vezbanjeto. so srekja
пишав еднаш, еве ќе пишам пак....на тие што не го поднесувате вкусот, пробате го тој на липтон со кора од мандарина и портокал, ептен ми е вкусен и прекрасно мириса
Само што си дојдов дома со Sencha Special Зелен чај на Виталиа. Ветувам дека нема да забошотувам и ке пијам редовно :up:
Зелениот чај ми е најдоброто откритие во животот...целосно променета здравствена и физичка и секаква состојба откако го конзумирам....поседниве 4 години....пијам 3 шољи на ден, започнувам обавезно со сенша спешл на виталија, па кркам еден слим фит или турбо стартер(исто на виталија се), имаат многу добар состав, и за навечер најшесто ми е резервиран брусницата, или тахебо(зелен комбинација со портокал, на виталија-јас го викам за почетници полесен вкус има)или лимон и ѓумбир...овие ги комбинирам на по неколку дена.....значи женски мои чајот му е мајката....и за здраво тело, и за здрав дух и за клиар мајнд-НАЈБИТНО НЕЛИ
И јас конзумирам зелен чај... Бкусот не му е многу убав но сум прочитала многу текстови за зелениот чај и почнав да го пијам... Многу е корисен.. Но не е препорачано да се конзумира во многу големи количини .. Барем така ми кажа инструкторката и така имам читано
Девојки, некаде пред некое време прочитав дека зелениот чај не е препорачливо да се пие на помала возраст. Се препорачува некаде после 40тата-50тата годиана. Испитајте го тоа- чисто онака, информациски!
Со сигрност (барем досега), имам позитивни ефекти. Сеуште е рано да се каже дека сум изгубила некој килограм (бидејќи не се мерев пред да почнам да пијам чај), но со сигурност ви кажувам дека имам почувствувано намалување на обемот околу половината (стомакот). Претходно стомакот ми беше многу подуен и скоро сите мислеа дека сум бремена, ама сега полека ми се враќа во нормала. Мислам дека тука имам најмногу постигнато, а за надолу по нозете и колковите мислам дека не. Важно не губам надеж и знам дека е потребно многу повеќе трпение и време, бидејќи со чајот навистина се слабее и понатаму потешко може да се добијат повторно истите килограми. Исто е многу делотворен и за многу други работи што се случуваат во организмот (како холестеролот, различни срцеви болести, инфекции...), па затоа и не може во целост да биде насочен само на слабеењето на телото.
Мене зелениов чај многу ми горчи никако не можам да го пијам, а еве ви и плус информација дека освен што е добар за здравјето и за слабеење, многу го пијат и за подобрување на изгледот на лицето (прочистувал бактерии, црвенило, спречување на акни)
А јас се чудам како така одеднаш ми ги снема сите проблеми со лицето (акните посебно) а тоа ете што било решението Зелениот чај го пијам секојдневно, без никакви додатоци, се навикнав, вкусот не ми пречи дури сега и убав ми е
А вистина е дека предизвикувал намалување на тромбоцитите и крварење од нос. Кој знае нека пише ве молам Ако некој имал намалени тромбоцити како бебе, смее да го пие?
Научно и истражувано - не знам да кажам. Ама можам да ти кажам кај мене дали се случува. Јас имам хронично крварење на носот. Откако редовно пијам зелен чај, некој период веќе, не сум забележала ни еднаш да ми протече, а не пак засилено и зачестено. Што е до мене, немај гајле, добар е засега, нема лоши последици