Еве ви еден совет за подготовка на чајот, а притоа да не ви горчи. Откако ќе ја ставите водата да се загрева, најважно е тоа дека водата не смее да врие (да се создаваат меурчиња). Значи треба да се загрева до точка на непотполно вриење, доколку ви се случи тоа едноставно оставете ја малку да се олади. Тогаш се ставаат филтер кесичките во водата и се оставаат најмногу 4-5 минути (повеќе не). На овој начин го приготвувам чајот и воопшто не горчи. Ова е и правилната подготовка на овој чај. Се надевам дека ова ќе ти биде од полза, поздравче
Вчера кога сум си сварила еден зелен чај, со фино зовриена вода, со две филтер кесички за 400dl, па ги оставив така едно 10 тина минутки убаво да пушти, па лимонче плус... Па кога се напив... ШОК! Сега мама ми го свари, не е толку лош, на екс го дрмам со песнава. Оваа ми е за мотивација за пиење зелен чај од сега. Знам дека везе немаат едно со друго, ама...
Како го пиете зелениот чај со шеќер или без..? И каков зелен чај купувате бидејќи има повеќе видови... фала однапред
Па јас се пијам без шекер и млеко и кафе и чај. А зелениот чај го купувам од good nature, иако овие со кесички ми се скоро сите исти.
Чајот во филтер ќесички е гола вода, подобро земете од пакувањата на Виталиа што содржат вистински зелен чај. Може било кој од овие два: со лимон и ѓумбир или ваков со жен шен.
Чајот во филтер ќесички е гола вода, подобро земете од пакувањата на Виталиа што содржат вистински зелен чај. Може било кој од овие два: Слика со лимон и ѓумбир или ваков Слика со жен шен. А каде можам да најдам ваков чај..?(A) фала однапред
^^^ Jaс само да ја дополнам Анатче http://www.vitalia.com.mk/default-mk.as ... 3100E844A1 овој е 100% зелен....така пишува http://www.vitalia.com.mk/default-mk.as ... 3100E844A1 а овој за оние кои имаат проблеми со вкусот, бидејќи има убава арома на портокал...мене ми е фаворит и ос зелените само на Виталлија користам... ^^^ Можеш да го најдеш во Веро, Тинех, значи по маркетиве, во Зегин, или директно во Виталија, имаат продавничка кај медицинското училиште во Ск...или отвори им ја страната, па прочитај си се убаво....www.vitalia.com.mk
Јас го користам овој http://www.vitalia.com.mk/default-mk.as ... B7A6378281 , во маркетите Жито е 119 ден. Спојлер таму мислам дека се најниски цените
Не сум го користела чајов никогаш, од проста причина што мислев дека служи само за диети Пред некое време истражував на интернет за здраи начини на исхрана и морам да кажам дека се изненадив кога видов дека многу често се споменува зелениот чај (и интегралниот ориз исто) . И морам да кажам дека сум во план да почнам да го користам, само останува да си набавам некој кој е квалититен. Се согласувам со мислењата дека чајот во филтер кесички е гола вода (јас дури немам доверба и во оние од Билна аптека или Виталиа- но кога немам од природни извори бар тие се посигурни) Е сега ме интересира дали Зелениот чај се пие самостојно или пак има и корисни дејства кога се пие во микс со други чаеви ??
Bерувале или не,јас мислам дека ослабнав малку од зелениов чај 2-3 недели си пиев по 2-3 чаши и гледам на вага 4 кг стопени,а и не вежбав овој период,имав пауза,па така мислата ми останува на зелениот чај ама некогаш пијам и по 1чаша ,многу е жешко времево и не можам да пијам чај,ми се лоши
јас секој ден пијам зелен чај по две три чаши ама не ослабнав ни еден килограм а го пијам околу 5-6 месеци само се држам на една иста тежина
Јас имам конзумирано зелен чај многу и навистина дава резултати. Е сега само си има маана, а тоа е дека се прават флеки на забите од него. Не знам дали кај сите е така но кај мене се прават и тоа многу,па затоа намалив со конзумирање.
ehrgeizig123 не верувам дека од чајот ти се прават флеки на забите доста имам читано за зелениот чај и јас како што знам една чаша дневно пиење зелен чај не штити од раасипување на забите во следниот 1 месец..замислетее по една чаша зелен чај дневно никакво одење на заболекар исрекно мене ми делуваа вака добро зелениот чај затоа што имам голем проблем со забите ниту ми се појавил нов кариес ништо таман ништоо!
Иначе да ви кажам јас зеленито чај го купувам за 22 денари до Кам маркетите си купив три кутии ги испив сега уште треба да си купам