1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Јас божем се откажав.
    А што е со вулканите?
     
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    На волку мало растојание изчезнува бродот поради тоа што е закривана? Хахах а кога ќе ставиме слика од висина на која хоризонтот е прав велите премногу е голема да се види закривувањето а ова со бродот е доволно. Чудно навистина. :)
    Што древните цивилизации гледале во непосредна близина? Сигурно немале модел на Земјата. А и не е случајно древни цивилизации ширум светот да го цртаат истото.
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Тоа е таа дупка во логиката на овие теории.
    Сметам дека огромна улога има тука заслепеноста од религиозните толкувања на светот... Луѓево веруваат дека всушност целата наука, научен прогрес и технологија е нешто целосно спротивно на религијата, и дека со години и векови луѓето напредни во овие области сакаат да ни ја скријат „светата вистина“. И тоа им е главна цел за која се трошат енормни суми...
    Да се разбереме, не велам дека сите верници се склони на вакви теории на заговор - напротив, повеќето (оние разумните) веруваат во наука. Ама vice versa, повеќето (ако не и сите) теоретичари на заговор околу прашања како настанокот на светот - се верници, и тоа фанатични - па од таму произлегува ова нивно непобитно со никакви факти верување.
    Јас вака гледам на работите, дека тука лежи цврстата причина за вакви заблуди. И затоа слабо вреди докажување...
     
    На Amellie13, crimson, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.242
    Допаѓања:
    163.074
    Пол:
    Женски
    @Vitaly ... видеото е зумирано, закривувањето е постепено. о,о
    За древните цивилизации велам дека гледаат во непосредна близина затоа што гледаат рамно во непосредна близина, а немаат можност да видат поинаку, повисоко.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.574
    Допаѓања:
    78.954
    Пол:
    Женски
    Религијата не ја исклучува науката, споредбава беше тотално безврска.
     
    На crimson, Bender Rodriguez, lovemme и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Добро ама има слики од огромна висина правени а нема ниту малку закривување.
    Тие тоа го цртале да но што со сводот? Не се гледа сводот, како го цртале, како ја цртале и водата над него? Од каде знаеле за тоа. Чудно е како сите го цртале истото само на различен начин.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ја немаш забележано птицата која на крајот се појави во видеото. Исто плус истата птица се обиде да остане на на едно место,исто така го забележав и текот на морето/океанот и како се губи видот за бродот така и водата ја поместува птицата од своето место.
    На крајот птицата слета во агол од 90 степени, а сепак не остана на истото место.
    Ако земјата е рамна морето нема да оди кон десна страна ( спрема видеото ), туку ќе тапка во место.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    @Bitter-Sweet не, религијата не ја исклучува науката, ама @Vitaly се вади на религијата, вика ако се докажело дека Земјата е рамна, автоматски се докажувало и постоењето на Бог, што според мене е апсурдно.
    Еве, јас сум уверена дека Бог постои и дека Земјата е топка.
    Дали ти веруваш дека Земајата е рамна или топка? Изјасни се на темата кога веќе коментираш, да видиме дали ја подржуваш или оспоруваш науката.
     
    На +++, Annath, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.574
    Допаѓања:
    78.954
    Пол:
    Женски
    Имам пишано.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Супер, значи и ти се согласуваш дека Земјата е топка, а Бог постои.
    Драго ми е што и тоа го разјаснивме.
     
    На Someonespecial, EvAngelos, Antolinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Аргументиве...
    if-earth-isnt-flat-why-are-shoes-like-this-and-not-like-this-kpCzJ.jpg

    Ми забоде очи слика "We'll show you the edge when you show us the core".
    Супер, смислете опрема и бушалици што може да издржат над 6300+ км длабочина и 6000 целзиусови, па ќе збориме. Во меѓувреме, многу е полесно да се појде во вселена и со свои очи да се види феноменот наречен планета Земја.

    р.ѕ.
    DO2FuYTXUAAThjI.jpg
    Дождот во Австралија и солзите на Цеца, тоа се тие докази...
     
    На Црна Ружа, Annath, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    А постои ли некое научнo истражување што рамноземците го направиле за да покажат дека Сонцето е анода, а Месечината е катода? Вака кажано, многу паушално ми делува. Тоа се многу храбри зборови и подразбира дека некој го измерил електричниот потенцијал на Сонцето и Месечината итн. Кој? Кога? Каде? Ги знаеш ли имињата на тие рамноземски научници (ако воопшто има такви, бидејќи до сега ја немам сретнато ниту еден со завршен факултет).
    Јутјуб не е научен експеримент, туку социјален медиум каде што и тинејџери можат да прикачуваат видеа.

    Ако ставиш анода и катода во вода, струјата поминува и врши електролиза на водата, се ослободува кислород и водород во вид на меурчиња. Кога во водата ќе додадеш киселина, таа реакција е поголема. Сепак јас не гледам меурчиња во водите кога Сонцето и Месечината се над нас :/
     
    На crimson, buba4e89, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.040
    Право мислев дека темава е заебанциjа :D Витали, кога леташ со авион на височина од речиси 11 км се гледа дека земjата е заоблена пошто хоризонтот не е рамен. :!:
    Знам дека ова не е доволен доказ пошто многу е поубедливо дека на краевите на светот има невидливи планини кои те носат straight to heaven а под нас е The Great Deep. Сигурно краjот е каj Бермуда триаголникот, ради тоа бродовите мистериозно им се губи трагата таму. :rofl:
     
    На crimson, Someonespecial, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.242
    Допаѓања:
    163.074
    Пол:
    Женски
    Можеби зошто поимот бесконечност им е нејасен, не знам. Па сакаат да замислат што понатаму. Е сега дали Земјата е дрво, или ја носат животни, или пак е заобиколена од змија - е само да се искористи непосредната близина за да се објасни нешто кое ни можеле да го видат, ни пак да го разберат.
     
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ова што ти се обидуваш да го опишеш е електрохемиска (галванска) ќелија, што е нешто доста поинакво од електромагнет. Во галванската ќелија, анода е негативната електрода (значи „-“), додека катодата е „+“: И повторно останува прашањето Како е определено дека Сонцето и Месечината се анода, т.е. катода?

    Патем, за да функционира галванската ќелија на твојата слика погоре, Сонцето и Месечината би требало да бидат потопени во водата, анодата би требало да оддава електрони, а катодата да прима, Сонцето да губи маса, а Месечината да добива. Како е објаснето било што од цртежот кој го прикачи?
     
    На crimson, Someonespecial, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Неможеш вака да докажеш. Значи неспоредлива е јачината на една сијалица во однос на една соба за разлика од јачината (и големината) на Сонцето кое има импакт на сите планети во системот :!:

    По твојов пример Земјата ако е рамна дефинитивно ќе биде осветлена цела во исто време.
     
    На buba4e89 и Antolinaa им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Ох, темава повторно воскреснала. :devil:

    А што е со промените на изгревот и заоѓањето на сонцето, рамноземци? :^) Слабо објаснување за ова. Гравитација исто, нешто она ова, основно, средно, физика, еклиптички померувања, годишни времиња, лунации, ротации, а? Живот во заблуда. :worried:

    Убава е замислата на библијата да се повикате, ами што е со науката? Теоријава не е логична, ами е апсурдна.
     
    На zuto, crimson, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тоа јас го велев ама кој те слуша.. Немаат појма дека многу научници своите истражувања ги базира
    Нема да биде, земи колку сакаш јака сијалица пак истиот резултат ќе го добиеш. Колку сака нека е јака светлината но ако зрацие не паѓаатт под одреден агол нема да биде осветлено, плус површината на Земјата не е тепсија туку има планини вдлабнатини и тн.
    |( Значи има слики од 30 километри висина направени од аматерски летала на кои се гледа дека нема закривување.

    Сметам дека не се може да се опише со физика и наука. Земјата е создадена од Бог и човекот ја нема таа сила буквално се да истражи. И мене ми е чудно како астронаутите се сликаат најнормално во ракета која ма огромна брзина додека пилотите на борбени авиони едвај издржуваат 2000 км/h.. Значи некој лаже.
     
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Па зошто тогаш воопшто се обидуваш да ја објасниш рамната Земја со наука и ставаш слики за некакви електромагнети, сосема погрешно и наивно објаснети со електрохемиски ќелии? Едноставно кажи си - Земјата е рамна зошто Бог ја направил таква, а јас верувам во Бог и не верувам во ни една наука и завршена работа - никој нема ни да те цитира ни да ти реплицира. :)

    Некој лаже или некој не е информиран? Светскиот рекорд за најбрз авион го држи SR-71 Blackbird, уште од '65-та навака, и е 3.2 mach-а, поточно нешто над 3300 km/h - и замисли, на пилотот не му било ама баш ништо! :D

    Она што пилотите (или било кој друг човек) не можат да го издржат се гравитационите сили (g forces) кои дејствуваат на телото при нагли скршнувања и маневри при високи брзини - човечкото тело може да издржи околу 9 g. За споредба, астронаутите издржуваат само околу 3 g при лансирање, што е значително помалку од она на што се изложени пилотите на борбените авиони. Така да, и тука не гледам апсолутно ништо спорно.
     
    На zuto, crimson, Antolinaa и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.