1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Да, тој има пишано зашто ние од земјата ги гледаме авионите а потоа наеднаш исчезнуваат од видикот?
    Голото око не може да го види авионот на толкава далечина.
    Спрема тоа се води дека е рамна, ако земеме да рече двогледи ако е чисто небото може и ќе го забележиме авионот(ако е на пониска висина) ама ако има облаци е невозможно.
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.020
    Допаѓања:
    48.900
    Пол:
    Женски
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Неможам само да кажам дека верувам во Бог и да не барам ништо понатака бидејќи сум љубопитен како и сите други луѓе. Знам одредени работи кои покажуваат дека Земјата е рамна но ти упорно поставуваш прашања кои немаат смисла. Тоа е исто како јас да те прашам зошто постоиме или зошто постои просторот или пак како според тебе и твојата теорија стои сонцето во просторот?
    Има видеа каде пилотите едвај издржуваат, помодруваат во лицето дури, а астронаутот седнат во ракетата како на излет и ништо ама баш ништо не му е. Да не се лажеле, сценирано е тоа според мене и крај.
    И двете теории имаат нелогичности, е сега мене што теоријата за рамна Земја ми е поубедлива тоа е друга работа.
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Исто и со бродовите, не го гледаме поради тоа што исчезнува од видикот а тоа што првин трупот па потоа врвот исчезнува е поради водата и рефлексијата на светлината.
     
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ако си љубопитен, тогаш треба да истражуваш. А истражување не е само пребарување слики по интернет со хаштаг #flatearth и гледање јутуб видеа со пилоти кои помодруваат у фаците. :D

    Истражување бара читање и учење. Земи ја за пример сликата која ја постираше погоре за тоа како електромагнетизмот влијае врз плимите и осеките, а не гравитацијата на Месечината.

    Земи и прочитај некоја книга или учебник за електротехника, електромагнети и електромагнетизам, а потоа и учебник по електрохемија, за анјони, катјони и галвански ќелии, и потоа кажи дали истата сликичка држи вода или не.

    Вака само делуваш апсурдно.

    Од една страна, велиш дека си љубопитен и се обидуваш да најдеш некаква научна поткрепа за рамната Земја, а од друга, ја отфрлаш целата конвенционална наука (освен оние делови кои ти одговараат, како електромагнетизмот :D) и се служиш со изјави како „Мене ова ми е логично, а она ми е нелогично“.

    Логично или нелогично врз основа на што? Ако не ја поткрепиш логичноста (или нелогичноста) на нештото со докази и факти, тогаш комотно можеш да кажеш „ова ми се свиѓа, а она не ми се свиѓа“, затоа што се сведува на токму на тоа.

    Ако моите прашања немаат смисла, тогаш тоа е затоа што се однесуваат на бесмислените работи кои ти ги постираш. :D

    Ти ја постулираше тезата за електромагнетизам наместо гравитација, потоа спомна анјони и катјони, а кога ја те прашав зошто Сонцето е анјон, а Месечината катјон и како елетрохемиска ќелија воопшто има некаква врска со електромагнет, ти ми викаш дека прашањето ми нема смисла.

    И у право си, нема смисла - ама само затоа што и сликата која ти ја стави нема смисла. :)
     
    На Annath, sparklie, Asparagus и 8 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.039
    Ја имам летано на 11+ км висина многу пати и со свои очи имам видено дека се заоблува. 8-| Купи си авионска карта до Дубаи, ќе видиш за што ти зборувам. Вака на невидено можеш само зелени да тресеш.

    А кои се тие аматерски летала што ги нарече кои што можат да летаат 30+ над земјата?
     
    На buba4e89, Annath, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Центарот на земјата е составен претежно од железо. Надворешниот дел од центарот, познат како "надворешно јадро", се смета дека е течно железо. Иако внатрешниот дел од центарот, познат како "внатрешно јадро", се смета дека е цврсто железо. Се знае за внатрешноста на земјата од самото набљудување на гравитацијата на земјата, сеизмичките бранови што патуваат низ Земјата и магнетното поле на Земјата, како и споредбата со хемискиот состав на метеоритите и од експериментите што ги симулираат условите во центарот на Земјата.
    Подетално познавање на структурата на ентериерот на Земјата доаѓа од набљудувањето на сеизмичките бранови. Кога се случува земјотрес, тој ослободува енергија што патува низ Земјата во сите правци како сеизмички бранови. Два вида на бранови создадени од земјотреси се компресивни (P) бранови и смолкнети (S) бранови. Двата од овие бранови можат да патуваат низ цврсти материи, но S брановите не можат да патуваат низ течности. По тоа се подразбира дека надворешното јадро мора да биде течно бидејќи S брановите не минуваат низ него, но P брановите да. Однесувањето на P и S бранови, исто така, покажува дека внатрешното јадро е цврсто. Брзината на сеизмичките бранови, исто така, зависи од густината на материјалот преку кој се движат. Така, набљудувајќи многу сеизмички бранови од многу земјотреси ширум светот, научниците успеале да ја разберат густината на различни делови на Земјата (т.е. the core, mantle, and crust).
    [​IMG]
    Научниците веруваат дека целокупниот хемиски состав на Земјата е многу сличен со еден вид метеорит наречен хондрити, формиран во исто време од формирањето на Земјата.
    Со споредување на составот на карпите од Земјината кора и mantle кон составот на хондрити, можеме да видиме кои елементи недостасуваат и затоа мора да се најдат во јадрото.

    Површината на Земјата е искривена на растојание од 3,1 милји или 5 километри. Но, нашата визуелна острина се протега многу подалеку од хоризонтот.
    Кога Земјата би била рамна (а не е) или ако ние би стоеле на еден планински врв со географска површина од поголема од вообичаена крпеница на планетата, би можеле да забележиме силни светлини одалечени стотици милји.
    А колку далеку може да види човековото око зависи од тоа колку честички од светлина, или фотони, одреден далечен објект емитува. Најоддалечениот објект видлив со голо око е галаксијата Андромеда, која се наоѓа на неверојатни 2,6 милиони светлосни години од Земјата.
     
    На kikkki, SV1911, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа е за млазни авиони, за авиони општо тоа е Норт Американ Икс-15 во времето на битлси летал 6,08 маха или 7274 км на час, секако на ракетен погон и малку повисоко :party:

    А за особите кои сметаат дека земјата е рамна, мислам дека се работи нешто околу нецелосна перцепција, неможат да ги сфатат редовите на величина, што значи 300м танкер на површина од милиони квадратни километри, општо не можат да ги обработат таквите информации, веројатно остаток од времињата кога просечен човек патувал најдалеку по 20км во текот на животот...
     
    На blackwave, Annath, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Се знае дека во секој авион постои уред кој емитира зраци кои го искривуваат погледот и сублиминално те уверуваат во лоши и зли работи, да гледаш закривеност на земја, да не учиш, да не пишуваш домашни, да слушал панкови и метали, да не се тушираш, да спиеш на тавани и да крадеш сливи од кај комшиите.

    Австралија како што утврдивме, не постои.:devil:
     
    На blackwave, Annath, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Gosh, faye, EvAngelos и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Хахаха. Кога не ни останува друго што да кажеме прибегуваме кон исмевање, омаловажување и напад кон говорникот а не кон аргументите кои тој ги кажува.
    Curved glass causes curved perception
     
    На Selest, theowndemon и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    17.989
    Аргументи се мемињата ? :o:?:
     
    На Gosh, EvAngelos, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ги видов сите фотографии, прекрасни се...:inlove:
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Има многу вакви, и на страната на NASA и на ESA, а исто така и на страната на Роскосмос.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ot kade tie fotografii koga covekot nikogas ne otisol vo fselenata? Lazgi so opaski, fotosop.
     
    На Gosh, blackwave, Selest и 8 други им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ок, тоа е филм. Признавам, јас го режирав, ја продадов нивата во Јурумлери. Секој има право да си каже свое мислење. Понатаму нема да дискутирам.
    Го почитувам твоето мислење а ти ако сметаш дека треба да продолжиш понатаму да те зафркаваат тогаш тоа е твое.

    Се обидов,

    Поздрав
     
    На Gosh, blackwave, Црна Ружа и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Знам, ги следам и нивните страници.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Значи само за да не ме зафркаваат треба да бидам како нив? :rofl: Зошто јас да бидам како нив кога може да бидат тие како мене? Не сум слеп за да ме убедува некој дека живеам на топка.
     
    На Selest, baba Rada и carangigia им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.