1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Koga prv pat ja vidov temava ne veruvav deka kje prezivee :) i deka navistina ima lugje sto veruvaat deka zemjata e ramna ploca. Arno ama ne bilo taka, neodamna sretnav tip so mnogu teorii, megju edna od niv i ovaa. E, sto moze netot I pristapot do sekakvi teorii da ti napravi :) I Magelan i naucnikot na klada sto izgorel se vrtat vo grobot sega.
     
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ова не е теорија која настанала од досада на интернет туку ова се сретнува од многу порано кај сите народи. Порано сите народи Земјата ја претставувале на сличен начин тоест како плоча со свод, така е опишано и во Библијата.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Земјата прави 1 ротација за 24 часа, а не 24 ротации во 1 секунда :)

    Те молам кажи дека се зезаш со сликиве, пошто луѓево веруваат дека си озбилен.
     
    На Annath, Lella, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Обично луѓето што веруваат во оваа теорија на заговор, веруваат и во други теории на заговор. Не е до "теоријата", туку до проблем во начинот на размислување или пак инает и тврдоглавост по секоја цена да се држи одреден став.
     
    На Someonespecial, crimson, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    :)

    Тој е протестант и е неверник. Дали ова значи дека сите православни христијани кои веруваат дека Земјата дека не е рамна всушност се неверници?

    Дали ова значи дека сите православни христијани веруваат дека Земјата е плоча?

    Ако се водиме според твојата логика ова ќе му дојде така нешто...
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ja znaeme site starata teorija za ovaa tema ama neli za celiot svet e pobiena? So internetot voskresna :)
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    ке изгледаат пет видеа на ју тјуб и готово убедени се, земјата е рамна
    давај друго дете
     
    На Gosh, Antolinaa и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ефектот од сликата кој што Vitaly ја постирал ќе се случи само ако Земјата нагло престане да ротира, или ако евентуално го забави или го забрза своето ротирање.

    Причината поради која луѓето не го чувствуваат вртењето е бидејќи Земјата се движи со фиксна стапка, и сите ние се движиме заедно со тоа, и затоа не чувствуваме спин на Земјата.

    Тоа е и причината поради која никогаш не сме биле и не можеме да бидеме на истото физичко место два пати бидејќи Земјата, сончевиот систем и галаксијата се движат низ вселената.

    Исто така, додека мислите дека можете да стоите мирно на едно место, тоа не е возможно, бидејќи:

    1. Се наоѓаме на планета која орбитира околу ѕвезда 30 km/s
    2. Таа ѕвезда орбитира во центарот на една галаксија 250 km/s
    3. Таа галаксија се движи низ универзумот со брзина од 600 km/s

    И додека го прочитавте ова, сфаќате дека сте пропатувале околу 3,000 km :drunk:

    Константното вртење на Земјата прилично ги збунувало нашите предци кога се прашувале за вистинската природа на космосот.
    Тие забележале дека ѕвездите, како и сонцето и месечината, се движат над Земјата.
    Бидејќи не можеле да го почувствуваат движењето на Земјата, тие логично го протолкувале ова набљудување да значи дека Земјата е стационарна и "небото" се движеи над нас.

    Со забележлив исклучок на раниот грчки научник Аристарх, кој за прв пат предложил хелиоцентричен модел на универзумот (стотици години п.н.е) големите мислители во светот ја поддржуваат геоцентричната идеја на космосот за многу векови.

    Ама во 16 век хелиоцентричниот модел на Коперник почнал да се дискутира и да се разбира.
    Додека не е без грешки, моделот на Коперник на крајот го убедил светот дека Земјата се врти околу нејзината оска под ѕвездите и исто така се движи во орбита околу сонцето.

    Всушност концептот за теориите на заговор, генерално зборувано, го разбирам како луѓето поттикнати од фактот дека постојат други луѓе кои имаат многу поголема моќ од нив, стануваат параноични и во својот ограничен ум си замислуваат свет во кои тие се всушност помоќните ама од умствен аспект, односно дека не можат да бидат "прелажани" кога во реалноста самите себеси се прелажуваат (facepalm)

    Но да бидам искрена, воопшто и не сум изненадена од ова бидејќи светот е полн со раја која не може да сфати што е навистина важно во животот ...

    Ако човекот не може да направи дистинкција од тоа што е релевантно за време на неговиот ограничен живот а што не, тогаш тој е ништо друго освен еден безначаен дел од случајно составени молекули кој лебди каде и да го дувне универзумот ...
     
    На Antolinaa, Someonespecial, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    elon-musk-elonmusk-19h-em-resposta-a-elonmusk-why-is-there-29449112.png
    flat-earthers-be-like-pluto-neptune-uranus-saturn-jupiter-mars-7891882.png
     
    На Gosh, Antolinaa, +++ и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па истото и со вас. Од 6 години ќе ви велат топка е топка е ќе ви покажат слики не само од Земјата туку и од сончев систем и готово убедени сте топка е. А мене, никој не ме тераше со сила, истражив и сам заклучив дека пологично е да е плоча.
     
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Izvini ama ne isto da istrazis na net I vrz osnova na toa da veruvas koga pred kolku veka Magelan fizicki dokazal bez presmetki I sliki I sl. Veruvam deka se interesni tie teorii megjutoa edno e da islusas I istrazis na net, a sosema drugo nesto e da poveruvas vo istoto.
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Велиш тоа го веруваме поради нашиот ограничен ум а всушност до ова дојде мојот слободен ум. Истражував и заклучив што е пологично а не она што ми го сервира запад. И самата велиш дека со огромна брзина се движиме а ништо не чувствуваме од тоа. Нели е малце фантазија тоа?
    Поставувам прашања за се што се случува околу ти велиш ограничен ум имам, во случајов ти имаш, бидејќи несакаш да прифатиш други опции освен во она што си убедена..
     
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    За тоа има и докази, врти страни наназад ќе видиш. Јас во ова не верувам од бес туку бидејќи има навистина цврсти докази со кои се побива теоријата за Земјата топка, исто така и таа теорија има цврсти докази, во што ќе веруваш тоа е твој избор. Многу има да прочиташ во предходните страни. На пример велат топка е Земјата јас прашувам докази а тие наместо докази се исмеваат со мене, значи кога човек нема доволно аргументи прибегува кон исмевање на ''противникот'' наместо да го докаже својот став.
     
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ne te ismevam megjutoa ako ima dokazi kako moze relwvantni da se I ednite I drugite ? Ne moze toa, ne e licen zivot pa, zavisi od koj aspekt kje gledas, edno nesto ili e fakt ili ne e.
     
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Не чувствуваме движење оти се движи и цела атмосфера заедно со земјината топка. Попросто не можам да објаснам.
    Ова ти е одговор и за теоријата со куршумот и хеликоптерот.
     
    На kikkki, EvAngelos и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Всушност имаше докази и дека е топка, ама тебе ти изгледаа нелогични.

    Смената на ден и ноќ, смена на годишни времиња, помрачување на Сонцето и Месечината... кажи ми зошто овие не те убедуваат дека Земјава не е рамна?
     
    На Gosh, Antolinaa, +++ и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Затоа што тие постојат и можат да се објаснат ако Земјата е рамна.
    Да но тоа е нелогично, како може со толкава брзина да се движиш и да не чуствуваш ништо? Ајде додека сме на копно оди некако но што правиме со леталата, со птиците, со облаците? Како може атмосферата заедно со Земјата да се врти?? Нелогично е навистина.
    Јас стојам зад мојот став, несакам да го негирам спротивното како што тоа го прават повеќето. Уште на почеток имам кажано дека не сум рамноземец туку само истражувам и барам докази. Логични и нелогични работи има од двете страни. А тоа што повеќе одговори на моите прашања дава теоријата за рамна Земја тоа е друга работа.
     
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ne mozes da ne negiras,ednoto pod defolt go isklucuva drugoto.
     
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ако во вашиот случај тоа е така кај мене не. Не сум како некои на форумов да се нарекувам либерален а истовремено да негирам се што е поразлично од мене и моите ставови бидејќи тоа нималну не е либерално. Јас не реков дека теоријата за рамна Земја дека не ја неригра другата теорија. Всушност теоријата за Земјата како топка е направена токму да ја негира теоријата за рамна Земја. Колку е само чудно, ист случај е и со теоријата за еволуција. Доагаат луѓе, се контраат на се велат Земјата е топка или човекот настанал од мајмун и после долги години научници истражуваат и да тоа испаѓа така.. Како е можно? Да не зборувале со Господ?
    Убаво велат србите, систем те лаже. ;) Штом не се согласуваш со она запад што го вели веднаш имаш етикета како фашист, закоравен ум, ограничен, ваков, онаков...
     
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    А истокот тврди дека Земјата е рамна, или? :drunk:

    Уствари, сите „аргументи” кои ти овде ги пласираш се произлезени од декадентниот Запад. :D

    Изгледа дека тебе те лажат западњаците... :devil:
     
    На green.eyes, Lella, DAngel и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.