1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Сонцето било 150 милиони километри оддалечено од Земјата и притоа пушта вакви зраци. :rofl: :rofl: :rofl:
    Ова било логично. (facepalm) Ајде и јас на мајтап да удрам.
    [​IMG]
     
  2. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да се докаже оваа смешна теорија, пошто нејзината веројатност е еднаква на тоа да ви тврдам јас сега дека сум реинкарнација на Клеопатра. Може да се филозофира за милион ствари ама за обликот на Земјата, НЕ, тоа се факти кои се установени и израчунати многу многу одамна.

    Хипотетички еве кога Земјата би била рамна плоча, не би постоеле часовни зони, не би имало годишни времиња,не би имало помрачување на Сонцето и Месечината, идемо даље. Кога на северниот пол е ден, на јужниот е ноќ и обратно, на Екваторот цела година денот и ноќта трајат по 12 часа, потоа, сите би ги гледале истите созвездија од било која точка на Земјата. Сето ова е невозможно на рамна плоча, туку на топка и точка! Просто ко пасуљ. Не треба да си Ајнштајн за да го свариш сето ова. Логиката е на наша страна, поздрав flat earthers.
     
    На candy.cane, najjacha, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.977
    Допаѓања:
    54.967
    Пол:
    Женски
    Да, пошто ако не беше толку немаше ни да постоиш сега. Изгледа не знаеш колку многу Сонцето е поголемо од Земјата.
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ако е толку далеку може да ми објасниш зошто зраците изгледаат вака а не се паралелни? Ниту верувам дека е толку далеку ниту дека е толку големо..
    [​IMG]
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    ^ Ако сакаш прочитај го мојот пост од погоре и кажи ми како според тебе е можно сето тоа а да е производ на рамна земја. Мани се настрана од теории за заговор и квази организации за перење пари и со ладна глава одговори те молам.
    Морнарите уште пред стотици години знаеле дека земјата е топка, заради тоа и служат јарболите на бродовите, за да се види друг брод од далечина, пази кои умови, за да ти денес во 21 век преиспитуваш при изобилство од информации. И уште едно прашање дали некогаш имаш летано со авион ?
     
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Зошто да го читам твојот пост кога велиш тоа и точка. Не оставаш простор за дискусија туку сакаш сите да веруваат она ти што го веруваш. Има милиони докази кои го тврдат спротивното од твоето така да нема да се тргнам. И двете се теории, изборот е наш во која ќе веруваме. Незнам што е тука перење пари и мозок, ај нека ти текне зошто уште од мали носе ни трубат дека земјата е топка?? Затоа што најлесно е да излажеш дете, потоа цел живот контролирајго. Има стотици експерименти направени на вода со ласери и мерења, нема никаква закривеност. Затоа што сме 21 век затоа преиспитувам, истражувам и не верувам само во она што ми се сервира. Имам летано со авион, баш тоа ме натера да истрањувам бидејќи не се гледа никаква закривеност од таа висина.
     
    На carangigia и Abeja им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Vitaly те молам оди поучи малце физика, па после дојди прави се паметен со „доказиве"
     
    На lovestonedd и DAngel им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Добро, а со температурата што правиме? За нас цел разумен свет што верува во наука, Сонцето само на површината зрачи температура од околу 5 илјади степени целзиусови, што нормално кажува нешто околу тоа на колкава далечина треба да биде за да останеме читави. Колку изнесува таа температура според вас рамноземците? :drunk:
    Цела нова наука е ова луѓе, не е шала :D (facepalm)
     
    На Tan4ence, kikkki, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Бреј, извини ако те навредив паметна. Блескаш од интелигенција и виртуелно дури. Ај ако те интересира темата дискутирај ако не сиктер имаш стотици други теми.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Е да бе 5 илјади степени. Шо да не бил некој таму термометар под мишка да му стави на Сонцето :D И ако е толку жешко, како отишла таа медицинската сестра да му измери температура? Зарем нема да изгори? Ок, освен ако не отишла навечер :drunk:
     
    На Lella, kikkki, Briar Rose и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Лелеее се изнасмеав, од столче паднав. Ај канта мислењево.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Земјата не постои и ние не сме на Земјата. :!:

    Зашо мислите дека сме на Земјата ? - Така не лажат нас од мали затоа што најлесно е да излажеш дете.

    Офф а вие се расправате дали е топка или рамна плоча.

    Wake up hoomans !!
     
    На candy.cane, Primadonna, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    @Vitaly

    Друже, абе те читам во темата каде даваш базични информатички информации, копаш крипто валути, се инфилтрираш по чет соби за разменувања искуства, а потоа те читам овде и добивам впечаток како сосема друга личност да ги пишува постовите. И тогаш се прашувам, како е можно човек кој има солидна интелигенција да верува во олку теории на заговор и да зборува дека е Земјината топка рамна? И даље го чекам моментот кога ќе речеш дека тролаш, иако некаде длабоко во себе се повеќе имам чувство дека тоа нема да се случи.
     
    На kikkki и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Tопка која се врти околу својата оска
     
    Последна измена: 21 март 2018
    На RoseRain му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Primadonna, PiaMia, kikkki и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Што толку се мислиш?
     
  17. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Ме збуни малце, а воедно и просветли. :!: :angel:
     
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ова не е крипто валута или информатика, ова е сосема друга тема. Не заборавај дека и двете се теории не е само ова со рамна Земја. Нелогични и логични работи имаат и двете, ваше е во што ќе верувате во случајов вие сте убедени. Не тролам и го кажувам она што го мислам и сметам дека е добро за мене.
    Неможам да верувам во нешто кое прво се појавува како предпоставка па после долги години одат во вселената и да навистина така е топка била а нема ниту една античка цивилизација која ја прикажува Земјата како топка туку сите ја прикажуваат на сличен начин тоест рамна и со свод одозгора, истко како што е опишано и во Библијата. Истиот случај е и со теоријата за еволуција. Се појавува човек, вели луѓето еволуирале од мајмуни или од заеднички предок, и по неколку години се вршат ископи и да навистина така..
    Не верувам дека ќе ме натера или разубеди некој да верувам во овие глупости..
     
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Vitaly дали античките народи имале Интернет? Дали дискутирале вака на форуми? Дали имале воопшто некаква технологија?

    По твоја логика, Америка на постои јер античките народи не знаеле дека постои и картите кои тие ги користеле се многу поразлични од оние денес. Дали не треба да ги користиме картите и да веруваме во постоењето на Америка јер античките народи не ја нацртале на нивните карти?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Баш поради тоа што те не биле поврзани, немале интернет, немале ништо а сепак формата на Земјата ја прикажувале на скоро ист начин тоа е она што ни создава прашања во главата.
    Инаку да одредени цивилизации имале сигурен сум во тоа. Египетските пирамиди сеуште не се знае како се изградени, во нив исто така се пронајдени батерии. На хероглифите може да се забележи слики од ракети, разни летала, модерни оружја и слично.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.