1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Друга е причината зошто паѓаат под агол овие зраци. Ако одиш по логиката на рамноземците и ги продолжиш зраците нагоре, ќе излезе дека Сонцето е веднаш зад облаците т.е. на висина од околу 2км. Нека се и 10км и 20км. Ако Сонцето навистина беше толку ниско, тогаш ние немаше да можеме да го видиме кога тоа е над Америка така? Замисли огнена топка 2км над Њујорк кој е 7500km од нас, дали би се гледала кај нас?
    Но сепак, кога во Њу Јорк е 10ч, кај нас е 16ч и Сонцето го гледаме во иста големина така? Тоа не би било можно според Flat Earth моделот.
     
    На buba4e89, sparklie, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  2. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Земјата многу нормално има елипсоидна форма ... како што се и сите други планети во нашиот систем . Бидејќи ме интересираат вакви работи ќе почнам од почеток. Прв доказ за тоа е месечината. Докажано е дека кај Месечината за време на месечевите мени за кои сите ме учеле се појавува сенка (тука земјината орбита има место точно меѓу сонцето и месечината ) и е докажано дека тие сенки имаат кружна форма и сенките и припаѓаат на Земјата што е прв доказ за елипсовидна форма.
    Иако имаме разлики со другите планети , по други карактеристики меѓу кои е и формата сме слични како што е формата на сите други планети таква е и на нашата.
    Трет доказ е часовни зони, затоа и постојат земјата да беше рамна моментално секаде ќе беше ден а немаше на пример во Америка сега да е ден.
    И последно центар на гравитација...
     
    На kikkki, mode-kristina, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2017-06-21-02-37-18.png

    Прогуглај и што е призма, и од што е составен зракот, видлив дел од спектарот, невидлив дел, прекршување, одбивање, атмосфера... може ќе ти текне дека и тоа си учел, ама не си обрнал доволно внимание.
    И не, не се зема сè што гледаш здраво за готово, или ако сакаш да ти објаснам и анатомија на око и зошто гледаш како што гледаш? Очите лажат, а науката нема директна врска со нив. Да беше така тогаш секој со очи на глава би имал свои теории и теореми и што ти не, и знаеш што - никој не би бил во право.
    Мислам океј, некои теории на заговор се интересни, ама мораш и сам да признаеш дека ова е чиста глупост.
    За крај, топло ти препорачувам да погледнеш и некоја епизода од Genious на Stephen Hawking, многу работи (научно докажани!) можеш да научиш, наместо да си го губиш времето на вакви бесмислици. :)
     
    На kikkki, mode-kristina, Elen4e_sonce и 7 други им се допаѓа ова.
  4. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Извини вака малце оф топик но каде може онлајн да ги гледам епизодите од Genius ... ретко кога сум во можност на NG да гледам :D?
     
    На mode-kristina, buba4e89, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Извини, за онлајн појма немам пошто јас не гледам ништо онлајн, туку симнувам. Ако ти врши работа, со торент од овде може да си ги симнеш :D
     
    На buba4e89 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ахх има нешто штом милиони луѓе веруваат во тоа колку и да имаме докази ние дека не е така, не би рекол дека е бесмислица. Дел од хакерската група Анонимуси беа рамноземци незнам како точно се викаа. Такви луѓе не верувам дека од бес би се залагале за такво нешто.
    Нешто им е логично нешто пак сосема не. Се надевам ќе ми се разјаснат и мене некои работи бидејќи сеуште некои прашања ми останаа енигма и од двете теории бидејќи не најдов соодветен одговор.
    Очите лажат не е се како што гледаме, но барам одговор на тоа што го гледам а не она што го вели некој кој стекнал популарност и го величи огромна бројка на луѓе.
     
  7. darko clash

    darko clash Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    191
    Моцарт кугла, е*ате. Топка пишал.
     
    На buba4e89 и marija305 им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Имаше еден гиф за смена на ден и ноќ според рамниземците. Наводно Сонцево е ниско поставено и кружи над плочата притоа осветлувајќи само еден дел во одредено време, само не можам да го ставам.

    Многу ме интересира што има на работ и дали ако одам со брод ќе паднам од тој раб, или ако летам со авион ќе отидам во вселената.

    Патем, Русија и Алјаска се многу блиску, преку источна страна на Русија, има и слики од тоа место. Ете еден рамноземец нека отиде до било која од овие страни, да покаже каде завршува плочата.
     
    На mode-kristina, buba4e89, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.574
    Допаѓања:
    78.953
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш сонував дека Земјата е рамна, сега гледам дека има такви теории... Is it a sign?!
    Се шалам. Не верувам дека е рамна Земјата. На Интернет има секакви информации, теории, чуда на кои не треба да се верува. Добро, не е за осуда и исмевање некој да се замисли околу тоа. Има отворени умови кои сакаат да истражуваат. Но - @Vitaly како што постои злото против доброто, така постојат и лажни теории измислени за да не оттргнат од вистината.
    Нема потреба да поставувам слики, на Гугл ги има еден куп, Земјата сликана од вселената каде се гледа нејзината форма всушност. :)
     
    На Vitaly, blackwave и Victorian им се допаѓа ова.
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Ме интересираат вакви нешта и сакам да ги читам. Ама често немам коментар, ниту пак знам во што треба да верувам, а во што не. Така да ќе си останам на своето и на она што сум го учела на школо.
    Па сега била таква или ваква исто ми се фаќа.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    На времето еден стар човек, татко на поранешен политичар и бизнисмен, стоејќи на автобуска ми раскажуваше дека Земјата е рамна плоча. Ми беше смешно тогаш, а и денес. Одиш, одиш, одиш се е рамно :) Вакво предавање добиваа сите кои било каде во населба ќе прозбореа со стариот. Истиот беше на потсмев и репер за глупав човек.
    (спомнав чиј татко е, затоа што баш поради тоа исмевањето беше уште поголемо...демек син му политичар, голем човек, а он уште мисли дека Земјата е рамна плоча)
    Тоа што очите го гледаат, има ли причина да се преиспитува?
    Гледајќи го хоризонтот, гледаме дека Земјата е заоблена.
    За разлика од нас, астронаутите најубаво гледаат какова е формата на Земјата.
    За наша среќа, споделени се фотографии од истата.

    Да бидам искрена, немам прочитано ни збор за другата теорија, затоа што знам дека „шеќерот е благ'' и не се замарам, ниту сум поттикната да размислувам за нешто што е видено и докажано.
    Од видеото поставено на првата страна, јасно се гледа дека Земјата НЕ Е рамна плоча.

    Вие што верувате во другата, рамна теорија, гарант си имате слика дека ние сме од горната страна, а
    @bittersweet наопачки оди :lol:
     
    На kikkki, buba4e89, Antolinaa и 14 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.048
    Пол:
    Женски
    Најинтересни ми се теории на заговор за читање, па така имам доста читано и за оваа. Што ми е најинтересно за теории на заговор е тоа дека се така направени, што ако некој се обиди да ги пробие, кај тие што веруваат се зацврстува вербата сметајќи дека и тоа уверување е дел од теоријата на заговор. :lol:
    Прв пат кога наидов на ова, прво нешто кое ми падна во очи е дека нас не лажат, дека Земјата е рамна, и НАСА оди против сите нас. Тоа ми беше многу нелогично, а обичното објаснување од нивна страна гласи: „Ова започна за време на Студената Војна кога во кои СССР и Америка сакаа да се победат во поглед на успесите надвор од Земјата, до степен да ги лажираат нивните достигнувања, во обид да бидат во чекор со достигнувањата на противникот. После Студената Војна, оваа теорија на заговор веројатно е поддржана од алчност, а не за политички постигнувања ---
    А према овој линк, сите теории на заговор се поврзани во едно кој објаснуваат зошто НАСА би лажела дека Земјата е кружна, па се почнува од Германија за време на Втората светска војна и Католичката црква кои и имале слични интереси и сакаат да воведат нов светски поредок, и од тука муабетот тргнува кон илуминати и ред други теории на заговор. :wasntme:

    Према линкот од првата страна, каде што е цитатот.
    Земјата е во форма на диск со Северниот пол во средината и Антарктика како ѕид околу краевите. Овој е генерално прифатен модел од сите членови кои го поддржуваат ова. Земјата е заградена од сите страни со мраз, кој го држат океанот внатре (неможам да не прокоментирам, ама се надевам дека веруваат во глобално затоплување зошто ако се стопи мразот останавме без вода :lol: ). Сметаат дека до сега никој нема поминато после замрзнатиот ѕид за да кажи што има на другата страна.
    Еве како сметаат дека изгледа Земјата:
    [​IMG]
    Сметаат дека денот и ноќта се многу едноставно објаснати за рамна земја.Сонцето се движи во кругови околу Северниот пол. Кога е над двојата глава е ден, кога не е - е ноќ.
    Кога сонцето е подалеку од Северниот пол, е зима на северната хемисвера. Еве сликите кои ги имаат предложено:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Исто така, сметаат дека силата позната како гравитација - не постои, или барем не постои во форма во која ја знаеме. Да не преведувам се, предлагам да се отвори првиот линк кој го ставив во темата ако ве интересира нешто повеќе во врска со нивните верувања и зошто Земјата сметаат дека е плоча.
    Од друга страна има луѓе кои се обидуваат да го пробијат ваквото размислување, но како што кажав погоре - ако некој кој верува во теорија на заговор и тој некој го убедуваме дека во тоа што верува не е вистина, тој само би верувал поќе сметајќи ова што го зборуваме за дел од теоријата на заговор. Но, ми се допаѓа дека ете некој, посветил време да кажи зошто смета дека Земјата не е рамна. На линков, ги објаснува ветровите и зошто се какви што се, поради формата на Земјата и дека доколку би била рамна, не би биле такви. Исто така дека доколку Земјата би била рамна, и према гифчето од погоре, дека еден дел од планетата ќе гледа друга страна на Месечината и ред други работи.

    Накратко, јас не верувам во ова, ама ми е крајно интересно да читам, не само оваа туку и многу слични на оваа теории на заговор. Единствена рамна Земја во која би верувала е:
    [​IMG]
     
    Последна измена: 21 јуни 2017
    На Antolinaa, JollyGirl, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Земјата е теоретски елиптичен геоид, но практучно таа е округла како топка. Разликата помеѓу екваторијалниот и поларниот радиус е само 21км што споредено со средниот радиус (6371км) е само 0.3%.
    Замислете една топка за на плажа која е широка 1 метар, а висока 0.994 метри. Ќе приметите дека е малку сплескана со голо око? Не. Исто и со Земјата.
    Секако водата е таа што има порамнето многу океански басени кои, доколку ја нема водата, ќе изгледаат како големи дупки низ планетата.
     
    На Elen4e_sonce, Lianna Anna, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Најлесен доказ за заобленоста на Земјата е набљудување на многу далечни објекти во морето. Уште старите морнари увиделе дека кога далечен брод се приближува, прво му се гледа врвот, а дури потоа целиот брод. Или пак кога ќе се качеле на некој рид близу морето, можеле да видат број кој од плажата не се гледа.
    Најлесен локален експеримент може да направите во Охридско езеро. Летоска бев во хотел Десарет (Пештани) кој е качен на мало брдо над плажата. Од балконот на Десарет убаво се гледа Струга, додека од плажата речиси ништо од Струга не се гледа. Навечер тоа е уште повеќе забележливо заради осветлувањето на Струга и воопшто не ви треба ни двоглед ни ништо за да забележите како светилките исчезнуваат како што се симнувате по скалите надоле кон плажата.

    [​IMG]
     
    На Antolinaa, Annath, Elen4e_sonce и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не знам, ама јас верувам дека желка ја носи земјата на својот грб. :D
     
    На buba4e89, *Amethyst*, Avery и 4 други им се допаѓа ова.
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    @theowndemon ѕид од мраз велиш, а? Хмм, интересно. Се прашувам што не чека отаде...

    [​IMG]

    За тоа со гравитацијата не ни сакам да разговарам. Бидејќи сум медицинар, најпрост пример за гравитација кој секој ќе го разбере. За да се пресмета колкав дел (%) од крвта се оформени елементи (клетки) а колкав дел е плазма (течниот дел од крвта), се зема малку крв во тенко цевче кое се става во апарат кој функционира на принцип неколку илјади вртежи во минута, со сила од неколку илјади G (гравитации), без магнетна сила и сл. По неколку минути се вади цевчето и се гледа дека оформените елементи (кои нели, се потешки од плазмата) се исталожиле на крајот од цевчето (долниот дел) кое било поблиску до центарот на апаратот (во метафорава сме ние елементите, а апаратот е земјата).
    Ете затоа сме залепени за земјата. Има врска со нашата тежина, и со гравитациската сила на земјата. Инаку зошто птиците може да летаат, а ние не? Или да не се земаме ние пошто ете, сме преголеми, ама зошто птиците може да летаат, а мачките не? Џабе би им биле крилјата на птиците доколку коските не им се изградени така како што им се ('шупливи') за да можат да и пркосат на гравитацијата и да се кренат од тлото (према погорнана метафора - од центарот).
    Исто е и со астронаутите кои лебдат на 0 G во вселената, а исто е и со нуркачите и подводните работници кои го чувствуваат притисокот во длабоките мориња и/или океани каде има многу повеќе G за разлика од површината (на површината G е 9.8 m/s2, нагоре опаѓа, надолу се зголемува).

    @Vitaly ама јас тебе навистина не знам како да ти објаснам. Бараше докази, ти давам, велиш дека не ти се доволни, и повеќе сакаш да веруваш во рекла казала? Епа верувај дека не е битно кој се залага за нештото кога истото не е точно и е само една огромна глупост. И како тоа веруваат сите слепо на нешто што некој кажал дека е точно од „популарност“ бре? Значи сите научни сознанија низ вековиве биле стекнати од популарност, а? Само така им паднало на памет, си измислиле нешто, а другите рекле „ај ќе го послушаме баткава види колку е популарен“? Не било отсекогаш ова време во кое гз се продава за лајк и таа пуста популарност. Па само колку од најголемите научни умови низ времето биле под голема опресија и исмевани и никој не им верувал, само за постхумно, по многу минато време, да се утврди дека биле во право. Ти мешаш наука со баби и жаби. Веќе кажав, некои работи е убаво и паметно да се разгледуваат и преиспитуваат, но други се крајно глупави.
    Ајде ако нѐ да не замислат и сите психијатриски пациенти со тешки психози кои живеат во свој свет - штом ете тие гледаат нешто посебно, зошто не би било точно?
    Или да се замислиме поради онаа мариовскана госпожа која зборува со не еден, ами дури три лица на Господ, од кои сите имаат забегани имиња (Фати Нуни Нус и слични на нив, само на ова ми текнува), и со кои нашла 118 планети и на сите се зборува македонски јазик. Зошто и тоа да не е точно?
    Или најпрост пример: доколку олку лесно дозволуваш да потпаѓаш под влијанија и да ти се разнишува вербата во сѐ само зошто некој друг мисли поинаку, утре некој злобен комшија ќе ти рече: „абе жена ти ја гледам кога не си дома те изневерува“. И ти што ќе правиш - ќе веруваш во неа и во твојата верзија на вистината, или ќе си речеш зошто па да не може да е во право комшијава и ќе почнеш да и го проверуваш телефонот додека не гледа, да ја следиш итн.? Знам дека е многу глуп примеров ама врти-сучи исто ти се фаќа, и во примеров има спротивставени мислења и две верзии на вистината, како и во темава.

    Ете @EvAngelos ти дал и убав пример за тоа како ги гледаме нештата од различна висина. Не ти доаѓа малку логично дека ако сме на тепсија сѐ ќе е рамно пред тебе, и нема да гледаш како постепено нештото се приближува (примерот со бродот од кој прво се гледа јарболот, па се појавува цел брод)?
    И ти кажав, не можеш да бараш објаснување за она кое ти го гледаш зошто сите гледаме различно, а анатомијата на окото е пресложена и дури да го видиш ти нештото поминува долг процес на смалување и разложување и превртување и праќање сигнали и пак вртење и зголемување итн., и тука е вклучен и самиот мозок, не само окото, а сечиј мозок (фала Богу) е различен.

    Напишав цел роман и на крај смешно ми падна што се замарам да објаснувам најпрости работи за една ваква глупост. И за крај, прашање: што ако ние воопшто не постоиме, туку сме дел од некоја Симс игрица на некое рандом вонземјанче? Ете ви следна тема :drunk:
     
    На kikkki, Antolinaa, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.048
    Пол:
    Женски
    Денес неможев да најдам за што мислат за гравитација. Еве се обидувам да не правам шеги, ама формата на гравитација во која веруваат за која имам читано е смешна. Ама дур читав утрово на првиот линк, е поставено прашање "Како ја објаснувате гравитацијата?" И одговорот е онака директен - не постои.
    Тоа бар мене ми зборува доволно за, сериозност да би рекла, на ова теорија, движење или што и да е.
     
    На *Amethyst*, zhap4e, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    26.867
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Кога пред некоја година се актуелизираше феноменот за рамна Земја, прво не поверував дека постојат луѓе кои сериозно веруваат во ова. Потоа, на мое жалење, сфатив дека навистина постојат. За на крај да се шокирам од тоа колку од нив се луѓе кои завршиле основно, средно, па и високо образование.

    Но сега сфаќам дека вината не е во нив, туку во нашето образование. И не мислам дека образованието е криво во смисла дека на ниту еден час, по ниту еден предмет, не сме учеле дека Земјата е топка – напротив, сите сме го учеле ова, повеќе пати во текот на образованието. Мислам на тоа на каков начин им се презентираат податоците на учениците. Е, тука е проблемот.

    Убавината на природните науки и на математиката е во тоа што речиси ништо не мора да се учи на памет – сѐ што е сложено може да се изведе од нешто попросто, за секоја појава постојат законитости кои за неа важат, зад секое тврдење постојат докази.

    Арно ама, повеќето наставници и професори ги ставаат природните и општествените науки во ист кош и на своите ученици новите знаења им ги презентираат во вид на факти, работи кои мора да се запамтат. Односно, се учи дека нештоетака, без да се објасни зошто.

    Така е и со формата на Земјата.

    Во школите нѐ учат дека Земјата е топка, без ниту една трошка информации од каде тоа произлегува и врз основа на што се донесени таквите заклучоци. И не само тоа, туку и нѐ учат на доста погрешни работи, како на пример дека Кристофер Колумбо случајно ја открил Америка, затоа што патувањето го базирал на претпоставката дека Земјата е плоча, а не топка, како и дека Магелан бил првиот што го докажал тоа со својот пат околу светот.

    Всушност, луѓето знаеле дека Земјата е топка уште од времето на античка Грција, а Ерастотен дури успеал и да ја пресмета обиколката на Земјата во 240 п.н.е., и тоа со грешка помала од 5%. Магелан успеал само експериментално да го потврди она што веќе најголем дел од неговите современици добро го знаеле – дека Земјата навистина е топка. Да се каже дека Магелан „открил“ дека Земјата е топка е исто како да се рече дека Нил Армстронг „открил“ дека Месечината постои.

    И иако многу луѓе денес знаат, т.е. се убедени во фактот дека Земјата е топка, повеќето не знаат зошто е тоа така. Всушност, мнозинството не знае ни зошто постојат годишните времиња – најголемиот дел од луѓето мисли дека тоа се должи на земјината близина, односно оддалеченост од Сонцето (вистинската причина е закосеноста на земјината оска на ротација, инаку :)).

    Тажната вистина е дека најголемиот број податоци од природните науки со кои располага просечниот човек на него му се пренесени во вид на сувопарни факти, а не како теории и хипотези кои се засновани на докази, логика и здрав разум, кои лесно можат да се проверат и докажат.

    И така, од едната страна имаме незаинтересирани и досадни професори, а од другата – интелигентни, харизматични и убедливи интернет ликови – јутубери, блогери, итн. Луѓе кои презентираат листа од 100 и нешто докази (циркулираше ваква листа низ интернетов едно време) во прилог на тезата за рамна Земја, снимаат видеа и документарци, пишуваат и дискутираат на форуми.

    Ако земеме во предвид дека просечниот човек не знае ниту еден доказ за тврдењето дека Земјата е топка, листа од 100 „докази“, и тоа навидум убедливи и рационални докази, која го тврди спротивното, односно дека Земјата е рамна, не е воопшто тешко да се поверува дека некој ова ќе го сфати сериозно. Ако се додаде на тоа природниот порив на секој човек да верува во теории на заговори, како и потребата да се биде поинаков, попаметен, нешто повеќе од дел од стадото, да се биде дел од тесен круг на познавачи на вистината – ги добиваме современите поддржувачи на рамната Земја.

    И ова не се однесува само на тезата за рамна Земја – во последниве години сме сведоци на зголемен тренд на верување во сѐ и сешто – имаме луѓе кои веруваат дека Земјата е стара само 6000 години, луѓе кои не веруваат во Холокаустот, луѓе кои не веруваат во слетувањето на Месечината, луѓе кои не веруваат во глобалното затоплување, итн.

    А ова се должи, барем делумно, на незаинтересираниот, сувопарен и фактографски однос на образованието кон науката. Луѓето се тераат да учат напамет работи кои не ги сфаќаат, често пати и работи кои се (навидум) нелогични или во спротивност со она што ни го кажуваат нашите сетила.

    И сѐ додека ова не се смени, се плашам дека не само што ќе постојат луѓе кои ќе веруваат во ствари како рамна Земја, туку и нивниот број ќе се зголемува.
     
    На Antolinaa, Annath, 1209 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    @Vitaly Еве ја Струга од терасата на хотел Десарет:
    [​IMG]


    Еве ја Струга сликана доле од плажата, со истата камера и истиот зум:

    [​IMG]

    Во вториот случај Струга се наоѓа зад хоризонтот и не се гледа токму поради заобленоста на Земјата, а со тоа и водата на неа.
     
    На kikkki, x.Daisy.x, Antolinaa и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.