1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Исто така има мерења кои докажуваат дека земјата е плоча.... И не е носена на китови, жаби или желки не е ова цртан филм да не фантазираме до толку.
     
  2. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    17.989
    Ај дај да ги видам. Ме интересира. Изгледа џабе факултет завршив.

    Во заблуда е цел свет, освен 1-2 илјади со вакво мислење ко твоето.
     
    На kim.k, Victorian, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Галилеј на излез од судница на инквизицијата рекол ,,сепак се врти“ за после 400 години да постојат луѓе со пристап до образование што мислат дека ,,колку што е вистина дека Земјата е топка толку е вистина дека Земјата е плоча“... #тажно
     
    На Annath, Elen4e_sonce, kim.k и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па и во ништо не треба да сме сигурни додека не видиме со свои очи, јас така мислам. Тоа мислам дека е најуверлив доказ за било што.
    Јас отворив тема, да дискутираме, да кажуваме свои мислења а не да делиме памет тека туѓото секогаш греши. Незнам каде виде дека плукам? по што плукав во темава? Темата ја отворив за секој кој сака да чита и пишува во неа се што е поврзано со неа а не да ми дели памет и да пишува претпоставки зошто сум ја отворил темата. Ти слободно прави го тоа но е надвор од темата, ако има нешто пиши во соодветна тема или приватна порака. Ако одиме во насока дека ништо не е сигурно треба да разгледуваме теории кои имаат логични факти или докази а не китови, жаби, желки...
     
    На Olgica.bu му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Да учеше на факултет дека Земјата е плоча и сега ние кажувавме дека Земјата не е плоча ти пак ќе го пишеше истово. Сите можеме да научиме нешто што ни е сервирано но треба да се запрашаме дали и колку е тоа вистинито. Се надевам ме разбираш што сакам да ти кажам. и не се 1-2 илјади туку неколку милиони се.
     
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не се сите луѓе како Галилеј, не се сите луѓе како мене, не се сите луѓе како тебе или било кој. Сите имаат различен поглед и мислење, човечки е да се сослуша и испочитува наместо да се смета за ''тажно'' и ''ненормално'' се што е поразлично од својот став.
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    За ова со очиве... Јас еднаш имав парализа во сон и ми се појави чудовиште. Со свои очи го видов де. Има луѓе кои се колнат во животот дека го виделе Бигфут, Неси, вонземјани и останати работи. А и ти ако примиш соодветни ступстанци ќе почнеш да гледаш разни работи. Кога гледаш циркус, кога кога возиш автомобил... имаш оптички илузии насекаде, така што, не, окото не е најверодостоен извор на докази.

    Небитно, spare me од овие муабети за различни мислења, колку побрзо сфатиш дека во некои области нема простор за мислења толку подобро.
    Китот и желките всушност се теории кои имале логика, барем во древните времиња. Кога имало земјотрес, сосем логично било нешто одоздола да ја тресе Земјата, како рогови на бик. Со развитокот на времето се појавиле други логики, кои држеле повеќе вода од тие за бикот. И логично е да ги прифатиме вториве, затоа што имаат поголема веројатност да бидат точни.
    Е сега ти ако сакаш бунтовнички да одиш со глава в ѕид, никој не може да те спречи.

    Работава е како да велиш:
    - Два и два се пет.
    - Ама чекај не се пет...
    - Fuck off, имам свое мислење, не можеш ти да ми го переш мозокот.
     
    На Gosh, Annath, Kitten и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Расправаме и разглобуваме теории како да се работи за планета која е 18384939 светлосни години оддалечена, а не онаа на која живееме и за која самото секојдневие нуди докази. (facepalm)
    Јас пак им се чудев на луѓе кои мислат дека сме настанале од Адам и Ева...а имало и бетер.(facepalm)
     
    На Kitten, kim.k, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  9. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    135
    Теорија не е исто што и размислување. Идеја не е исто што и докази.

    Јас како што ја гледам темава како се развива, секогаш кога некој ги прашува Flat Earthers за докази односно објаснување, одговорот се сведува на тоа "постојат докази". Епа нека седне некој од истомислениците нека објасни со истражувања и параметри, па што знаеш може ќе поверуваме дека навистина е рамна.

    (Каде што истражувања не се "сум слушнал", "сум видел на телевизија" или "зошто на сликава изгледа дека земјава е рамна". Еден цитат е доволно за да вреди да се дискутира темава.)
     
    На Kitten, Elen4e_sonce, Tan4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  10. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    135
    Иначе не ми текна порано да напишам, на тренинзи за дебата всушност секогаш се почнуваше со вежбање на тезата #Земјата е рамна# и ако успееш некој да убедиш дека е рамна, значи дека си напреднал во говорот и конструкција на аргументите. За жал Flat Earthers премногу сериозно си ја сфатиле работата.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    Да, да не фантазираме до толку, убаво си кажа... Доста е фантазијата дека земјата е плоча. Барем си призна дека фантазираш :D
     
    На Antolinaa, Someonespecial и crimson им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Flat Earthers веруваат дека Земјата е плоча а не дека е плоча носена на китови или желки. Што сум признал јас?.
     
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Како што има докази дека Земјата е топка исто има докази дека и Земјата е плоча. И од двете страни има видеа, слики, експерименти, мерења, факти... Само работата е која страна ја кажува вистината.
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    Дека фантазираш, ама со усул... Хаха
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Сепак, има мала разлика - има докази дека Земјата е топка и има тврдења дека е рамна.

    Ако навистина те интересира темава, разгледај ја страната за Flat Earth на rationalwiki - некој се потрудил да ги објасни сите "аргументи" за рамна Земја и да покаже зошто секој од нив е погрешен, неточен или лажен. :)
     
    На Annath, Antolinaa, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Сите ρаботи тρеба да се пρифатат со сомнеж, лагата не може да се κажува долго. Ме интеρесиρа зошто антаρκтиκот не го истρажуваат зошто, сигуρно има огρомни ρезеρви нафта и злато и κојзнае што уште. Многу ρаботи се недоρечени. Фаκти има и на едната и на дρугата стρана дали земјата е плоча или тρκалезна. Аκо κажам што пρочитав по интеρнетов, еден човеκ твρдеше деκа сите богати луѓе. и имиња κаκо Ρоκфелеρ, Κаρнеги и дρуги биле вонземјани гуштеρи и за нив сите што биле луѓе биле стоκа за κолење. Ајде де, κому да веρуваш. А за тоа дали земјата е ρамна или плоча има аρгументи и на двете стρани. Еве и јас тоа го учев во шκоло деκа земјата е топκа, исто таκа учев деκа на овие пρостоρи дошле словените во 7 веκ а за античκиот пеρиод ништо ама сеκогаш знав деκа сум античκи маκедонец, а то а ниκаде не го учев, Саκам да κажам не е сето вистина што го учиме на шκоло, можеби има нешто и во тоа твρдење деκа земјата е плоча.
    Аκо сум оф топиκ слободно избρишете ме.
     
    На Kolumbo, carangigia и Vitaly им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Најјак доказ што еден рамноземец ми го изложи беше тоа дека кога ќе ставиш вода во чаша и површината на вода е рамна, а не заоблена :) Шах мат бејби! :)
     
    На kikkki, Matotheja, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Очигледно не чул за површински напон. :D

    [​IMG]
     
    На Annath, Antolinaa, Elen4e_sonce и 5 други им се допаѓа ова.
  19. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    135
    Јас до некаде се согласувам со тебе. Но, тоа што се обидувам да кажам е дека некој треба да седне и да ги напише тие докази и тврдења, па дури и на форумов, па убеди ме.. Јас со обично пребарување на интернет наидувам само на слики, форуми и некредибилни тврдења па и докази.. Можеби нешто некаде е пропуштено, секако, не само од мене туку и од големиот број на научници кои идејата за рамна Земја ја исмеваат. И затоа апелирам некој навистина да укаже на тие мерења, експерименти и слично. Како што кажав и претходно, ако е измерено килограми треба килограми да видиме односно ако е измерено дека е рамна да ги видиме и тие пресметки.. Апелирав погоре за цитирања од научни истражувања, поправи ме ако грешам, освен слики ништо друго не е посочено..
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    135
    Не се недоречени. Не можеш тврдење туку така да претвориш во теорија. На пример,
    да претпоставиме дека Рокфелер, Карнеги се гуштери. За да не треба факти да прифаќаш со сомнеж, доволно е да провериш преку методи, днк или што и да е потребно дали навистина се гуштери.

    Точно, има аргументи на двете страни, но што може да се утврди и провери е сосема друго нешто. Да претпоставиме првин дека навистина си антички Македонец. Нека биде тоа и твое верување дека таа хипотеза може навистина да се прифати. Направи тест што е потребен тоа да го провери и врати се со доказ што ќе ја прифатат или отфрлат хипотезата дека си антички Македонец. Во случај дека навистина си и според твоето верување и според доказот во ред. Ќе се согласиме сите дека тоа е така. Но, ако доказот не го покажува тоа, а твоето верување е дека сепак си антички Македонец, нема да те направи навистина да бидеш. И нема да постојат докази што ќе ја поткрепат твојата идеја.
     
    На Annath, theowndemon и Vitaly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.