1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Рамноземците обично ја окривуваат NASA, демек таа го излажала целиот свет дека Земјата е топка. Сепак забораваат или можеби не знаат дека и многу други земји (надвор од САД) имаат вселенски станици и обсерватории, и тие имаат лансирано ракети и проби низ планетава, Месечината, па дури и до Марс. Меѓународната вселенска станица (ISS) се вика „меѓународна“ баш затоа што повеќе вселенски станици од различни земји учествуваат во нејзината изградба и ја користат.
    Значи во тој „мистериозен заговор“ би требало да влезат сите вселенски заедници од цел свет. И не само тоа, туку и сите авионски компании, бидејќи и авионите во своите траектории и те како ја земаат предвид заобленоста и ротацијата на Земјата.
    Или што правиме со сите оние авиони и бродови што прават екскурзии до Јужниот пол т.е. онаму каде што рамноземците веруваат дека постои 60-метарски ѕид од мраз што ја држи водата од океаните да не истече надвор од плочестата Земја :D (модератори се извинувам за смеењево ама ова не се издржуе :)

    Понатаму во овој заговор треба да влезат и многу образовните системи, па дури и министерството за одбрана на САД кои првично ги инсталираа GPS сателитите за воено-одбранбени цели.
    Размислете дали сите овие илјадници луѓе и организиции би можеле да ја чуваат оваа тајна со децении и децении.

    И најироничното од се е тоа во овој заговор би морал да влезе и Google кој ги има Google мапите на цела Земја и кои исто така прикажуваат округла Земја. Велам иронично, затоа што целата Flat Earth пропаганда се шири преку You Tube кој пак е дел од Google коорперацијата :)
     
    На theowndemon, Annath, JollyGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Теоријата на заговор која е тесно поврзана со тезата дека Земјата е рамна се јавува во САД, што е очигледно, бидејќи нејзините аргументи се типично американски.

    Самата идеја дека НАСА е главен двигател на заговорот за тркалезна Земја е заснована на два погрешни аргументи – прво, дека до основањето на НАСА во минатиот век луѓето верувале дека Земјата е рамна и второ, дека НАСА е единствената вселенска агенција во светот која ја посетила вселената.

    Веќе неколку пати спомнав дека фактот дека Земјата е топка им бил познат на луѓето уште од античките времиња, а сите поморски патишта и карти воспоставени низ вековите го земаат во предвид ова.

    Од друга страна, Американците-креатори на оваа теорија на заговор можеби не се запознаени со фактот дека тогашниот Советски сојуз всушност бил пионир во истражувањето на вселената, а не НАСА. Целата трка за вселената всушност била дел од Студената војна и начин за демонстрација на технолошка супериорност помеѓу двете суперсили – САД и СССР.

    Тешко е да се замисли како овие тогаш жестоки противници и непријатели би можеле да се договорат околу тоа да водат имагинарна трка за освојување на вселената, а всушност заеднички да учествуваат во заговор кој би требало да го убеди светот дека Земјата е топка.

    Ако поверуваме во заговорот за НАСА, тогаш треба да поверуваме дека сите слики на Земјата од вселената, слетувањето на Месечината, итн. се лажирани. И тука се поставува прашањето – ако веќе нѐ лажат, зошто тогаш немало други слетувања на Месечината од ’70-ите наваму? Денешната кинематографија и специјални ефекти се на многу позавидно ниво од она на кое биле во ’60-те и ’70-те – сигурно денес би било многу полесно да се излажира нешто вакво отколку тогаш.

    И впрочем, ако сѐ е лага, зошто е НАСА толку скромна? Зошто не одиме на Месечината секоја година? Зошто не сме отишле до сега на Марс? Мислам, ако сето тоа е лажно и се прави во некое филмско студио, тогаш „мисијата“ на Марс би ги чинела колку еден просечен филмски буџет. Што чекате бе, луѓе?:D

    „Аргументите“ за рамна Земја се толку растегнати, што од нас очекуваат да поверуваме дека илјадници, т.е. милиони луѓе низ светот – космонаути, астрономи, физичари и многу луѓе од најразлични професии (бидејќи ако Земјата навистина е рамна, тогаш сѐ што знаеме за физиката и гравитацијата е исто така лага) свесно се дел од џиновски заговор, чија цел е да ги убеди луѓето дека Земјата е топка.

    И што е најважно, за разлика од другите теории на заговори, на оваа за рамна Земја ѝ недостасува она најважното –мотив. За да го убедат цел свет дека Земјата е топка учесниците во заговорот тоа би ги чинело (и сѐ уште ги чини) огромни количества на време, труд и пари.

    Арно ама, со која цел? Што добиваат тие и што губи просечниот човек со тоа што верува дека Земјата е топка, кога всушност не е?

    Ќе си земам за право да речам дека на просечниот човек не му е гајле каква форма има Земјата. Едноставно, тоа не му менува ама баш ништо во животот. Мојата прабаба најверојатно не знаела дека Земјата е топка; мојата баба на пример знае, ама тотално ѝ е сеедно.

    Од сите теории на заговор кој сум ги чул во животов, оваа за НАСА и за рамната Земја е убедливо најбесмислена.
     
    На Gosh, Lady*Bug, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Да не навлегувам во одговоρ, да не бидам оф топиκ. Само ќе κажам деκа се чувствувам κаκо пρедоκ од античκи маκедонец. Аκо бев нешто дρуго тоа и ќе го твρдев. Да не навлегувам повеќе зошто темата не е тоа.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    FB_20170724_17_49_57_Saved_Picture.jpg
     
    На kikkki, Elen4e_sonce, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    На Iviy, La.loca, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Добро, а што со помрачување на Сонцето? :|
     
    На Ketchup, sanjaeva, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    И според горниот модел би требало само една Месечева мена да има. (Објаснување за @Vitaly: едно исто осветлување на Месечината, на пример само полна месечина)
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Заборавиле дека месечината не изгрева само ноќе.
     
    На Lella, Ketchup, parksey и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Мислам дека имаше објаснување и за тоа, ќе побарам. Месечината и сонцето не кружат по една иста оска, ниту се на иста висина па да има една месечева мена.
    Се гледа и дење месечината нормално, кој рече дека само ноќе изгрева?
    Тоа не е баш како што видовте на сликата погоре, месечината не кружи спротивно од сонцето секогаш и не со иста брзина.
     
    На Iviy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.056
    Пол:
    Женски
    На места, према гифчево е постојано сончево. Како тоа? Да не речам и места каде е реткост да е сончево.
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Зошто ставаш бесмислени слики тогаш?
    За помрачување на Сонцето има теорија, немаат за помрачување на месечината. Така да, кога веќе бараш - најди и за тоа.
     
    На Antolinaa, Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не е баш како на гифчето, сонцето не ротира цело време по иста оска.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    @Vitaly , на 21 Август 14 амерички држави имаа можност во живо (а и ние преку директен пренос) да набљудуваат целосно затемнување на Сонцето. Согласно орбиталните брзини, растојанија и големини на Сонцето, Месечината и Земјата, NASA (а и сите останати вселенски агенции) изнесоа табела со точните времиња кога ќе настапи затемнување и целосно затемнување на Сонцето и кога ќе завршат и тоа до секунда точно! На пример во Мадрас (Орегон) пресметаа дека затемнувањето ќе започне во 9 часот, 6 минути и 43 секунди, a целосно затемнување ќе започне во 10:19:36 и ќе трае до 10:21:38. И така се случи. Ја имав аларм подесено за баш тогаш да се вклучам на Facebook live и да следам и не пропуштив бидејќи беше до секунда точно Исто така NASA ја пресмета и целосната траекторија по која ќе се движи сенката на Месечината низ 14 американски држави.

    Прашања за размислување за рамноземците:
    - Дали Flat Earth Society можат да понудат една ваква табела согласно нивните пресметки и моделот на „Рамна Земја“ и да ги пресметаат затемнувањата? И зошто не?
    - Како може, според вас, погрешен „Globe Earth“ модел да дава толку прецизни пресметки?
    - Дали NASA може да влијаат на Сонцето и Месечината и да ги наместат така на небото за да ги погодат овие бројки?
     
    На Cleonika, Lella, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Многу им е поефтино да лажираат вселенска програма или слично одколку да финансираат, инаку како би се переле пари и како би се криела вистината од луѓето.
    Инаку те знам како верник на форумов, Библијата го вели тоа што и рамноземците а ти сметаш дека е сфера Замјата.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Сакаш да кажеш дека затемнувањето на сонцето е лажирано?
    И кај пишува во библијата дека Земјата е рамна?
     
    На Lella, Tan4ence, Outlook и 5 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Како мислиш да лажираат вселенска програма? Сакаш да кажеш дека NASA некако ја избуткале Месечината со некој невидлив летечки објект за баш да ја наместат тоа време да го засени Сонцето? Де објасни малку повеќе за ова
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Инквизицијата го вели тоа што и рамноземците, и ги отфрла научните откритија дека Земјата е округла и се врти околу Сонцето.
    Back in the 13th century they would have been proud of you ^_^ :D (facepalm)
     
    На Lella, Ketchup, parksey и 6 други им се допаѓа ова.
  18. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Машки
    Земјата е топка за пилатес на која седи цацко
     
    На Ketchup, calliope, blueeparadise и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    А ја мислев дека рамноземците се измислени од досетливи фаци од 9gag со цел да се забавуваме. Не знаев дека се реални :drunk:
     
    На Ketchup, Bozica1980, calliope и 3 други им се допаѓа ова.
  20. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
     
    На Lella и theowndemon им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.