1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјата е рамна плоча или топка која се врти околу својата оска?

Дискусија во 'Канта' започната од Vitaly, 21 јуни 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Далеку од тоа. Дискутирај трезвено, не водиме дискусија за цртани филмови. Реков лажирање вселенска програма а не буткање на месечина, добро знаеш што реков ама сакаш да ме направиш будала.
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Од неодамна ги открив овие flat earthers и се заинтересирав за она што го кажуваат.
    Кога ќе земеш да истражуваш подобро ќе видиш дека не е се што велат бесмислено.
    Земете читнете нешто од нивните докази и теории и ќе видите дека ќе го ставите прстот на чело.
    Да се разбереме, уште не сум преобратена :lol:, ниту пак тврдам дека земјата е рамна, само сега не сум ниту 100% убедена дека е топка. :wasntme:
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Не ми текна ништо друго покреативно за „лажирање на вселенска програма“. Затоа велам објасни како може некој да лажира затемнување на Сонцето на цел амерички континент
     
    На theowndemon и Antolinaa им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тоа не е лажирање туку е вистина. И рамноземците не го негираат затемнувањето на сонцето. Кажав општо за НАСА дека и е полесно да лажира вселенска програма одколку да финансира.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Точно така, затемнувањето на Сонцето е вистина, вистина која NASA ја пресмета до секунда и тоа согласно пресметките во рамките на моделот на сферична Земја. Брзината на движењето на сенката на Месечината ја пресметуваат согласно брзината на орбитирање на Месечината околу Земјата, но и преку брзината на ротација на Земјата, а потоа и одалеченостите на Месечината, Сонцето, аголот под кој Месечината ја обиколува Земјата, па дури и осцилаторнтие промени на тој агол. Кога сите овие вредности ќе се земат во високо прецизна точност, тогаш се пресметува и до секунда точното настапување на затемнувањето на Сонцето како што го пресмета NASA.
    Вакво нешто ни на сон не можат да пресметаат рамноземците. Знаеш зошто? Затоа што цела „наука“ им се базира на куп тинејџери кои наместо да одат у школо, седнале у детска соба, уклучиле камера и прават јутјуб видеа кај што се исмеваат со базични работи кои не ги разбираат. Немаат реални модели, немаат никакви вредности, факти, бројки освен паушални нагаѓања. И затоа не можат да пресметаат ни кога ќе изгрее Сонцето, а не па затемнување или доближување на некоја комета :)

    Значи и абер да немаш од наука, од проста логика се знае дека веродостојноста на научниот модел се тестира преку експеримент. Еве предвидувањето на затемнувањето на Сонцето беше успешно положен тест на класичната физика и астрономија дека моделот „сферна Земја“ е точен. И не само тоа, се што предвиделе од комети, до метеорски дождови, се погодиле. Рамноземците ништо не можат да пресметаат, бидејќи пресметки не се вршат во детска соба во тренерки, со јутјуб видео и уклучена камера и преправање дека си научник :)
     
    На Gosh, Tan4ence, MagsDestiny и 3 други им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    6.612
    Пол:
    Женски
    Еве едно интересно интервју со Dave Murphy. Во интервјуто се објаснува дека земјата е рамна плоча. Се зависи на која теорија луѓето сакаат да веруваат.

     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.241
    Допаѓања:
    163.062
    Пол:
    Женски
    @Vitaly прв пат кога пиша на темата, и кога пишувавме сите, имав надеж дека престана да веруваш во ова. Не знам зошто имав толку надеж и толку ми беше гајле, и гледајќи кога пиша пак сум онака ... благо разочарана. :| Неможев вчера да ти пишам повторно и затоа ете денес.
    Сакам само да те прашувам работи, имам пишано претходно, теории на заговор ми се омилени за читање, за забава. Дали ти веруваш во гравитација? Ако не, зошто не? Како сметаш дека се движиме (во смисла по површината на земјата, исто така заедно сите низ вселената)? Дали веруваш дека постои сончев систем и ако да, како мислиш дека е изведен (ако не, објасни ги ѕвездите, и оние кои ги гледаме постојано на небото - зошто)? Дали сметаш дека другите небесни тела се кружни, а Земјата е само плоча, ако да зошто? Дали сметаш дека Земјата е плоча и со голема брзина константно оди нагоре? Дали се ова што напишав ти прави смисла? :| И за крај, едно онака пологично прашање: Дали сметаш дека е полесно кога нешто се гледа - да биди пренесено како што е, или да се лажира е „поевтино“? Онака, кажи ми што е пологично. Навистина, те молам одговори ми го ова.
    Да не ме сфатиш грешно и да ме пренасочиш каде да читам, ги знам одговорите кои се точни и ги знам одговорите кои ги сервираат луѓе кои веруваат во рамна земја, едино ме интересираат твоите одговори, лично твои мислења.
    Ти благодарам однапред.
    Е сега и за овој дел да кажам збор- два:
    Ти го постави гифчето, го имав ставено и јас порано. Гифчето е од страната за рамноземци. Ако сметате дека е поинаку - тогаш да го направевте поинакво гифчето. Ако ти сметаше дека не е баш такво - да не го ставаше. Зошто можам да ти обележам на него едно цело кругче на Северниот пол, кај кој патем, е прилично ладно, како има цело кругче кое е постојано осветлено. А ако нешто е постојано осветлено, сигурна сум дека нема мраз да има таму.
    Би можела сега да ти зборувам и за ѕидовите од мраз, мислам цел Гејм оф Тронс. Ама во некоја следна прилика, но ако јас би верувала во рамна земја, и има ѕид од мраз - би одела до тој ѕид од мраз и би го сликала. Ќе се обидам да видам што има на другата страна. А „никој нема одено, и никој нема преминато“ ми е ... далеку од нешто на што би верувала.
    Се најдобро. :)
     
    На Lella, Gosh, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Јас не верувам дека е рамна земјата исто како што не верувам дека е топка. Барам докази за да почнам да верувам во некоја од овие 2 теории. Инаку според научниците знаеш ли со која брзина ротира Земајта топка околу својата оска? Знаеш ли со која брзина кружи околу Сонцето? Знаеш ли со која брзина Сончевиот систем се движи по таканаречениот Млечен пат? Тоа е огромна брзина а како ние луѓето не чувствуваме ниту малку од тоа? Ајде објасни ми го ова.
    На пилот на борбен авион после 1 час лет со голема брзина почнува да му потемнува лицето, а космонаутите на НАСА кои се возат со ракета која има 5 пати поголема брзина од борбен авион ни праќаат слики како тие се расположени, насмеани епа како е можно?.. И немој и за ова да ми кажеш дека не е така. Праќаат слики од својот сателит во вселената, а кој го фотографирал?
    [​IMG]
    Пологично ми е да верувам дека Земјата е рамна и дека се движи нагоре 9,6м/с одколку да верувам дека има топчеста форма и дека ротира со огромна брзина и дека на неа дејствува сила наречена гравитација.
    Поставеното прашање не ти го разбирам инаку.
    Real eyes, realize real lies.
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Значи и сонцето и месечината се движат нагоре со 9,6м/с?
     
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Според нивната теорија да.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    И тоа ти има логика?
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па пологично ми е одколку да верувам дека нашата Земја топка ротира со огромна брзина а ние не го чувствуваме тоа истовремено и кружи околу сонцето со уште поголема брзина а ние не го чувствуваме тоа. :)
     
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Видео со емисјата на Миленко :rofl: КОј доказ човече :rofl:

    Подоцна Миленко оди во емисија кај бурекот Јанко и двајцата во живо во програма се ругаат на теоријата дека земјата е рамна.
    Значи со солзи во очите се смејат и го прават ненормален научникот што му беше гостин.
    Дека е нетокму во мозокот што тврди дека рамна била земјата.

    (Барејте видео на youtube)


    Така да, ве предаде Миленко :( :( Зад грб ви се смее :( Не знам каков вемеровец и партиот е, што не верува дека Ѕемната е рамна и ја држат китови на грб :(
    Ах...
     
    На Elen4e_sonce и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Има причина зошто Земјата ротира. Која е причината да се движи нагоре? И зошто Сонцето и Месечината би се движеле со иста брзина како Земјата? Категоризирај ми ги како објекти Сонцето и Месечината, што се тие? Еве многу прашања :)
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Штом има причина според вас да ротира земјата според нив има причина да оди нагоре. Причината е тоа што одејќи нагоре прави некаква сила која не одржува на нејзиното тло.
    Тие заедно со неа се движат нагоре бидејќи се под сводот на Земјата. Ќе побарам цитати од Библијата за тоа како е создадена Земјата, таму е опишано.
    Според рамноземците Сонцето и Месечината се сферни тела тоест имаат топчеста форма.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ама што ја тера да се движи нагоре? Сигурно не за да не држи нас.
    И сферни тела не е категоризација. И фудбалска топка е сферно тело, не можеш во исти кош со месечината да ја ставиш. Чекам конкретни одговори.
     
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не сум запознаен што ја движи нагоре но баш ќе истражам што тие мислат за тоа. Инаку знам дека и фудбалска топка е сферно тело. Кажав дека имаат топчеста форма Сонцето и Месечината, незнам како да напишам за да ти биде појасно.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Па што е можно поконкретно. Што е точно сонцето, а што месечината. Колку се големи, составот кој им е, температура, се што знаеш. А не, и ние и пајаците сме живи суштества, како не сфаќаш, живи суштества сме сите :rofl:
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ме праша какви се јас кажав какви се, незнам што поконкретно од тоа... Не постои такво нешто кое би го истражило површината и составот на Сонцето бидејќи има огромна температура, може само да кажуваме од памет како НАСА. Сонцето и Месечината споре дамноземците се сфери со опсег од 51 километар, кои што се движат на растојание од 5000 километри и така осветлуваат различни делови на Земјата во циклус од 24 часа. Тука ќе престанам бидејќи освен со потсмев не знаеш друг начин за дискусија. Не треба да ме учиш дека и пајаците се живи суштества ниту кажав дека не го сфаќам тоа.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Значи според рамноземците не е возможно и сонцето и месечината да бидат видливи во исто време на небото.
    Јас знам да дискутирам, ти немаш аргументи па бегаш. Уште не одговори ни едно од моите прашања.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.