И јас читав уште сабајлечки се надевам брзо ќе се опорават. Без гајле, не мора да значи дека ќе дојде и кај нас. Турција е баш трусно подрачје и земјотресите таму не се баш ретки така што не би требало да не алармира тоа. Башка се десило близу границата со Иран така што мислам дека не би дошло кај нас.
За греотка се им е уништено...Јас ко го видов се потресов...Отварам поштата да си ја проверам и главен наслов.Којзнае уште колку ќе најдат
Земјотрес со јачина од четири степени според Европската макросеизмичка скала-1998 е регистриран денеска 120 киломтери јужно од Скопје, во битолското епицентрално подрачје. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно - математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 8 часот и 49 минути, а е почуствуван во Битола и околината.
Ептен жално во Турција 1000 жртви. Се потресувам многу кога ќе слушнам негде дека имало земјотрес. Премногу се плашам и од мало потресување. Неможам да се приберам и после мал земјотрес, паничарка голема сум.
Исто и јас.Малце да стресе,готово. Паники,паники х) Греотка луѓево во Турција ептен жално.. се збори дека и накај нас ќе иде,поточни низ повеќе делови низ Македонија.бреј!
Не дај Боже ако дојде, се надевам дека Турција ќе помогне со оглед на тоа што Македонија дала 100.000 евра за побрзо опоравување од штетите од земјотресот. Не е многу, но сметајќи во каква состојба се наоѓаме и тоа е нешто.
А како мислите тоа земјотресот од Турција да дојде? Не сум слушнала дека постои географска поврзаност на земјотресите досега.Ако има во Србија, не значи дека и кај нас ќе има.
Постои некаква можност доколку се многу блиски тектонските поместувања, па да предизвикаат и други тектонски поместувања во блиските области, по некоја логика....
на овој линк нон стоп ги има најновите земјотреси од цел свет http://www.emsc-csem.org/Earthquake/?view=1
О божее. Мразам земјотреси. Кога имаше кај нас, абе од кревет сум паднала не сум осетила. Затоа ми се страв, сешто може да ми се случи, затоа што не чувствувам.
Лелее се во Европа последниве, бррр страшна работа се земјотресиве, подалеку од Македонија. Мислам ја одма паничам и малку да стресе, и ако тресе нека биде кратко зошто лошо е да е долго. И лошо е да е повеќе пати демек ако има два пати и ако има трет пат урива .
Не знам за вас, ама јас и те како ги осетив земјотресите! Серија земјотреси го стресоа Скопје-најсилниот 5 степени Апаратите на Сеиозмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, регистрираа серија земјотреси во скопското епицентрално подрачје. Најсилно во главниот град е почувстуван заемјотресот во 11:19 часот со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес со интензитет од 4 степени почувстуван во 11:12, и 11:44 часот, додека потрес со интензитет од 3 степени според Европската макосеизмичка скала во Скопје е почувствуван во 8:34, 11:02 и 11:03 степени http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID= ... 22ECBBEEFC
И јас го чувствувам секој мал потрес, макар и 1 степен да е, ме изместува скроз. Земјотресите се единствена работа од која се плашам, затоа што не можам да ја контролирам. А што се однесува до денешните земјотреси, нека си ги проверат апаратите што ги имаат нашиве, не се 4-5 степени!! Првиот е 2.1, а вториот во 11.20 - 2.8 степени. Има официјална светска страна, каде што немаат утка http://www.emsc-csem.org/Earthquake/
Море и те како осетив, срцето ќе ми излеташе се преплашив, од памет сум се извадила Нареден пат ако дрмат нека се најави, за да знам шо да правам предвреме