Во 12 имаше во 4 и после 4 ипол имаше пак,Овие денес беа послаби,Овој синока беше баш застрашувачки и посилен.
Овој Владо Павлов повторно најавува земјотрес за утре. Сега ми прати другарками , таа луда па му верува целосно. Пишал кај него на профил. Мислам на слика го гледам и гледам дека си има некој психички проблем човеков.
Тој и тој одговори во темата Земјотрес !!! Е значи пострашна нотификација - амин ! Дур да отворам да видам кај здрмало, три пати се препотувам...
Душо, зарем ја надгледуваш темата? Ај кликај таму не надгледувај повеќе, барем нотификации да не ти стигаат
Епа еве ајде сите памтете дека рекол дека ќе има земјотрес, и баш да видиме дали нешто ќе се случи. Почнувајќи од вечерва 00.00, до утре 00.00, да видиме дали некаде во Македонија ќе има земјотрес. Ако има земјотрес тогаш еве јавно ќе му симнеме капа и ќе му се заблагодариме дека дава предупредувања, значи стварно си има дарба и некои моќи ( и ќе престанеме да го ругаме), а ако не се случи ништо тогаш треба надлежните нешто да си превземат заради ширење паника по народот. п.с. Тогаш кога беа земјотресите, тој вечерта пред да се случи тоа, имаше пишано дека ќе има земјотрес, и стварно сабајлето во 7 саат имаше, па после нели и попладнето во 15.00 ч. имаше појак....а исто кажа дека и поплави ќе има, ама никој не го слушаше и не му веруваа.
https://www.facebook.com/vlado.pavlov/posts/1187101548047872?pnref=story Отворете го линкот нАс не имаа БРАВОООО!!
Не нема видео , ама има некои изјави со негов речник за вторите труби на 21ви ( а првите биле на 11ти септември) итн .... се сакам да го избришам од фб ама пак ме копка . Од една страна ми е морбиден , а од друга страна ми е смешен , а многу често е контрадикторен сам на себе што според мене е особина на психички пореметена личност.
Па земјотресот на 11ти сеп., го имаше предвидено, а исто и поплавите во августот. Сите викаат дека земјотрес не се предвидувал, ама овој човек имаше јасно пишано дека ќе има земјотрес и стварно дрмаше...па како знаел? Тогаш беше празник, а исто и утре е празник Архангел Михаил. Ако лаже тогаш нека оди во затвор и нека престане да крева паники. Ама ајде ќе видиме...
Не сум информирана за ова, прв пат слушам од тебе. Ама стварно не знам дали е за верување... Ајде баш да видиме дали утре ќе има пак.
И јас после земјотресите за него читав и по други форуми... абе го ругаме ама човекот досега си погоди... Не е ваљда некој до толку будала па јавно вака да пишува, може стварно си знае нешто, ама сепак да не се притресуваме толку околу ова што го пишал. Тогаш имаше пишано нека трубат трубите (и сабајлето фати да се дрма)....и сега има пак пишано, нека трубат трубите по втор пат....
Smirete se aman vekje! Da se predviduvaa zemjotresi tolku vreme odnapred, znaete kolku zivoti ke bea spaseni niz svetov??!