Јас пак не ни сретнав на неговиот профил дека зборува за земјотрес...тој само демек предвидува дека ќе се случи нешто што ни најавува дека доаѓа нешто лошо во 2017. А реално тоа може да биде било што, не земјотрес, па после ќе вика- нели ви реков! Е вака и баба ми покојна може да предвиди Будала со тапија.
Сериозни сте со Павлов ? Оној што праи некои скулптури, им прави куќа им дава име и ги рани со грозје и јаболка? Абе дајте не зезајте ... @joy1 уште он фали овде мислам и се е комплетно Павлов за модератор.
Хахаха па и фемина прате или он или неговите луди следбеници Прате и фб и ги блокира оние кои не му одговараат а и закани дава хахах Лудак е Знаете шо му е целта? Да добие публцитет ,да чуе народот за него ,да може да продава од тие неговите камења ако не се изтакне вака нема како на друг начин исто ко азис и боки 13 за слава што се спремни се да бидат исто и овој за слава и газот ке си го даде Само пријавувајте му го профилот на фб дека шире паника
Овој нека си одбере соба или во лудница да се излечи, или во затвор за ширење паника. Кај и да појде немс да погреши. Значи јавно пиша дека на 21ви ќе трубеле вторите труби, исто ко на 11ти што беше. Тоа е ширење паники. Лудница, лудница и само лудница...
Не се замарајте бре со чоекО. Ај тој шо нема попаметна работа, ами вие?? Нека си кажува што сака тој , вие неморате да го читате или да му го посетувате профилот. Аман.
Неговата работа е завршена, да го привлече вниманието на сите. Најпаметно е да не се замарате, како и да е земјотрес е непревидлива природна појава, кога ќе дојде, тогаш ќе му ја мислиме.
Сега во Јапонија имало 7.3 , одма со хелихоптери и во живо снимаат дали ќе има пак цунами да потопи све. Еве овие RT CNN Во живо снимки гледам имаат на фацебук.
Таму градбите се специјално направени да бидат отпорни дури и на најсилните земојтреси. Тука да има земјотрес со таква магнитуда... Пу пу
Ех Јапонија зградите високи издржуваа по 8-9 степени без проблем.... Тука мислам дека само 8+ степени ќе биде разорен , ама 7.3 ќе има само јако тресење и спиење во шатор наредни 2 недели.
Не дај боже 7 тука отидовме, со се Груевски,со се сите. Помина 00 часот немаше ништо. Јас не знам како не му го блокираат профилот!
Озбилно сте дикутирале за Павлов три страници наназад? И јас прочитав пред некој ден што објавуваше на Фејсбук, ама јас па реков нема да има ништо. И ете стварно немаше. Дали тоа сега значи дека сум гатачка? Шала на страна, ама тоа е чисто ширење паника, и е казниво.
Дали само јас осетив земјотрес пред малку? Околу 03:11 минути. Почна да се слуша посилен звук и на шпоретот имав потпрено железо и падна после тоа. И претходната ноќ ова време се слушаа вакви звуци. А и одма почувствував промени во притисокот, ми се сврте, почна да ми се мати во главата и ми се слоши. Сега страв ми е да заспијам, пак слушам некои звуци.
Не знам, можеби е случајност но јас исто така вчера имав проблем со нискиот притисок. Ми се причини како да паѓам, и за момент малку се испотив па, веднаш помислив на оној ден пред неколку месеци кога силно затресе дека исто така се почувствував, и ми беше страв дека повторно ќе ме разбуди нов земјотрес, но тоа не се случи бидејќи заспав околу 1 и заборавив.. Тектонските придвижувања и јас ги слушам и чувствувам, постојано. Особено навечер кога е тивко.
Dali ima nekoj tolkava fobija kako mene od zemjotres sto pomisluva na toa nekolku pati vo denot i se prasuva sto ke se sluci, kako ke reagiram i slicno?