преморена од учење си легнав во 5ипол сабајле. Ни земјотрес ни бутур! Ништо не осетив. А и подобро. Како што сум сама дома, ќе се ук**ав од страв! Сеа и се јавив на мајка ми, и ми виа ДЕТЕ ТЕБЕ СО СЕ КРЕВЕТ ЌЕ ТЕ ОДНЕСАТ, КОЛКУ ЦВРСТО СПИЕШ! Сеуште сум сама, колку се упрпав сеа не знаете
Ни земјотрес сум осетила ни ништо, вчера како откачив во диско после долго време, сабајле во 5 си легнав полу пијана метеори да паѓаа немаше да се помрднам
Ништо не осетив од земјотресиве иако живеам на 4ти кат. Али и подобро е што не осетив незгодно чуство ми е
Земјотрес? Јас ко во друг свет да живеам. Од 4 земјотреси ја ни еден не осетив, а и подобро. Иначе живеам на 5ти кат.
Јас осетив еден оклу 17:15 бидејќи малта ми спиеше, а ноќеска не сум осетила ништо бидејќи ќерками око не затвори цела ноќ ја лулав, се чудев зошто е толку вознемирена и повраќаше, од земјотресите било.
Божеееее јас или ко деген сум, или ништо не чувствувам, ниту сабајле, ниту овој сега на пладне. А баш сакам така малце да ме здрма , за да почуствува бе. А и уопште во цел живот само еден земјотрес имам почуствувано, пред многу години.
Јас тој што бил рано сабајле не сум го осетила,само на фб што прочитав дека имало земјотрес.Го осетив тој што беше околу 11 и нешто,али не беше воопшто јак.Се надевам нема да зачестат земјотресиве зошто тоа е една од работите од кои најмногу се плашам
Јас го осетив тој што беше околу 11 и нешто, не беше нешто посебно јак али гледам почна да се мрда тоа околу мене и викам иии земјотрес хахаха подоцна мајка ми слушнала кажале на вести дека имало земјотрес. А сега што ги читам погоренаведениве мислења дека сега имало земјотрес не осетив хахах
Ми рекоа сега пред малку имало, незнам како, ништо не осетив освен ако бил со мал интензитет па не може до толку да не осетам оти јас како што имам страв, ме чуди да не осетам ништо, тапа
Јас немам ниеден осетено и сум среќна поради тоа, но сепак смирете се малку, не кревајте паника, не е ова толку чудно за наше подрачје.
ја обично осеќам, ама денес да не ми кажаа немаше ни да знам. како и да е вечер тешко да заспијам хахахах