Јас не го почуствував но нешто тропаше во станов а јас сама и се исплашив. Кога видов дека е земјотрес се израдував, пола саат немав излезено од соба од страв. А што толку тропаше а земјотресот со слаб интензитет стварно не знам.
Јас веќе сум си благо потресена и онака се си мислам дека има земјотрес па и денес исто си реков дека сум параноична.
Не го почувстував и се трудам да не мислам на најлошото. Relax, take it easy. Ако треба нешто да биде - ќе биде. Божја сила, не е во ничија надлежност. Во септември не фати неспремни. Ни на крај памет дека такво нешто ќе се деси. Луѓе ноќта ја поминуваа во автомобилите, а некои фатија џаде (во своите родни краишта). И, не се деси ништо. Месец дена да спиеш „под ведро небо“, првиот ден од спиењето дома може да стресе. Чему ондак месец дена спиење ваму-таму...
Леле луѓе колку паничите, ау.. Не се ни осетил под 2 степени бил. Па, сега као "спремни" ќе седиме со ташничката под мишка, капа,шал,ракавици, бунда 24/7 облечени и ко ќе дрмне 1,5 ќе трчаме надвор.
Аманте бе. Само јас ли кога ќе видам нов пост на темава ми подзастанува срцево? Еех трауми. П.С. Ништо не сум осетила
Како прво не го спомнав ГОСПОД пишав само уфф зошто пак земјотрес. И ти незнаш дали јас сум го почуствувала или не за да коментираш.
Не беше како минатите земјотреси не паничете. Имаше мали вибрации на првиот проследени со посилна бучава. А вториот беше само со бучава. Нека не тресе само, нека бучи колку сака.
Кога јас не осетив...никој не би требало да осети Мајка ми ми рече - абе здрма нешто? А дека сум и лута и реков - да јас ја здрмав масата..уживај. И така спречена паника од Миле наш Среќа што немаше непријатен звук, инаку цела зграда ќе ја кренев во вис
Јас не сум сетила ништо, а вообичаено осеќам. Инаку дур сум на темава, да пишам шо ми се деси минатиот пат со земјотресите Не бев во Скопје тој викенд и моиве само ми се јавуваат, колку било страшно, дрмало ова она, а јас утредента требаше да се враќам дома. И сеа јас ко шо сум малер најголем, понеделникот дента им се јавувам и им викам, абе ќе видите вие ќе влезам дома, ќе здрма еден појак. И се смеат моиве абе како не, се смири сега нема. И добро стигам јас во Скопје, си фаќам такси до дома, стигнувам во двор, отварам влезна врата и му викам на татко ми ау чудо не здрма и се засмевам, и абе викање тоа коа фати да тресе Е таков малер сум си јас со овие работи
Е ова ти се вика биполарност Па некој те прозва тебе да ме кометираш бре ЗДРАВА ОСОБО? Ние болесници, а ти си здрава и нормална, па затоа сама си зборвуаш ни те спомна некој, ни бутур, ни бакрачи....како да ти кажам дека ми е гајле ШТО си осетила и ДАЛИ си осетила. И не си достојна да коментира за мојот КУРАЦ. Он топик: Два земјотреси имало ама слаби...првиот 1,9....вториот 2,1....
Здраво на сите феминки Јас сум машко и сакам тука да споделам една вест во врска со Владо Павлов. Од неодамна мојата фамилија почна постепено да тоне од неговите илузии и таканаречени амајлии пирамиди, оргони, подметачи преку која демек се чисти водата... но сето тоа пуста бизнис зделака, на која дел од моето семејство подпадна. Искрено кога прв пат ги прати по пошта тие подметачи на наша адреса и кога ги допрев со рака прва помисла која ми падна на ум беше зборот вестерство. Сериозно, ве молам стојте си понастрана од вакви заблуди и секташки делувања. Моите за жал се уште се убедени дека божем пирамидите ширеле позитивна енергија но она што јас приметив е дека шири депресија, невообичаено трошење пари и цело време ви се чини како да тонете, немате елан за работа и се ви оди наопаку. За жал се борам со сите сили да моите се освестат за оваа секташка заблуда. Друго, кога ви прават пирамиди индивидуално еден Бог знае што се убацуваат во неа, какви ли не молитви и Бог знае какви ли не елементи кои може комотно да е уништат и згора на тоа ќе си ја платите таа пирамида 100 евра!!! Само Бог сакам да го сопре и да му врати со таа мера што тој ја шири и се надевам дека неам да залетате и ќе се спасите на време!!!