Како не осети комшија Мислев пак нашава зона се активираше... После некоја секунда ми текна дека не осетив звук па и помислив дека не е близу
И во скопје како што си лежам на лаптоп и осеќам малку нишање и на крајј бааги ме потклати со се кревет и повторно си продоив да си лежам како ништо да не било
Бевме собрани друштво на ручек,само јас осетив дека ме занишаама си поќутев зш ќе речат еве ја оваа параноичнава пак почнува, ама уствари работава излезе дека само јас сум во право али за разлика од септемвриските трауми ,кога видов дека не бил наш неам гајле и ич не ми е страв
и сабајле имаше земјотрес во 7,40 часот епицентар во Грција на 37 км јужно од Гевгелија 3,7 степени на длабочина од само 5км
Баш сега сакав да прашам дали го осетивте тој во 7:40... Кај мене беше многу силен, ме разбуди од спиење и си дрмаше така неколку секунди Само да не почне пак како тогаш...
Јас се пресоблекував и слушнав дека прозорите крцнаа нешто, ама тоа е вообичаено кога ќе помине покрај куќава некоја кола со голема брзина, или пак камион... Сега и другарка ми ми пиша. Сигурно бил под 2 степени чим не е потврден на странана. Едит: 2.7 бил.
Тоа никој не може да го предвиди ама пред некое време нели најавуваа во Турција па тие мислам дури рушеа и стари згради.
Јас мислам дека нема правила. Бидејки што следев во Албанија немаше тресено седум дена пред тој што беше појакиот па после тој почнаа потреси али поминаа повеќе часови од првиот до вториот.