Според информации од европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со епицентар во скопското сеизмичко подрачје, на 8 километри источно од Скопје, на длабочина од само 1 километар.
Уф, пак стресови .... Вчера се потресов сама дома, овој не го осетив. Синоќа не спиев од страв Сега пак....
Не се плаши,штом не си осетила немој да паничиш И јас се плашам ама од тоа што читам,не осетив ни денес ни вчера. Да не се повтори и да е мирно,дајбоже.
Зависи колку сте високо. Јас после оној летото се иселив и сега сум на 2ри кат без ништо над нас. И ништо не сетив. Нека прекине веќе...
Каде осетивте? Скопје? Кога? Ништо не сум сетила.... Леее, паники Да не испадне онај В. ПАвлов во право упм
Ништо не осетив, а релативно блиску сум до епицентарот. Не паничете, велат дека се добри овие мали потреси затоа што така се ослободува акумулираната енергија, полошо е да нема ништо со години па наеднаш да мавне некој силен Jac само би ве посоветувала ако сепак затресе силно, да не бегате туку да се склупчите на под до креветот или до некој цврст шкаф, во т.н. триаголник на животот, и да ги заштитите лицето и главата. Спојлер: слика