Да, ја сум сама мајка со бебе и нормално е кога ќе осетам нешто да реагирам. Не беше ни тенденциозно, ни за да исплашам други. Јас самата се преплашив.
Во ваква осетлива тема баш ова фалеше да го пишеш Ич нема паничари во темава, па таман да се смират ги утеши.
На апликацијата пишува - If you felt this earthquake, а јас читам - If you enjoyed this earthquake.. Иначе, најлош трип ми е да има земјотрес дур вршам работа во тоалет.
ја бев во веце ахахахха тој во септември еден навечер што стресе 4 степени шо беше се се нишаше цел стан се измочав набрзински и истрчав под врата ништо страшно
Ме потсети на една случка, не знам дали бев прва или втора средно, во некоја училна горе на спрат битно бевме со една прастара професорка, кога почна да тресе. Кратко траеше ама битно силно беше. И завршува земјотресов а професорицава си се промрда во столчето и цела насмеана сама за себе си рече: „у ху ху што убаво ме затресе“
Ај сеа да не се фалиме...и јас се истрипав дека здрма сабајле, ама знам дека не е охридскиов, не сум до толку осетлива.