Скокнав од кревет, ама здрма, ми се сврте сеа глава ме боли ај у пм а само што заспав сега нема спиење од страв а утре крштевка имаме. Ај само здравје да даде Господ да не се повтори. P. S а ја по гаќи бев, затоа не треба гол да се спие, немаш време да се облечеш
Само мене ли ми се интересни вакви мали земјотресчиња? ..не знам што толку се плашите, стварно.. па рипање од кревети, па неспиење. Да не се драматизира малку? ..ја од кревет не се мрднав.
На сета мака Ами јас без гаќи обично спијам... сега по векое чудо во маичка долга како фустанче сум... и со гаќи... Ама кај ќе бегаш од 4ти спрат... Ништо не се сруши, тоа е битно... Ич не беше пријатно, како и да е... Тие во септември ги избегнам, не бев во МК... ама сега... Ајде сега назад на учење, какво спиење
Цврсто спијам јас ама ова не е 4, вака тресеше и 5 кога беше. Јако задрма срипав право кај моите, срце ми застана.
Тие летото што беа, сериjaта.. беа такви,со бучава. И jaс истото го мислев... баш наjдов кога да спиjaм по гаки
Јас и без гаќи скокнав, како попарен нинџа. Среќа ме сочува здравиот разум па не отрчав така у дневна.
Oќеј, гледaм декa сите сaмo пo гaќи сме спиеле. И јaс се пријaвувaм, и јaс срипaв aмa дo дневнa. И еве сегa спремен сум зa бегaње кo пoпaрен.
Дали дека ни е блиску епицентарот, ако бил навистина на граница горе или што, ама мене како за појќе од 4 ми изгледаше со толкаво тресење. Па и пак со онаа одвратна бучава, тоа мислам ми е погадно и од самото тресење, јас уште недоразбудена потсвесно ми текнало дека над креветот имам полица претоварена со огромни тешки книги кои може да ме сплескаат па скокање и в ходник избегав та дури таму се освеcтив зошто уствари бегам, и не знам кој беше повознемирен, дали јас или мачката која беше накострешена, со ококорени очи и трчаше од врата на врата барајќи да излезе надвор. Сега прелегнав во дневна ама адреналинот уште ме држи и око не ми се склопува.
Се надевам нема да има други после овој земјотрес.Уффф бре со децава сме на куп во дневна ,го извадив малото од памет со се јорганче го земав од кревет
Јас од страв и шок пинот си го утнав, телефонот ми се заглави леле како стресе,притисокот ми падна.... Само да се молиме да нема пак...сите се будни а тоа е знак дека бил јак и секаде здрма здраво
АБЕЕЕ и така планирав рано да станам и да трчам на кеј..... Спојлер Не ми е проблем што тресе, проблем ми е што не знам дали е овој на поминување онака Скопски.... Или е како минатата година , треси сабајле 4 степена а попладне 5-6....
Не е драматизирање, јас пред пола саат заспав и ме разбуди дрмањето на креветот, па ми се сврте, одма на децата помислив и како ќе ги носам по гаќи. @kravce ти поблиску си била. Еве сега читам дека Бан ки мун тестирал нуклеарки па доаѓало до тектонски поместувања
Јас не го почувствував овој земјотрес. Дур се освестам што е и како е - тој поминал - а будна сум цело време. Јас сум во пижами и голем џемпер, ептен се шарени, ама уште не е толку топло за по гаќи.