Да не чува Господ сите.... Не можев да срипам лежев и чекав Траеше, одвратно чувство Само да нема пак. Ми се спие ми се плаче
4,2 го сменија Кај мене у населба кај никој не свети никој ли не осети .... Маж ми заспа леле јас шо ќе правам
Не е рано, најдолгиот ден во годината е 21 јуни, ќе расте уште малку и после пак ќе почне наопачки... Ние сме во целосно утната временска зона, треба соГрција и Бугарија во иста да сме, така во понормално време ќе ни се разденува и стемнува, а не како во зима, во 4 е црна темница... Ели јас сама живеам, се мислам дал да спијам ама некако
Ова па порталиве само да ти дигнат притисок уште толку. Само ми искачаат некои вакви постови, како изгледа земјотрес од 9 степени бла бла
Па или шеткање надвор или .....WOHOOOOOOO Среќа се раздени , па никој нема да се посомнева дека ти се пуни гаќите , сите ќе мислат дека стварно искачаш за одржување линија и спортување
Блиску ми бил епицентарот. Јас секогаш спијам со пижами. Одма се вратив во кревет ама не можам да заспијам Нема ништо интересно во земјотрес
Да се надеваме нема да има Синоќа со гости до 1ипол седеа без осет од 17 h !!! Ама езиво беше траеше долго Ме потсети на септември исто не разбуди од спиење.
Истите две ми излегоа и мене... сега уште една: Во кои скопски населби е најризично за живеење при земјотрес
Јaс вo дневнa се префрлив. Ми се спие, oчи ми се зaтвaрaaт и не мoжaм бaрем нa мoмент oчиве дa ги зaтвoрaм.
@Cka и на четврти беше јако Инаку фб не ми се отвора од овие глупи наслови што создаваат паники! Ај да имаат нешто паметно да кажат. Леле колку време ми требаше да се опуштам од оние земјотреси па сега и ова
Не им е толку тешко на тие што се на 6ти колку што им е на тие што се по болници немоќните секогаш тие ми паѓаат на ум за греота, беше јако дај боже да не се повтори.
А тек па Џевахир на 30ти... ја чекаме Ина со подетални информации (мала шала) Мечка став мене не став, ја одам шо би рекол татко ми "јорган планина" па да се молиме да нема ништо...
Нели Џевахир ги тестираа до некоја јачина.... За 5 сек. се ти прелетува низ глава.... Кога ќе ми текне за што се нервирав вчера
Јас на 4ти бајаги го осетив. Си бев задремала, и се будам, осеќам креветот ми се мрда. И јакичок беше и траеше. Па отидов до дневна да се смирам малце, не ми се спие веќе. Спојлер Само да не почне пак како лани
Уф еднаш со синчето не снајде земјотрес низ тие болници. Он опериран на 5ти или 6ти спрат на хирургија... е таму какво беше дрмањето со тоа железните кревети на тркала... Едвај чекав дома да одиме, да не не дрмнеше пак. Среќа па што сум во куќа јас, имам пријателка на 9ти... можам да замислам на сите вас во зградите па ама ви е страв..
И на 2ри се осети асално И многу како да траеше... Се потресов, во дневна и јас сега скролам тука, не можам да заспијам. @Rebecca_R имаше пишано за статусот на Ина колку лајкови има за неколку минути, се гледа колку се сите будни по тоа