Па еве јас сум на приземје, ама како здрма синоќа, одвај срцето си го ископав од петиците, а не пак да се фаќам за врата. Не сум паничар, ама дека сама, ептен ме фати некоја параноја. Другарка ми е на 11ти кат, дојде да поседи кај мене во паника целата. Не е битно на кој кат си, џабе и приземје и сè во такви моменти кога ќе те надвладее паника. Треба да се трудиме да останеме смирени колку толку.
Пишав јас за мојата реакција овде сабајлето. Башка сум на трети, да скокнев сега ќе ви пишував од болница, ако воопшто преживеев.
Е тек тогаш човек е во голема дилема - шуд ај стеј ор шуд ај гоу. Ако остане - можеби ќе биде како Елвис Присли работава, ако отиде ќе биде лом работава безразлика...
Колку се смеев на коментарот на онаа на Сител овие прават толкава приказна за земјотресот, па уште и човек нашле да прераскаже како го преживеал Големиот земјотрес во скопјево а оваа не направи луди и паничари, оти земјотресот бил во граници на нормалата.
Сега кога прочитав се и по коментари на луѓево надвор, јак бил. Среќа моја, над глава имам огромна слика со оние рамки дрвени... Мајко мила Ја вадам одма.
А јас имам стаклена рамка убаво што спомна, да ја тргнам и ја барем, да не ми падне на мене врз телевизорот
Јас сум блиску до епицентарот.Лани имаше ноќе ама никогаш не ме разбудил од спиење,мислам дека цел ден имам тахикардија.
jas mislev deka sonuvam ahahahah se dodeka ne vleze tatko mi so noga vo soba pali svetlo i se dere zemjotres!!! kao chill spijam
Абе луѓе јас сериозно ништо не осетив Дома моиве сите осетиле, јас како во кома, дигалица не ме дига Добро и што не сум осетила, после немаше да има спиење за мене, бај д веј Дај Боже да имаме мирна ноќ
Добро бе, сите ли сте од провинција? Никој од вас во училиште не учел справување во ситуации на земјотрес? :крс: Па тоа теории за бегање, па стравови, па скокање од тераси. Па Скопје може да конкурира колективно за Дарвинова награда гледајќи што се случува. Немате роднини или пријатели кои преживеале да ви раскажат што значи катастрофален земјотрес како тој од `63? Знаете што значи магнитуда 6, а што 4? Знаете дека за да ви се срушат живеалиштата и независно од тоа колку спрата ви се зградите дека треба многу повеќе од 3 секунди мрдање на земјата? Прво и најбитно што треба да знаете е дека во `63, тој земјотрес од 6,1 по рихтер траел 20 секунди и во него загинале околу 1000 луѓе од околу 300 илјади во градот. Оној земјотрес минатата година и овој сега, не траат повеќе од две секунди и тоа е најбитната работа за да почне нешто да се руши. Втората најбитна работа, кога ќе прочитате, леле 4,2 или 5,2 ко минатата година е што бројката која се впишува има екстремно голема разлика една од друга и не е како од оценка 4+ до 5- во школо. Значи она што ноќеска го осетивме е еднакво на околу 100 илјади килограми ТНТ да експлодирале 2 километри под земјата. Два километри се како од Карпош 1 до Железничка. Ама во правец под земја. А за да има моќ да урне нешто, како што тоа било во `63, еве видете на сликата колку е, во милијарди тони се мери. Исто така, најголемата глупост која луѓето ја прават при земјотрес е кога ќе фатат панично да бараат врата да застанат под нејзе или да бегаат низ нејзе надвор. Ако нешто почне да се руши, најголема шанса има да загинеш по скали. А еден спрат по скали ни Усеин Болт не го поминува за три секунди. Така што, најбоље ти е да се молиш, пошто ако удрил часот, џабе е паниката. Скопје е трусно подрачје. Целиот мој живот имам (чудесно) преживеано едно илјада земјотреси. Шансите се големи дека ќе преживеам уште толку без панично да бегам и да спијам по паркови. Сите вие кои сакате да живеете во Скопје, соочете се со фактот дека ниеден земјотрес не е задњи. Ќе има уште, ќе бидат језиви и ќе ви паѓаат ствари од полици. Ако не сакате земјотреси, отселете се или тргнете стаклени работи од полиците.
Сѐ тоа убаво и паметно, ама тешко дека некој во 4 сабајле од спиење кога го буди земјотрес може толку трезвено да размислува, камоли на теории и научни објаснувања да му текне Не велам дека е нормална реакција таква како погоре опишаната со скокањето од прозор, ама па не може човек воопшто да не се исплаши Добри совети и објаснување, ама навистина не е потребна толкава ароганција како на почетокот