Мене ме најде на сред правење бомбици , баталив се едвај по скали слегов. Надвор сите комшии излезени. Исти беше како на 18.06 тој во 2 часот вечерта само што повеќе бучеше овој. Ќутете епицентарот е најблиску до кај што живеам .
Ме избуна преѓе дечко ми ми јавува демек земјотрес Битола. Јас станата бев, дома, ништо не сетив. После на тв видов дека имало Охрид. Некој од Бт кој го сетил има или само мојот некако ептен осетлив ми е? :3
Секој ден стресува по малце Бубале, јас веќе и престанав да ги осеќам. И вчера и завчера имаше. Ама не се страшни.
Па веројатно немаш доживеано 5.1 лани во септември и тоа на 3 кат да се тресе се живо и диво,а ти дома сама. Тоа никад нема да го заборавам и воопшто не е смешно. Сите ќе паничиме нормално.
Повеќе беше, ја на 2ри спрат. Знам 2 чекори не можев да направам за да стигнам до носечки столб ме носеше лево-десно, башка што испопаѓаа сите капаци лимени во влез за цевки и се што имав на полици, како и во рафтовите во маркетите. Некој што не осетил смешно му е . И мене ми беше така, пред тоа немав осетено ни еден појак, освен во Грција кога се нишаа плакари, ја се смеев. Е затоа на 11ти Септ уште нерасонета пискав, зошто мислев бомба во зграда има. Никогаш веќе, Господ нека чува, нема шала со ова.
Не е ни малку смешно кога некој паничи за земјотрес, што сте се фатиле скопјаните, па скопјаните. Молете Бога да не доживеете толку јак или појак земјотрес од 11 септември што го доживеавме ние скопјаните. Никогаш да не се повтори, уште ми е кошмар. Не се плашам толку многу од поплава и пожар, колку што се плашам од земјотрес, бидејќи секунди се во прашање.
Ајде доволно со ваквите муабети. Не е баш место за поделби и "ликувања" кој е по по нај. Барем не на оваа тема и воздржете се од коментари, затоа што невкусно е, без разлика од која "страна" доаѓа. Земјотрес е земјотрес, дали е во Виница, Лондон или во Долнодупени - опасноста е секаде иста и не е ниту најмалку смешно каде дрмало повеќе и кој похрабро "пребродил". Ние секако важиме за доста трусно подрачје, па секогаш периодично дрма во различни краеви и тоа не е ништо ново. Пред 8 години можеби, имаше серија земјотреси накај југоистокот. И тоа баш тресења, не сакам ниту да се потсетувам на тоа, немаше услови ниту за настава, дрмаше цел ден во серии. Не сакате да знаете колку време моите блиски спиеја по дворови. Додека нема поголеми штети не е страшно и за наше добро поубаво е да се трудиме некако да делуваме без паники во вакви моменти.
Епа жалам што ви пречи моето смеење на оваа тема, ама не сум смртно сериозна како вас. И колку и силен земјотрес да почувствувам, нема да се тресам од страв после него туку ќе се смеам. Не мора да ми се нафрлате заради вашите стравови.
Не, нема да се смееш во моментот кога се паѓа, а родител ти е на скали во влез ( скали нели први се рушат), слушаш како нешто ненормално треска.Сакаш и молиш Бога само да престане да видиш дали е жив или неповреден од некоја фасада, ѕид...
Не пишав никаде дека ќе се смеам ВО МОМЕНТОТ кога се' се тресе и паѓа. Значи што се потресовте околу мојот коментар, немало шеги со земјотрес... ако нема не се шегувајте вие, не сме сите исти.