Баш ја барав темава за да прашам дали имало два земјотреса сабајле во 6 часот во Охрид? Јас веќе изгубив осет последно тој во вторникот во 15 часот го сумив се друго навака не.
3.3 бил синоќа , дечко ми живее подалеку од епицентарот ги сумил убаво здрмале. Јас поблиску и не и се чудам како пошо мн лесен сон имам . Сега баш видов на О2, четири земјотреси имало. Повеќе не се во близина на Косел од другата страна се накај Пештани.
Кога ќе прочитам во темава дека имало, ми се превртува желудникот без разлика каде и да се случил и со кој интензитет и да бил. И најмалку е важно дали повеќе биле исплашени во Ск. или Охрид, не сме мали деца па да се расправаме на кому повеќе страв му било. Видовме минатата година во септември што значи јак земјотрес и од сите тие кои го почуствуваа тука во Ск. ниту еден не се изјасни дека му било убаво и смешно тие неколку секунди. Во такви моменти не е можно ниту да се бега затоа што те занесува на сите страни и те враќа наназад, очекуваш во секој момент објектот да почне да попушта и сето тоа проследено со јаки татнежи кои дополнително создаваат паника. Единствено ти преостанува да се молиш да прекине. И јас пред да почуствувам такво нешто им се чудев на постарите жители на Ск. зошто толку паничат дури и при мали земјотреси. Сега ми е јасно.