Цел се тресам. Ко рипнав од местото ко фатив да трчам. Порано никогаш не реагирав на земјотрес. Нема каде да се оди, кај ќе бегаш од дома?
А што има да кријат? Земјотрес е ова, природна појава, не можеш да го сокриеш земјотресот. Скоро по сите вести известуваат дека над 800 земјотреси имало во последниве две недели.... Плус нагласуваат секој ден дека и денес е почувствуван силен земјотрес во Охрид и околината. И секако по сајтовите насекое има.
Ништо немаше неколку дена ко наеднаш душата ми ја извади од страв. Ко за белја не спиев ноќеска сега цел ден ќе правам филмој. Мораше и ова да го дочекам, не дека си го сакам местото на живеење.
Не пиши колку да напишеш. За Скопје цело време 3000 експерти даваа свое мислење и смируваа. Сега се штама. Природата покажува знаци ако се случува нешто внатре во земјата, 21 век е нив им е работа да пратат. 50 земјотреси имавме и никој не се замара.
Ти кажувам дека кажуваат секогаш по тв, што се буниш одма? Ти ги следиш експертите дали кажуваат? Ај пиши на гугл за сегашниве земјотреси и види колку вести ќе ти излезат. Не си знаел дека известуваат по вестите, еве јас ти кажувам дека редовно известуваат. И 50тина земјотреси може луѓето сетиле, инаку над 800 се регистрирани. Во моментов сите што посакуваат е да заврши ова, а не некој експерт да ти соли памет и да ти кажува да си смирен.
Страшно,следам на апликација на моб,постојано дрма,и сфаќам како вие,го поминавме лани и ние,и мислам дека после месец дена јас ме бев смирена,се нешто ми дрмаше,до толку уплав имав Незнам што вака се поремети,и јас со моиве години вакво нешто немам доживеано
Не да плашам, афтершокови ќе си има... Господ нека ве чува. Морници ми дојдоа и слика од лани. Замислете 5.2 Седете си на плажи.
Не ни замерувајте нас од Охрид шо паничиме, не сме навикнати Вие од Ск си ја научивте како песна и затоа сме ви чудни.