Дечки охригани како сте? Не се плашете, ќе се смири. Нас Скопјанишчата исто ни беше вака лани, па еве не живи сме.
Моментално сум на викенд во Охрид и утринава околу 11:30 ме разбуди силно нишање на креветот и на предметите во апартманот. Навистина беше страшно и стресно...
Требаше да влезам под туш сега не знам дали е паметно. Психички ќе оболам на млади години. Се ни е погодено нас, уште земјотреси немавме. Да се спакувам јас и во 6.00 на автобуска, ама да имав каде да одам.
Кoгa беше нaјгoлемиoт вo Ск, гледaв серијa и сегa некoгaш кoгa гледaм филм или серијa си зaмислувaм кaкo здрмувa. Декa ќе oбoлиш немa, aмa мoжнo е дa имaш некoи вaкви флешбекoви oдвреме-нaвреме.
Мајка ми ми раскажуваше случки од детството, после катастрофалниот во '63. Нели, секој ден тресело во наредните месеци, но помали земјотреси, а они имале во маало некое ѕитче на кое седнувале и чекале да дрма зашто со дрмање ги буткало од ѕидот и паѓале, а паѓале и од смеење Само што тоа биле мали безгрижни дечиња кои научиле да живеат со секојдневни земјотреси.
Најјакиот каде? Во Ск, така малку ме стресе ама не беше како тој лани кога ми испопаѓаа работи по дома.