Дали е можно цела Македонија да го сетивме истиот земјотрес? Во Бт на приземје кај моите, и звук и прозори се занишаа и креветот мрдаше. Среќа не бевме дома на високо, ептен паничам, не знам што да правам тогаш.
Ова јако беше. Сега кола да помине се плашам од звукот. Само гледам во лустерот дали се ниша. По ова ќе видиш колку сме мали и небитни суштества на земјава... Мал милиметар да се помести земјава, кај нас 300 штети ќе направи. Се плашам од афтер шокови
Исто. Ме фаќа паника само што мислам. Не можам да се смирам, не знам што ќе правам до после. Сакам дома да си одам
Гледам епицентаров пак бил во близина на село Косел. Добро некој знае што се случува со вулканот? Информираат по телевизии? Јас нигде немам видено
Дечки, одете кај некои роднини надвор од градовите, вие од истокот доколку сте во можност. Афтершокови мора да има. Одете до носечките ѕидови и без паника, ќе биде во ред.
Ќерка ми вика во приколка се испопаѓало. Мајка ми во моментот била во продавница. Од рафтови се на земја паѓало.
Можам само во Ск да одам кај роднина. Не знам !! И мене не ми се мрднува од дома ама со ова се прели чашата. Во 16.00 имам автобус. Се спрема и невреме во Охрид, ќе ми ја уништо психата.
Да се надеваме дека е готово, но за секој случај земете си до вас поважни лекарства што ви се неопходни. Јас си ги прибрав до мене лекарствата за астма. За недај Боже, само нив ги грабнувам и бегам....друго ништо не ми треба.
Гледам, низ мојот роден град се зборуваа за тоа, само кажи ми кој е тој, инаку има што да го убијам со голи раце ..