И телевизииве бе...ништо да не се кажело. Цела мк се стресе, тие топ шоп им е битен. Па ти мисли ги луѓено.
Едно време го имаше по фб го ставаа,незнам како се презива,ама демек тој ги предвидува земјотресите,будала ненормална што сакаш од таков човек.
Земјотрес не се предвидува. Нерационален е стравот според мене.Комшиката моја спиеше надвор неколку недели после ланскиот во Скопје.Не треба паника да се создава,треба само мирно да се реагира и колку што е можно посмирено,децата до себе и да се знае каде и како треба да се застане. Ништо не можеме против природата.
На 24 вести сега кажуваат. Да не паничат луѓето, да се вратат дома, имало големи штети, но да останат при себе граѓаните. Сигурно ќе има афтер шокови, но се надеваат дека нема да бидат силни. Накратко тоа.
Бог да чува... Ех да би дознала, би дошла одма до кај него, и би гоо убилааааа !!! Значи имам ГОЛЕМ СТРАВ од земјотрес, а и би умрела од него без разлика колкав е земјотрес ...
Па и овде членки на форумов кажаа дека имало, поентата ми беше дека медиумиве некогаш немаат информации па лаги ни пренесуваат...
Абе убаво велат тие, ама шо да не паничат луѓето, стотици земјотрси во неколку дена. Ај не паничи, да те видам Па порталиве со наслови - Земјотрес во Скопје
Мене дома затворени прозорци ми ги отвори а друга штета мислам дека немаме. Значи дефинитивно да се спакувам за поаѓање. Афтер шокови и се надеваат нема да биде силен
Познаничка која работи во Сеизмолошкиот центар слушнала дека се шушка за Вулканот дека се активирал. Не мора да е ова точна информација, само пренесувам тоа што ми кажале.
А Ина што пишала на фб. Охриѓани бегајте од земјотресиве во Скопје, смештај 1500 евра. Мислам ок ај да се зезаме кога ќе се смири земјава. Сега не знам како им се зеза при вакви ситуации. Осет немаат Скопје може не се сети толку, но јас сум во низ запад моментално и од кожа излегов. Гадно чувство и уште некој хумористичен се прави.