Не е тоа вулкан во Косел, испарува сулфур само, епицентарот бил 10км испод Преспа, значи далеку од Косел...
Ме потсетува како кога на болен од рак мкд лекарите му велат да не се секира и дека е обично масно ткиво. Пред три години, излезе некоја вест дека е забележана активност на вулканот во Косел. Канал 5 цело време спамираа и сите беа револтирани на нив, као се ќе објавеле за гледаност. Експерти уверуваа дека тоа не е повеќе ниту вулкан и дека нема простор за паника. „Одеднаш“ (откако здрма земјотрес од 5 степени и два од по 4), вулканот кој сите го викаат вулкан, а повеќе не е вулкан, отворил 6 нови дувала, и така почитуваните експерти се уважија повторно да го испитаат вулканот кој не е вулкан. Оти досега се си знаеа за него.
http://sdk.mk/index.php/dopisna-mre...o-ohrid-razurna-terasi-odhatsi-ispuka-tavani/ лелеле што читам луѓе пазете се чувајте се ова е лудо
Еве јас живеам во населба што е споена со Косел и знам кога дува и кога е ладно се осеќа и до дома. А кога се поминува низ Косел стандард мириса. Но дм сабајле додека беше наработа ми кажа дека ептен мирисало на сулфур. Така што статијава од бубаче држи вода. Забележуваме веќе цела недела џипови кои одат до вулканот. Последниве епицентри се пред влезот на Ресен. Не се блиску но не и многу далеку од Косел. Но имаше и доста во Скребатно и Завој . Јас освен тој јакиот друг не сетив а сега гледам уште 4 имало
осеќам чудна горештина на нервна база. Се спремам полека за излегување ама несум уште сигурен дали да одам. Ми се расипаа сите планови :/
А кај ќе одиш??? смири се, знам како ти е, и ние лани тоа го проживеавме во Скопје, и да дојдеш тука , може и тука да здрма, само без паника, се надевам дека после ова нема веќе да има, освен помали афтершокови што е нормално после толку силен Јас сум во куќа па бев цел месец под стрес и на штрек, ќе помине
Сум бил таму, нема Вулкан, има некакви дупки од кои испарува сулфур и корне во радиус од 5км не знам како се навикнуваат на таа реа...
Акo нa секoј пoгoлем земјoтрес се aктивирaaт вулкaни и цунaми не знaм кaј ќе беше крaјoт. Нoвинaрите сaмo чекaaт нештo вaквo дa се случи и дa нaпрaвaт уште пoгoлем филм. Пoрaди вaкви прикaзни пoлa Скoпје цел месец oкo не склoпи...
Не може да накачува па да се симнува, треба да има помали. Така беше во Скопје после 5,3 степени имаше помали од 2 степени. ( нека ме поправи некој ако грешам.) Значи после тој 5.3 степени после 15тина минути имаше уште еден тамн да се симнеш пред зграда и задрма. Следуваа помали земјотреси. Мислам дека медиумите не не известуваат доволно и да има некаква вулканска активност најчесто самиот вулкан ги предизвикува во негова непосредна близина, не тврдам дека е така само по тоа што имам гледано документарци па си донесувам мислење.
Таму кај што е почувствуван земјотресот не приметивте претходно поголема раздвиженост на инсекти, глувци, се што живее под земја?
Медиумите само од вакви работи имаат читаност, за жал. И одамна се знае дека се речиси трагикомични во нивното пишување. Не се свесни дека има и мали деца кои читаат и притоа им стварат страв. Се надевам дека ќе се смири тлото што поскоро.
Доколку живеете во градба што е градена после 1963г. би трбало да е согласно сеизмолошките стандарди и да нема гајле и може да издржи и земјотреси до магнитуда 7-8. За инфо, помеѓу магнитуда од 6ка и 5ка, разликата е 10 пати. Значи земјотрес со магнитуда од 7 е 100 пати посилен земјотрес од 5ка (како што беше овој). Тресењето и бучавата се вознемирувачки, ама имајте предвид дека има предели на Земјава каде луѓето на неделна база си осеќаат вакви земјотреси, се навикнале на нив и си функционираат нормално без никакви паники. Кај нас, како и а многу други работи, така и за ова треба да се смисли кривичен закон за луѓе кои шират непотребен страв и паника особено со лажни информации.
Сега веќе свашта ќе зборат, и упорно со едни исти прашања од типот има ли место за паника, се очекуваат ли нови потреси. Јас стално очекувам дека може да има, зошто тоа не се знае кога може да удри. И кога ќе се смири тлото, ќе здрма во друг град, и пак ќе биде иста прича, ќе има ли пак и бла бла.... Колку и да не треба да се паничи, реакцијата е во тој момент, упатство за употреба нема...само присебност, да нема после скокање од тераси, стампеда и слично. Страв ми е многу, на психијатар завршив после септемврискиот, ама не треба на секој потрес да се траумаризирам.
Сега ми текна дека мачорон мој вчера цел ден само трчаше, се криеше и мајукаше... Тогаш мислев дека е поради гостите, дека прв пат доаѓаа, ама изгледа не било
http://mkd-news.com/skopje-na-noze-detali-za-silniot-zemjotres-shto-gi-voznemiri-skopjani/ Гасете интенрет Скопје на нозе????? Скопје го стресе земјотрес???? Скопје се вознемири??? Скопје?? Сериозни се???? Значи западов од корен се корнеше, ама Скопјани биле на нозе А Охриѓани не се исплашени, што е за нив ова дрмање, ене ги си пливаат без гајле во езерото Алоооо не се врти се околу Скопје