Не знам дали слушнав, ама се наежив одеднаш, и еве неколку пати после тоа морници ме пролазуваат. Во соба имам онакво ѕвонче што ѕвини на ветер, па по тоа бев сигурна, а и мачево до мене се разбуди а инаку спие ко топ.
Не е толку страшно? Не дај боже речи само. Кога природата ќе здрма, ништо живо не те спасува. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=syPYHRSkVeQ&feature=related Ова не е страшно?
Обично ги осеќам земјотресиве ама за овој не бев свесна. Гледав некој филм па сум заспала тоа време, ама паметам дека цела нок се будев, може 5-6 пати, не можев мирно да спијам, можеби тоа влијаело врз мене. Мислам дека после земјотресов ќе се смени климата, а и кога станав конечно утрово, мускулите на десната нога ме болеа многу, како дрво ми беше листот на потколеницата. Па вакво ладно време во мај очекувано беше дека ќе донесе некоја катастрофа.
Јас ептен се преплашив,ме нишаше во креветот Страшно беше Ама осетив само еден тој во 2ч,а маж ми како топ-ништо не осетил
Леле ние овде сите осетивме , бидејки сме близу границата со Бугарија Не бев заспана добро а мм седел на компјутер , кога почна да ниша не ми текна што е , и потоа рипнав и маж ми викаше ******* , земјотрес!! и кога станав се уште се нишаше , многу беше јак , се преплашив искрено , лустерите мислев ке паднат! цела нок немав спиено
Не осетив и боље око не ќе сколопев. А не ме ни чуди, како се зареди во околниве држави....знаев дека кад тад за брзо време ќе има и кај нас.
Го осетив и јас И тоа на два пати онака убаво здрма. Првпат во 2:00, па после во 3:30. И око не склопив цел ноќ. Ризик јак, душа мила
Може да ми кажете во кои градови се осетил земјотресот бидејќи кажуваат сите „осетив земјотрес осетив земјотрес“ а не кажуваат во кој град се наогаат?
Ако и во СКопје се осетил земјотресот а јас ништо не осетив, значи стварно сум коњ. Будна бев, гледав серија, а не осетив ништо, ни најмала вибрација .