Добро бе луѓе, чувајте си ги нервите, немојте и на коментари што ги читате виртуелно и што малку ќе ве погодат да рипате. Дури и блага шала можда на тој што ја прави му е некаков одбранбен механизам за сопствениот страв, иако и јас сум чувствителна и плашлива и лично не би се шегувала ни случајно во ваква ситуација. И никако не читајте фрикови како оној Владо, фаци склони на теории (на заговор) од типот како Миленко и Јанко и не верувајте на информации со извор „пријателка на братучетката што се познава со некој од сеизмологија“...
Мој совет шетајте, не седете по социјални мрежи, особено тука. Мава на психа не се шалам. Јас лани после тој 5.3 бев по паркови, јадевме, пивце некое, ќе залади во кола, па дома по еден ап за смирување и магнезиум директ, спиев како бебе. Ќе си направите сериозни психички проблеми. Пре недај Боже срцев удар да стрефи, него да ве утепа земјотрес. Идете на матичен дијезепам, хелекс, некоја легална дрога, ако веќе толку не можете побарајте. И тоа е за луѓе.
Имаше сега пак пред десетина минути Сетив дур седев на кревет Ама сите ќутат дома ќутев и јас ,мислев умислувам Сега гледам на апликација стварно имало
Една на вестите на канал 5 вика си седевме ние така и одеднаш почнаа да паѓаат по некој делови од зградите ама не беше ништо страшно
Јас не ги сеќавам послабите. Минатите две недели не осеќав ништо или многу малку ама овие два дена сум загрижен
Скрајада е оваа да ја следам. Ама ете ќе се најде некој пријател од пријател на пријател, што ќе ја лајкне/сподели, и редовно ми излегуваат нејзини глупости. Ама убаво ти текна да ги сокријам сите нејзини објави Леле неколку месеци бев опседната со last earthquakes, и таман заборавив, ете сега пак само тоа гледам на мобилен...Пред 30 минути имало 2.8....Ќе полудам Готово, не гледам веќе
Народе ,феминки,пријате и пријателки да не се караме каде бил појак земјотресот. Да не паничиме знам дека е страшно мене од сон ме има штрекнато незнаев кај се наоѓам знам како е. Али да се држиме сите било од кој град сме било која националност сме СИТЕ СМЕ ИСТИ СИТЕ СМЕ ЛУЃЕ Знам испничени сме ќе се смири се само треба време Верувам во бог дека ќе не чува сите од овие непогоди. Поздрав до сите ве гушкам.
Ајде доста веќе со паники. Наместо да паничите земете прочитајте како да постапите во случај на земјотрес. Тоа е што е. Не дај боже од паника само полошо. Бришете тоа апликацооте пуштете си некоја комедија и кулирајте. Излезете во парк. Каде било. Не си правете непотребна психоза. Грозно чувство ама ако е не дај боже катасттофален земјотрес нема да имате време ни да пишувате овде ни ништо.
Таман се прибрав од двор Ете го уште еднаш. Јас живеам во опасност и вие пак не бришете заебанции на моја сметка немало шанси шкаф да ме утепа, оди мори таму
Тргни се од тастарура, напиј се нешто за смирување и диши. ниту паника ниту карање по форуми не се лек за ова...
Охрид не е Скопје затоа нема по медиуми, Охрид не е град на елитата затоа, во Охрид не живеат луѓе изгледа. Во Охрид или поточно Ресен каде е епицентарот имаше над 500 земјотреси, или ако им веруваме на точната бројка тогаш имало 800, сеедно, над 100 имаше. Таа бројка не е мала, во Скопје имаше 5 па се кренаа луѓето готово се руши метрополата, а овие две недели има над 100 земјотреси. Тоа што не се осеќаат не значи дека не се тресе земјата, значи тоа бара испитувања, а не да се остави две недели да се тресат луѓето без да знаат зошто, бидејќи така природно не може да е, не сме Јапонија ние и Охрид не е Токио. Тука како што веќе сте пишале има и вулкан, смешно не смешно ама тоа е, во близина на Охрид има вулкан кој многу лесно може да се активира после вакви силни земјотреси, да се потсетиме вчера имаше два со јачина од 3.5 и 4.2, ноќеска имало од 3.9 и сега од 5. Значи прво што требаше одамна да се направи е да се прати екипа таму и да се испита, дали може да се стравува од активирање на вулканот и ако не дај боже се случи тогаш кои се превентивните мерки, бидејќи јас колку што знам сулфурот диоксид е отровен. Втора работа што треба да се направи е да се престане со "еве после јак следува слаб" "тлото се мести и сега после јакиов е наместено". Не, не е тоа сложувалка па да се мести, ниту па некој игра шах доле па да мести фигури. Тоа е природа, моќно оружје кое никој не го предвидува ниту па знае кога ќе удри, бидејќи никој не живее 10 километри под земјата. Затоа треба да се престане со тоа туку да се мисли на превенција од тоа. Превенција, не се лажете, нема да ве спаси дрвената маса ако падне бетонска плоча. Ќе ве спаси ако брзо излезете надвор на отворено и клекнете или легнете. Под брзо мислам брзо одење, бидејќи ако трчате може да се повредите. Трето што требаше да направат е емисии и анализи и смирувања на населението. Таму се селани околу епицентарот, не можеме да очекуваме да имаат лаптоп и да пратат. Треба да има емисии и анализи на тие емисии. Со лесно нека е, не може вечно да трае.
Подобро се осеќам со телефонот в раце. Нема да пијам лекарства зошто ги пиев за екстерните и не ми помагаа, за земјотрес нема шанси.
А демек полесно ќе ви биде ако вестите се преплавени со земјотресите? Новинарите само вештачка тензија прават. Самопрогласените фб експерти- уште повеќе. Добро ви велат и другите. Баталете интернет и вести, излезете, правете нешто и не ја верглајте ситуацијава со сите. Земјотрес е природна појава и за него нема најава ни предвидување, затоа не си ја мачете душичката. Што треба да биде- ќе биде, без разлика дали вие се секирате за тоа или не. Ланскиот скопски земјотрес многу ми удри на психа, поготово што имавме значителна материјална штета. Видов дека кога сум опружена со луѓе што само за тоа зборат, тензијата повеќе ми расте. Шетав, одев во парк, правевме собиранки во дворови... Фб и портали тотално престанав да читам. Господ нека е со вас, Охригани. Св. Наум нека е на помош.
Еве дадоа на сител вести како во маркети во Охрид се паѓа од рафтови.Охриѓани држете се ,вие ако паничите како ќе биде за туристи кои ви идат летово.Башка и залади опуштете се шетајте .До неодамна мали земјотреси ја погодуваа Струмица ,сите паничат се стресуват јас ништо хах дури обожавам малку да здрма интересно ми е чувството.Но никако не сакам штети матријални од земјотрес или човечки жртви недај Боже.Ајде по една молитва од сите за Охрид,Господ да ве чува