Абе луѓе, сериозно во вакви моменти ви дошло да се препукувате кој е поважен, и да правите споредби Охрид/Скопје? Земјотрес е, не е натпревар, аман. Гледајте си здравјето и безбедноста, не е од животна важност дали ќе ве спомнат на ТВ, или не. Сте запнале Скопје, па Скопје... Во Скопје има луѓе од цела Македонија, не сме ние Скопјаните "златни" или "посебни", па да се натпреварувате кого повеќе ќе го спомнат во медиумите. Шта речи...
Опуштете се има и полошо. Замислете да сте на кардиологија, да ви прават операција на срце и баш тогаш да здрма 5ка
Луѓето сакаат да бидат подобро информирани, што има погрешно во тоа? Скопјани лани правеа стампеда, се повредуваа при бегање, сега смируваат Охриѓани да не паничеле.
могуче е за пола сат 3? и сега беше јакичок... јас сиспремав куферчињата и од на 7ми се селам на приземје. Сама сум, ќе збудалам вака
За медиумите се во право Вејв. Лани за нас во Скопје, ударните шпици беа преплавени со наслови - ,,Нов земјотрес го потресе Скопското тло" ,,Скопјани во паника продаваат станови" кревајќи ја тензијата на уште повисоко ниво, одошто беше. Сега за Охрид, Ресен и Струга само се спомнува. Не е главна вест на денот, нема вонредни вести за силниот земјотрес, нема брзање за преглед и санација на штетите, пошто нели станува збор за стари (,,небитни") градби во покраината. Не може да сѐ очекува смиреност кај населението кога земјотресите континуирано траат две недели и се појачува нивниот интензитет. Мора да сѐ излезе со прецизни анализи, наместо со лажни пораки за смиреност.
Имаат граѓанско право да си викнат служба за проценка на штета, и да побараат оштета, доколку имаат поголема штета. А околу медиумската фама, што се крена околу земјотресите во Скопје, мислам дека ниту за тоа имаше потреба, ниту пак сега има потреба. И онака нема ништо посебно да се каже, тоа е што е, само се крева паника кај народот, како што беше случај лани.