Оди ова кажи им го на жителите од селата близу Ресен. Тие верувам читаат Фемина па можеби и нема да мораш да им кажеш. Да не ме сфатиш погрешно, работата е што треба да има вонредни вести на секои 2-3 саати за да се знае низ цела држава каква е моменталната состојба. Не може само кога ќе е во Скопје да е, никој не се мери, самите медиуми ја прават таа поделба.
Страшна работа се земјотресиве нека завршат што поскоро. Јас сум далеку од Охрид и Скопје и немам почуствувано земјотрес. Мајка ми пак веднаш паничи бидејќи за 2 недели ќе одам на одмор во Охрид и велам се надевам дека до тогаш ќе престанат не можеме ние ништо да смениме. Божја работа е.
Зошто? Која ќе биде целта на вонредните вести, освен создавање паника? Ќе спречиме ние од овде нешто, или?
Лелеее страшно е веќе се надевам дека ќе престанат, од толку што ми е во психата цело време мислам дека тресе. А Охрид целооо време има, не многу големи ама сепак се чувствува.
Седиме со брат ми в двор со ќебиња покриени се смееме на сета мака му велам што значат па сеа тие афтершокови, ми вели исто што и афтерпарти
Како да не паничиш постојано дрма јас не сум паничар ама ова денес што се случува е страшно, ѕидови испукани, оџаци паднати ...
@elimkd Ели ма со помин нека е навистина ми е жал за вас и сите охриѓани , знам како се чувствувате бидејчи ланската година во иста состојба се наоѓаа граѓаните на Скопје каде живее и мојот брат поз.се најубаво
http://www.novamakedonija.com.mk/Ne...Косел&id=8f82e167-52fe-44b8-b185-5b673147827e Што значи ова? Дека ќе прекинат?
Ако видите по интернетов ке приметите дека епицентеите се на 2 до 4км под површината на земјата. То значи дека изворот на тресењето е длабоко под земја. Езерото нема никаква врска со земјотресиве, ниту некаков вулкан во исчекување. Се наоѓаме на расед меѓу евроазиската и африцката тектонска плоча. Раседот минува низ турција, грција, балканот и италија. Сите разорни земјотреси за кои што слушавме годиниве се на истата тектонска линија. Ова што го доживуваме е глобален настан. Ниту езерото е криво, ниту вулкан некаков, а уште помалку поединци.
Ова сега што го пишуваш е ок, ама претходниве мислења додека ти ги читав си помислив дека ти го хакнале профилов, па некој безврска си пишува глупости Посебно кога си пишал замислете да сте на операција и да фати земјотрес Мислев некој трол пишува, ама после го видов твојот ник и се зачудив
Нема да коментирам ништо посебно, ама многу се чудам кога некој ќе каже дека е смешна некоја ситуација која понекогаш загрозува човечки животи... Не знаев дека може да биде смешна! Господ да не чува сите!
Е значи ич не ве сакам кога сте волку сериозни Докажано е според Фенг Шуи дека смеењето шири позитивни вибрации кои меѓу другото смируваат и земјотреси Охриѓани обавезно да си го ислушате песничево пред спиење..
Луѓе значи не зборете глупости и препрочитајте се пред да пишете било што. Минатата година вие не тешевте нас, бевте уз нас, сега сме ние уз вас. Да гледаме ако можеме и колку можеме да си помогнеме, а не да се караме за глупости. Има број на time.mk отворени шатори за вечерва во Охрид, ако сакате јавете се за вечер засолниште да имате надвор од куќа доколку ви е страв. http://a1on.mk/archives/759683
се надмина. Се чудам МОДЕРАТОРИВЕ зошто не реагираат на глупостиве. Мирна ноќ охриѓани, Господ нека ве чува! Кој осетил на своја кожа, знае.