Добро бе луѓе добро. Кажа Евангелос дека сака да шири positive vibes. Демек додека едните сочуствуваат многу, на другите баш им е гајле. Аманн.
Издржете охриѓани Јаки сте, ќе го надминете ова Охрид е свето место, ќе ве чува Бог Не може вечно да трае.
@ocicka2014 ми се допаѓа твојот хумор, супер си најдов уште една со смисла за хумор на темава Иначе лапнав дух и витамини, затоа духовит, слично како оние таблетите дуовит. А ти како? Сериозноста, загриженоста, стравот, паниката ти помагаат ли во заштитата од земјотресите?
Абре аман со постовиве неможам да се начудам , ко некоја трагедија недај боже да се случила па пишите издржете Охриѓани што да издржат леле аман не кревајте толкава паника , ако е за идржување никој не знае каде и кога може да фати јак земјотрес, на пример Охрид тресе цело време и ништо не се случува посериозно а некаде еднаш ке стресе све ке направи пепел , не кревајте паники ако вака креваме паники цел живот треба на штрек да живееме дека ете некогаш ке фати земјотрес .
На мажените и женетите им предлагам да се издрмаат убаво во кревет со партнерите. Доколку вашето дрмање е со поголема фрекфенција и амплитуда од евентуалните земјотреси, нема да ги осетите и следствено нема да се уплашите. А плус и поубаво ќе си спиете потоа
Дрмат не прекинвит, цееел ден надвор сме еве и вечерва исто. Кај нас па како се осеќат, тука блиску- како прва линија да сме до епицентарот. После тој во 13.18 речиси цело време тресит, колку само не се регистрирани. Сега во рок од 15 мин, два имаше..
Јас тебе ти предлагам утре рано да се качиш на такси и да му речеш да вози на улица Белградска кај МВР, ако си од Скопје секако. Што има таму? Институција за вакви како тебе.
Znam kako vie, I vo Sk koga udri najakiot zemjotres posle toa vo 8 imase use eden od 4 stepeni. So meseci uste treseshe. dve nedeli bea polni so zemjotresi.. i pamtam vo 2 :00 saat posle dolgo vreme otkako prekinaa deka zadrma jako. bez paniki, vo toj moment samo treba da se znae kako da se zastiti i sve da bide ok. priroda e, nitu znaeme koga pak ke zadrma nitu ne mozeme nisto da napraime.
Охриѓани и сите што сте блиско до Охрид, ви посакувам да имате мирна ноќ без земјотреси, со верба во Бог легнете одморете се и не се плашете.
Наспроти смешките за вулкани и разни новинарски паушални текстови желни за сензационализам, еве нешто од науката, поточно од проф. д-р Ивица Милевски од институтот по Географија на ПМФ во Скопје: За земјотерсите во Охридско, нормално дека никој не може со 100% точност да предвиди кога, каде точно и со колкава јачина ќе се случат, ама треба да се знае дека: статистички, според историски податоци и реконструкции, во Охридското епицентрално подрачје силните земјотреси над 4М се многу ретки (на 50-100 години), со и над 5М се уште поретки (на 300-500 години), а со и над 6М на околу 2000-3000 години еднаш. Според геолошко-седиментолошки записи, најсилен земјотрес во охридско-коселксата област во холоценот достигнал 6,1М (како скопскиот во 1963), а нешто послаб во VI век, со околу 5.8-6М. Охридското епицентрално подрачје е значајно по тоа што сеизмичките бранови се протегаат (пропагираат) главно долж централната раседна линија (раседот во подножјето на Галичица и на север до Косел), а потоа кон рамката на Охридската депресија, односно кон северозапад и југ, додека послабо латерално кон исток и запад. Длабочината од мин 10 km е одговорна за големата регионална распространетост до радиус од околу 150 km. Шансите за посилен земјотес од 5М (во однос на максималните забележани, типот на раседите и локалните блокови) е многу мала, а нешто поголема е кон Св.Наум и Поградец, ама овој јазол моментално не покажува активност. Проблем е големиот број постари асеизмички градени објекти во Охридско кои може или претрпеле штета заради градбата, иако карпестите маси кон стариот дел на градот се релативно „еластични“. Секако, нема никаква опасност од класична ерупција на Косел (освен зголемено исфрлање на гасови, без оглед на затрупаноста на каналите со шут), но можна е промена на режимот и издашноста на некои локални извори и како што наведовме за очекување се десетина послаби земјотреси кои ќе следат во деновите, па и 2-3 месеци по овој пик од 5,1М. Уште помала е шансата за појава на мини-езерско цунами (тоа би можело само доколку се јави огромен одрон или свлечиште кон езерото, ама нема услови за такво нешто). Значи според очекуваната дури и максимална магнитуда, типот на подлогата под Охрид, еластичноста на карпите и др., нема потреба од страв за некаков разорен земјотрес или поголеми штети. Единствено треба поголемо внимание ако се живее или се поминува покрај стари објекти без бетон и арматура и со издадени балкони, настрешници, лимени и други додатоци, високи оџаци и др. и тоа особено во следните 2-3 дена и особено во селските населби кон епицентралниот дел. (Извор)
Нема простор за паника затоа што некоја статистика кажувала дека земјотреси од 4 степени имало на 50 години. Вчера имаше во рок од 10 минути два од по 4 и тоа со длабочина помала од 5км. Фак оф со статистики.
Охриѓани и околни места, како ја поминавте ноќва? Имаше нови потреси? Нека ви дава Господ сила, трпение и мирно тло.
Имало и ноќва,јас мирно спиев со три деца на седми утрово осетив два помали, мада имало повеќе. Апел до сите а особено до охридскиве мои комшии - смирено и без паники и непотребни стресни објави по фб бре луѓенца!!!! Со стресот шо постигвите??? Со стравот ??? Само лошо за вашиот организам. Јас сум чудна во очите на сите зш мирно спијам и дур дрмат си продолжвам да пеглам :/ Ви праќам на сите позитивни вибрации, љубов, смирение и трпение!!!
Фала богу некој разумен пост. Значи јас цел живот живеам во зграда на 4 ти спрат. Сум поминала многу земјотреси. Само едно да ви кажам, кога дрма земјотрес не се бега по скали !! Ако е не дај боже катастрофален прво скали паѓаат. Пикнете се под маса и чекајте да помине. Овие земјотреси во Охрид и лани во Скопје не се катастрофални туку се непријатни зашто се плитки. И повеќе ги осеќаме. Без паника, смирено и без лоши мисли. Со паника само лошо ќе направите и на децата им пренесувате паника.
Ноќва помина релативно мирно, освен овој сега пред 10тина минути што ме разбуди други речиси да немаше, бидејќи беа слаби... Да се надеваме дека ќе се смири тлото, и нема да има поголеми. А за безбедноста јас знам дека бетонските зидови носачи се најбедбедни, а тоа е обично зидот над влезната врата односно застанете под касата на вратата.