Па така треба.Шо е она по фб бре луѓе паники стравови !! Јас сум толку смирена, трезвено кога дрма организирано ги земам децата под носача каса, имам обезбедено меки наслони тука, ранец со најбитни документи и шише со вода. На 7ми сум и оваа зграда од ко сме вселени при земјотрес не паднало ни вазниче. Вчера на тој од 5 се скрши рамка за слика и три чаши. Некои на призрмје имаа и пукнатини. И логиката ми е, не се знае со природата, може да се замири и за некој ден да здрма пресилен. Може после месец. Може и сега. Шо е пишано ќе врви. Ако паничам ништо арно нема. Останете смирени!!!
Убаво е да си смирен, со паника ништо не се постигнува, но за време на земјотрес треба да се тргнеш од електрични апарати, вода и слично. Јас би ви препорачала да не ги следите многу апликациите за земјотреси, јас само поголем стрес си зададов со нив. Ве мислам Охрид, бидете добри се надевам за брзо време ќе се смири тлото
Браво @♡BuBaLe♡ ! Сешто се пишувало на фб, дека ќе има многу јак земјотрес вечерта, па еве да се уверат луѓето дека не треба да читаат шпекулации. Лани по скопскиот 5.3 такви глупости се пишуваа, а што е најтрагично луѓето веруваа во тие глупости. Од лажни апликации, пророштва, предвидувања, па се до разговори со Светци и приказанија. Ве гушкам сите
Сфаќам дека сте потресени, и земјотрес можи да направи огромни штети, ама вие повеќе си штетите себеси стресувајќи се. Колку сте поанксиозни и под поголем стрес станувате свесни за околината на поинаков начин, чувствувате се макар и не било земјотрес, туку некој камион пон прозорец. И тоа е факт кој се јавува при секоја стресна состојба. И што најчесто не сфаќам е, зошто користите апликации кои детектираат земјотреси? За и да не почувствувате некој да се стресите дека го имало кога ќе ја видите апликацијата? Да, знам, сакате да знајте, се плашите, но знајте за тоа откако ќе се случи земјотресот и сметам апликацијата е непотребна зошто можите да сетите земјотрес ако има, а ако некој не сетите барем ќе се лишите од непотребна паника. Паниката не ви помага, ова што го пишав е најдобронамерно. Во животот имам сетено два земјотреси и замислете да се стресував за сите тие стотици земјотреси кои се случиле последните 20 години кои јас не ги почувствував, само зошто апликација ми кажала дека има. Земјотресот е нормална појава и ако сте на штрек сега, треба да бидите постојано зошто прво идат посилните земјотреси, а после оние послабите. Се најдобро и најдобронамерно, најдете начин како да се релаксирате.
Јас и моите дома си останавме. Добро беше ноќва . Нон стоп има потреси не е престанато воопшто. Ретки се големите само мали и слаби има секој го почувствував но не паничев баш напротив си продолжив да спијам. Сега ги обавувам домашните обврски . Што е тоа е. Едит: Кај нас фасадата многу малку е испукана и по скали од 1 до 3 спрат е изронат ѕидот. Кај мене во соба само имаше хаос шминките и парфемите беа на земја. Се друго е океј.
Што се фаќаш бе Simonka за сламка, никој не рече дека немажените и женетите немаат секс, пoентата е овие мажените и женетите имаат повеќе прилики за секс во текот на денот пошто заедно нели живеат а овие што се во врска дури се договорат за да излезат ке фати уште еден земјотрес
Јаки ми сте вие што викате мачките или другите животни вечерта пред земјотресот чувствувале нешто. Не можат тие еден ден порано да чувствуваат, 12 часа, 5 часа. Неколку секунди пред земјотресот, само тогаш може да се почувствува. Имало и некоја направа што била измислена за предвидување на земјотрес па, логично, реагирала само неколку секунди пред тој да се случи. Повеќе не може.
Сега добив информација дека од Општинана во Охрид и од полиција било соопштено од 12 до 1 часот да не се седи внатре, наводно голем земјотрес се очекувало... Не ми е јасно зошто се крева тензија и се шират вакви информации кога во пракса не е можно да се предвиви земјотрес освен неколку секунди пред да стреси. Аман веќе! Никому не му годи паниката!
Како може да шират вакви информации, посебно општината и полицијата. Па најголемите научници во светот не можат да предвидат кога ќе здрма јак земјотрес, а не па и во колку саат ќе бил
Па полицајци се... Што очекувате од полиција, нешто паметно? Не ги прават за џабе вицови за нив Не слушајте такви работи, запамтете дека НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕДВИДИ и баталете ги. Полициска логика: - Вчера имаше јак земјотрес крај 13 саат, епа може и денес да има во исто време... Дај да упатиме апел за да не седат дома.
Дали може да ни кажеш каде било соопштено од општината и од полицијата за земјотресов? Од каде ја доби таа информација? Фала.
Сигурно на другарка и вујната, па нејзината тетка од страна на мајка и има колешка што има внука на која дечко и работи во полиција и им кажале. Така одат тие битни информации од прва рака
И како ова го стави во официјално известување од општината или полицијата? Па и на форумов ширите дезинформации од рекла казала муабети. Така ќе се предвидел земјотрес. Мене повеќе ме интересира активирањето на вулканот Косел, колку тоа би било штетно по околината и по здравјето на луѓето. Дали тоа би можело да се одрази на загадување на подземните води? Дали ја проверија водата колку е безбедна за пиење и употреба? Бидејќи се појавиле и се појавуваат нови отвори околу едниот постоечки и во околината се пронајдени мртви животни. Потребни се повеќе информации околу активирањето и на вулканот а не само за земјотресите.
Не го ставив јас, друг го стави... Во општина ги бркале странките со тој изговор и им велеле да седат на отворено...Како предвиделе еве и јас не знам...Во 10 мин имаше 2 послаби
Добар ќотек за вакви сељачишта што шират паника. Да не се седи дома ова она, како пари да добивате за тоа бе вморони општински. Иначе некој да каже некоја инфорнација ако знае од Ресен и околните села дали има штети? Тоа таму се стари куќи.
Од СВР Охрид ги отфрлиле тврдењата дека се очекува силен земјотрес. Кој го изјавил тоа прв, треба да си седне на обвинителна клупа. @ladyySi другарот на дечко ти може да каже кој кажал тоа.
Наводно откриле тектонско движење на некоја плоча, па додека се наместела се очекувале потреси...Нормална работа, не знам зошто се шири паника за без потреба...И да има потреси, никој не може да каже колку ќе се јаки