Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјотрес!!!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElleS, 15 мај 2011.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Човек кога бира град на живеење, треба да си одбере некој без вулкан или смрдлива поствулканска појава во близина.
     
  2. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    Еве оваа слика е од зграда во Ресен. И тука постојано треси, голем дел од земјотреите се со епицентар во Јанковец -Ресен
     

    Прикачени фајлови:

    На Достоевски му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Многу безобразно од медиумите што Ресен скоро и да не го спомнуваат.
     
  4. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    иначе до Ресен стигна соопштението дека се очекува голем земјотрес и одма паника, само звонат телефони.
     
  5. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    И да каже (не вервам), тоа ќе се префрла од еден на друг, мене овој ми кажа , мене оној, и така до безкрај... Се нема совест ниту грижа дека паниката е лоша работа, не можеме да знаеме како ќе реагираат на тоа луѓето од стравот.
    Како и да е се надевам дека нема да се повторат шпекулацииве, не сите луѓе можат да рационализираат дали е вистина или не информацијата во вакви ситуации.
     
    На Достоевски му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    да, голем дел од земјотресите се со епицентар во Јанковец-Ресен, ама не сме важни ние, во Ресен изгледа не живеат луѓе.
    ако битно сите да сме безбедни, здрави.
     
    На jacqueline.s, cresa-jagoda и sjdgo им се допаѓа ова.
  7. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    И после што ќе ви се медиуми и известувања. Еве зошто, заради вакви изроди општински што шират паника.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Вработените од општина денес нема да работат, ги отпуштиле пошо сметаат дека можно е да има.
    Од мравка направиле слон (facepalm)
    Иначе без гајле кај вулканот немало нови дупки и немало чад се било измислица и имало запалено нешто.
    Повеќето земјотреси се Јанковец -Ресен...
     
    На YoungandBeautiful, Ketchup, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Natalyy123

    Natalyy123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Охридскиот регион (епицентар во Косел) и околината.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    Денес имало еден со епицентар кај Битола.
     
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Aко е стварно сликава од куќа во Ресен се наежив стварно од глеткава ама кај и да е се надевам тлото ќе се смири, сепак не е сеедно кога има земјотреси и кога се за две недели со огромна бројка.Знам како го доживеав ланскиот земјотрес и знам како сте и сега.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Natalyy123

    Natalyy123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Не се толку страшни земјотресите колку што ги кажуваат. Некои велат дека се активирал вулканот, дека Галичица ќе ја снема и што се не..Народот е таков и секогаш ќе зборува, ама си има поставени стручни лица кои кажаа дека нема потреба од кревање паника.
     
    На cresa-jagoda и fina erika им се допаѓа ова.
  13. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    да сликава е од Ресен и тоа од зграда горе на 6ти кат.
     
    На cresa-jagoda и fina erika им се допаѓа ова.
  14. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    Тоа е таа македонска работа, на било кој можен начин да се избегне работа, па макар и најбанална да е :rofl:
     
    На Arthur, elimkd, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Во Ресен се градени колку толку подобро куќите отколку во селата околу Ресен. За нив треба повеќе информации, може на некого помош му треба.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    незнам дали во скоро си бил во Ресен и околните села, нема повеќе типични старски куќи кои може да паднат во секој момент, се е нова градба, нема штети освен некои напукувања ама ништо страшно, нема ни пријавување на штети.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Сеедно, таму не живеат животни само туку и луѓе. Го викаат Ресен град, а не го спомнуваат.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89 и sjdgo им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Не, ова ти што го правиш е контра ефект. Муабети од рекла-казала неможе да се во полза на веќе испаничен народ. Подобро да се чекаат официјални известувања околу некаква состојба (ако воопшто ја има) отколку сами да се правиме експерти и да нагаѓаме. Јас воопшто не сум потресена, баш напротив.

    Во врска со животните, "муабетот" не е од мене туку од научни истражувања. Повеќе "претчувство" имаат само оние организми што живеат под земја и веднаш излегуваат на површина.
    Со твоево мислење некако ептен експертски се изјаснуваш, па дај барем објасни која е причината на волку земјотреси штом ти мислиш дека тоа природно не е :^) Да не веруваш во теориите на заговор на Владо Павлов дека владата во договор со НАТО минираат подземно за да добијат нешто?:D

    Вулканот лесно може да се активира?:^) Па тој не е активен од миоцен, а тоа се милиони години наназад. Сакаш да кажеш за сите тие милиони години немало земјотреси во тој регион? Па баш сега ќе се активира?(facepalm)
    Мислам дека дефинитивно треба малце да почнеш да читаш геологија на Земјата и тектоника на плочи. Премногу сигурно во себе се изјаснуваш а не ја знаеш тематикава. Не е сложувалка ама и е. Постојат неколку типови на местење на плочите.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Читај малце и за македонските раседи, ги има три кај нас. Едниот е баш во тој регион Охридско-Дебарски, другиот околу Пехчево, третиот Скопски и по течението на Вардар.

    Дупките со чад во Косел што ги спомнувате се нормална поствулканска појава кои не се новонастанати. Нема зошто да се плашите.

    Опуштете се малце, напијте се и некое апче ако сте под стрес, но тоа е. Неможеме ништо да предвидиме ниту смениме. Ова не се големи земјотреси, така што земјата ќе се смири. Афтершокови после еден појак може да има и до две години после него. Кога ќе се смирите и помирите, ќе научите да живеете нормално со нив ;)
     
    На Annath, Ketchup, Sanjichka007 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Затоа и не ја наведов како веродостојна информација, туку пишав ''слушнав". Не сум јас одговорна ако некој паничи од моето "слушнав" во време кога (повторно), тврдам дека секоја информација за превенција е корисна, aко звучи рационално. Нека излезат со официјални информации, ама каде се до сега? Никој ништо не изјавува за Косел, што не значи дека нешто се прекрива, може да е и типична незаинтересираност, не може со сигурност да знаеме.

    Околу претчувството на животните, јас ти дадов пример на кој лично бев сведок. Доколку ги земеме научните истражувања предвид значи овој мојов мачор има шесто сетило па, треба да го дадам на дополнителни анализи. На крај може ќе испадне дека е хибридна раса, не знам. :D

    Можеби ги чувствувал помалите потреси претходно кои не се официјално објавени, но во секој случај чудно се однесуваше до земјотресот, а после извесно време откако се смири тлото престана.
     
    На Arthur и fina erika им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Имам водна желка и пред големите потреси е вознемирена многу. Сега си дреми мирува. И кучињата улични како завиваат пред да тресе да знаеш!

    Дајте аманте луѓе абе КОЈ кој кој кој којјјј може да предвиди земјотрес бе ша и во колку саат, ви се молам!
     
    На cresa-jagoda, fina erika, kuc и 2 други им се допаѓа ова.