Леееее што се не се изначитав. Ќучиња лаат тука секоја вечер овде па нема ништо. Ќе имало поголем. Жити се беее? Зашо на кажеа за тој 5.2? Така тука правеа тензии, се укочија луѓе по коли и клупи. Врв на се ни дојде комшика, а ние тргнати накај дома за спиење, ладно беше и вика:- облакајте нешто и дојдете, имам лошо предчувство, ауууу не идете дома. Ја гледам женава... Си отидов секако. Владопавлова болест се проширила.
Сега на тв нова зборат за земјотресите и се надеваат дека нема да има појак земјотрес од тој 5 по рихтер,така да Охриѓани можете мирно да спиете.
Пред еден саат имало. И додека гледав во апликацијава, видов во Чиле имало два едно по друго од 5,9 степени и изреагирав...
За Чиле не ништо 5,9,баш кажуваа дека таму се најаките земјотреси кои имаат мсгнитуда и до 9.5 по рихтер.
Нема поголем непријател во вакви ситуации од паниката. Разумот се блокира и при најмал потрес се способни да се испотепаат луѓево бегајќи. Што и да правите, задржете го здравиот разум и не дозволувајте да ве плашат, кога и самите знаете дека земјотрес не се предвидува. Може ќе кажете дека ми е лесно отстрана да зборувам, ама по септемвриските земјотреси во Скопје ова е најважната поука што ја извлеков. Тогаш сите повреди кај луѓето настанаа од панично бегање. Имаше и луѓе што скокаа од прозор. Мислете со ладна глава, ништо страшно нема, ќе помине и ова.
Покажува дека имало 4.0 пред 7-8 минути....Се надевам добри сте. Затоа подобро не коментирајте пред време дали се смири или не се смири....Земја е ова...Природна појава. Секако уште не е смирено баш ко што треба од афтер шоковите.