Jас ништо не осетив дека имало и во скопје а овие во охрид штом се на толку мала длабочина повеќе се чувствуваат. Аман нека престане и во Охрид да тресе веќе
Има разлика во кој слој е поместувањето, колку е поблизу до површината посилно се осеќа. Па не би рекла дека во Скопје беше исто... во Охрид подолго тресе и почести се...
Не се осети, мене телефонот ми ,,титна,, Малку ми е што се плашам од земјотрес, па и кога не го осеќам да ме потсети телефонов
Тоа апликацијата на секој земјотрес во околината ли ви титка? Ни лани не ја симнав јас... би ви препорачала да си ја избришете, само дополнителен стрес ви прави дури и ако самите не сте го осетиле земјотресот и не би се исплашиле... Јас иначе тука во Скопје ниеден не осетив воопшто деновиве.
Јас имам апликација таква што телефонот не ми вибрира кога има земјотреси, апликацијата служи само да се провери дали навистина имало земјотрес, кога имало, каде имало... и така.