Три недели е исто а во неделата и понеделникот душата ми излезе. Да можев да ја телепортирам куќава најсреќен ќе бев.
Може нема опасност ама мене секако на психијатар ќе ме испрати. Сега ме стресе дур јадев и ми залетна. Кога сум надвор нема земјотрес, ме чека да се приберам дома за да дрма.
Језиво чувството е кога дрма, отпосле потсвесно ти дрма уште извесен период...А не вака со денови. Лани кога тресеше во Скопје, толку лошо се осеќав,само контактиравме со домашните, со страв одевме на работа, се враќавме, се советувавме кој како да се евакуира на работа.... Во продавница влегов и баш стресе, сите се разбегаа, како за војна народов се спремаше психички, не во однос на набавка на продукти. Господ нека не чува, да се молиме да се смири тлото, и раат да се спие и функционира.
@Kitten 4че не е баш мал. Аман ова афтер афтер афтер шокови испаднаа. Јас веќе се откажав од одење во Охрид тешко дека ќе ме предомислат
Мал е. На некој нешто му се случило на 4че? Ете баш и во деминутив си го кажа Дури и на 5ка има само помали штети. Повеќе повреди настануваат со бегање надвор, а фајде од дремење надвор не гледам.
Абе мила, језивко е ама се помируваш. Ако дозволи човек многу да му делуваат на психа, нема да може секојдневните обврски да ги тера а и животот да му тече нормално. Наместо што им придаваме значај треба малку посмирено да реагираме и да пробаме да ги игнорираме колку и да звучи невозможно. Знам дека тој од 5 не е воопшто пријатен, ама барем за останатите нормално да реагираме, а мислам дека толку беше, сега ќе следат само мали незначајни земјотреси.
оптимиста браво. Сега може ќе ме разубедиш да одам. Знам дека е така јас лани после првите 2 веќе викав налет нит будам деца нит излагам. Ама овив многу долго некако трае. Не беше така во скопје
Јас лани дозволив многу да ми делува на психа, од тогаш нешто ми се поремети во организмов, од септември навака имам редовни прерипнувања на срцето, дури бев и кај кардиолог и ехо и стрес тест правев за да не најдат ништо...Оваа пролет имаше еден земјотрес во 4 сабајле ако се сеќаваш, над 4 степени беше, ме разбуди, видов дека комшиите сите се наредиле по клупи надвор, а јас повторно си легнав да спијам Кога ќе седнеш и размислиш, реално не треба толку да се плашиме, туку така згради не паѓаат во денешно време, а камо ли од 5 степени земјотрес кога ќе стресе