Може да се смири по некој ден ама сега знаеме дека живејме во немирно тло што може да се активира сеизмички.
Имаш право, сега видов, 3.0, пред четири саати. Јас откако сум будна од пред саат ипол се четири. Не паничи толку. Секако не можеш ништо да направиш за ситуацијата.
Кој ти рече тебе дека паничам? И доста разговарате така не паничи, можете да бидете покултурни малку.
Не паничам јас а најмалку барам совет од тебе и од некој друг за да ми коментирате секогаш кога ништо не ве прашувам. Кажете нешто за земјотресите ако имате и не се занимавајте со мене поќе.
А чим толку ве интересираше јас не паничам туку се нервирам зато шо ми ги уништија сите планој земјотресиштата.
Да не се лажеме и правиме будали со сила,едноставно земјотрес е стварно лоша работа и човек неможе да остане рамнодушен,и да не паничи колку и да се правиме дека сме јаки. Се надевам дека Охриѓани сте добри и све ок во вашите фамилии.
Во Скопје кога беа земјотресите,луѓето почнаа по психијатри да одат,а колку малку без за разлика од Охрид.Затоа реков да не се правиме луди со сила,и дека човек неможе да остане рамнодушен и смирен на толку земјотреси.Али да се надеваме дека ке се смират,и дека ке ги снема.
Појак земјотрес од тој што беше 5.1 нема да има пак... Навистина е непријатно чувството кога ќе затресе, ама нема потреба од страв и паника
Штом имате време да кажете дека стресил змјотрес значи не бил страшен. Од тие страшните со жртви нема време да реагирате. Аман олабавете малку.
Тука сум еве, во Охрид. Жива, здрава и не сум на лекар. Шириш паника непотребно. Последните беа послаби, и поретки. Ќе се смири.
Ти не си видовита да знаеш дали ќе се смири а јас не ширам никаква паника туку пишувам мислење, нема сигурно тебе да те прашам какво мислење да испратам. Ми здосади да ми коментираш пред мене зад мене, наредниот пат ќе те ставам на игнор. Ај чао.
Многу ти кажале ама еве ќе ти кажам и јас пак. Нема потреба од толку многу паника и негативни мисли.Секако дека треба позитивно да се мисли,дека ќе се смири и повеќе ќе нема. Лошо е не велам не,најгрдото чуство е да чуствуваш земјотрес,зуењето мислам уште го осеќам и после скоро година дена ама самите неможеме ништо да смениме освен да се сите смирени и секој да продолжува со своите секојдневни активности. И мислам дека многу подобро е да велиме:не паничи,ќе се смири,нема да има пак , отколку:леле страв ми е,ќе има јак,ризично и критично е... А и да кажам,темава е отворена за секого,исто и секој има право да пишува и да коментира на кој сака...ако е надвор од правила се пријавува или се игнорира.Нема потреба од дрско обраќање сепак овде сме за подршка и размена на некоја добра мисла а не негатива и така самата тема е лоша...