Ама ова веќе стварно немаТ смисла...јас не сум некоја паничарка, немам страв од вакви работи зошто сметам ако дојде до толку јак земјотрес да паѓаат згради нема ни кај да бегам, ама веќе не се издржува...си седиш најнормално и само бучава и лупа како будало..особено ние што сме во згради секоја вечер се будиме..сношти во рок од 5 мин имаше 5 и тоа не баш слаби...напорно стана
Јас денес се вратив од Охрид. 12 дена бев таму. Страшно,навистина! Ај еднаш, двапати, ама ова претерано е,не е нормално.Луѓето испаничени, кој надвор спие,кој подалеку заминува.. Јас таква сум,не паничам,во смисла да врескам,да бегам,дури не се ни помрднувам,ама во себе...се молам На почетокот страв ми беше,јас и послабите ги осеќав,па дури и во сон се будев и одма на гледав,ама после се навикнав. Тетка ми живее во ниска куќа, па пак се осеќаше и имаше штета,а камоли тие во зградите шо живеат Еве и туристите си заминуваат од градот, од страв. Штета! Мене не ми се ни враќаше,преубаво си поминав,многу си го сакам Охрид и дај Боже ова тресењето шо побрзо да заврши,без последици. П.С. од толку тресење, пред некој сат си седам дома и мислев дека и тука ме дрма (макар шо е можно зато шо сме блиску до Ох.)
Јас утре ќе одам накај Охрид. Една познаничка ми вика не оди предвидоа над 5-6 степени ќе имало утре Инаку стварно веќе тресе долго, комшиката ми вика кај нас во зграда немало штета дека понова градба, ама на постарите градби имало. И вика туристите се разбегале, штета. Се надевам дека ќе биде мирна ноќва и дека полека ќе се смири. Господ нека не чува.
Ете го пак доста веќе, остајне на мира ! Требаше да се донесе експерт од светот да ни каже што се случува зошто кај нас појма се немаат од ништо ! Вакви земјотреси со долго бучење прво после тресење немам видено.
Мони овие не се доволно силни за штета да направат. Само се досадни, јас три осетив и ми се досадни, можам да замислам вие колку време веќе вака живеете.
Јас да ти кажам цело време тресење чувствувам во психата ми влезе големо мали исти стресови ми прават.
Непријатно е чувството, знам дека не можат да направат штета... Вечерва 3 ги осетив во рок од 1час... Недела и нешто има откако се осеќаат
Досадни се. И не ти е во психа, има и многу мали што да не се големиве нема ни да ги приметиш, ама дека си на штрек, затоа
Не не ова не е нормално. Јас денрс со другарка бевме да ги земеме родителите од Охрид. Они си седар таму од Мај до Септември ама не издржаа. Само да помине побрзо. Мава на психа.
Само читајте вие ' научници' од 'најстручен извор' - Google А географија за 6то да читниш за месечеви мени. .