Јас знам дека на полна месечина се претворам во чудовиште и бркам мажи по темница Па сега вие како сакате..спијте надвор, помалку дрма.. ама пазете да не ви дојдам ииии ... ќе ве земам за мои вечни робови
Кога има полна месечина станувам црна мачка. Па мислите му ја... @clen1 не трескај глупости и оди си на плажа,избањај се,подружи се со луѓето нема да те лапне езерото.
Лелеее лелееее шо тоа читам!!!! BTW немаТ тресено од ноќта Успешно се помоливме + Боже дај смири ги зрмјотресиве, ветуваме дека добри домакини ќе сме и немат да ги седумдуплираме ценине во сезона;!
Декa не е пријaтнo штo тресе, не е, aмa се пoнaшaте кo дa сме единственa земјa вo светoв и декa тoлку, крaјoт нa светoт кaј нaс ќе биде. Вo Турцијa целa гoдинa тресе, Итaлијa не е ништo пoaрнa. Вo Скoпје дo нoември имaше пoтреси. Престaнете сo муaбети декa ќе ве срaмни, ќе ве пoтoпи вулкaн и слични други глупoсти.
Во Турција и Италија не коментираат за земјотресите? А кој рече дека ќе ги срамнел земјотресот и дека вулканот некој/нешто ќе потопи?
Следен пaт цитирaј ме. Еве прoчитaј нaнaзaд и ќе видиш, секaкви прикaзни имa. Кoментирaaт, aмa муaбетoт ми е декa не сме единствени кaј штo имa земјoтреси, пa дa пaѓaме вo несвест декa нештo сo нaшaвa пoчвa не е вo ред.
Ретко коментираат. Не сум видела јас на земјотресче од 3 степени 200 души да искоментирале...а таму живеат милиони на тие подрачја
не си арна жими све. И појќе да не сакате нас СкопјаниШчата можит . Шала на страна јака ви душа. Кој што сака нека каже лани во скопје не траеше волку, беше стресно ама ова во недоглед отиде. И којзнае дали вооптшо има стручњак што може да знае зошто волку трае. Си викам фала богу што не отидовме вчера кога видов синоќа дека па дрмало. Нека престане веќе стварно е премногу.
@clen1 воздржи се од коментари, нека не плачат овие. Животот им зависи од тоа што си пишал ти на темава.
Има врска полна месечина, ама сВе се тоа земјотреси во земји кои се или острови, или излегуваат на некој океан. Охрид имат езеро Не е точно дека немат Охриѓани на форумов, еве јас од Охрид сум, и од бебе знам дека вулкан во Косел немат. Имало некогаш, уште пред времето на диносаурусите, сега нема ништо. Ако имаше, ќе се видеше и осетеше досега, верувај ми. Треба време да се смири тлото, ама многу е нормално да мава на психа вакво секојдневно тресење скоро месец дена. Отсекогаш Македонија била трусно подрачје, тресело во Охрид откога знам за себе, е сега тоа што моментално е таков немирен период, мора да се издржи, никој ништо не може да направи.
Дали денес во Скопје осетивте земјотрес околу пладне? Тој период ништо не осетив, комирана бев, демек спиев.
Ајде секоја полна месечина од сега, нека паничи @clen1 за катастрофален земјотрес. Знае ли тој колку полни месечини преживеал до сега? Не е научно докажано дека полната месечина предизвикува земјотреси, ама по народот се шушка дека предизвикува затоа што е поголема плимата кога е полна и млада месечина, па водата натежнува. Плима, @clen1, очигледно уште еден збор што не ти е познат. Полна и млада, значи и млада кога дојде чекај земјотрес. Глупости
Лоша дада @Rubiii не знам за твоите другарки, мене мајка ми ми спомна а јас се обидував да заспијам со висок притисок па не ја прашав од кај и е информацијата. Од толку паника и зачестеност на земјотресиве, може и си измислуваме по некој. Се шалам а работава е сериозна. Јас ќе бидам од тие што веруваат во теории на заговор, па ќе си земам за право да речам дека антените хаарп имаат влијание врз земјотресиве и врз климава воопшто.
Ок јавете ми се кога автоботите ќе бидат реални, нека дрмна јас со Бамбли сакам да се возам. Абе темава стана оф-топици. Немаше земјотрес инаку ќе осетам јас и ќе ми стаса нофитикација. Значи тоа умот колку ве контролира ау, необјаснива теорија на заговор.
Значи од сега, и ако здрма земјотрес 6 по Рихтер, да се обратиме кај тебе да не случајно халуцинираме и дали твојот софтвер испратил нотификација. ОК
А вие зошто сакате да се однесувате како да нема место за „паника“, кога Охрид три недели се тресе(ше) како Јапонија во полоши денови?