И што ако тресело големо чудо 4.2 по рихтер тоа земјотрес ли е?Кажав јас штом не се над 5 по рихтер без гајле нема ништо да биде,еве и стручни лица за Земјотреси кажуваат дека нема простор за паника.
Не е дека нема воопшто место за паника ама толкава паника не е потребна. Ако паничевме толку за се не треба од дома да излеземе!
Секако, ти вчера падна од Марс и не знаеш дека Охрид го затресе 5.0 или 5.1 во понеделникот. Не би рекла дека постои претерана реакција на нешто од овој тип. Што знам, после таква авантура, јас би барала начин да продадам имот и градот веќе очи да не ми го видат. Тоа заслужува почва која се тресела три недели. Од кај знаеме, може во навика да и прејде. А и збориме за околија со загрижувачка историја на земјотреси, 6,7 степени во 1911 не е шала.
Ништо тогаш. Охриѓани веднаш иселете се, опасно по живот е. Сега да им се јавам и на брат ми и снаа ми да си дојдат, оти опасно е де. Пс. Опасности има на секој чекор. И да излеземе надвор е опасно. Не сфаќам зошто толава паника.
Кај ќе бегате бе луѓе Утре може во Скопје или Пехчево да дрмне 7 степени иии? Кај ќе бегате? Од природни непогоди не се бега, аман научете го тоа веќе еднаш, не сте деца
Тоа е работа на брат ти и на снаа ти што ќе прават, мене не ме интересира. Знам дека е нешто тренд денес да се биде позитивен, ама не инсистирајте на сечија смиреност после рој земјотреси и тло кое покажува дека е немирно. Глупо е.
ОК, разбирам тоа. Ама, муабетот ми е, земјотресот не е единствена опасност. Секојдневно има поплави низ светот, војни, терористичкии напади, собраќајќи, крај краева не мора да излагаш може дома да те удри нешто и толку е. Ајде за се да се плашиме. Да не заспиваме да не не стрефи на сред спиење, да не излагаме на улица кола да не не удри...
Па може дома да те удри нешто и толку да биде, ако има земјотрес, пример. Темава тука е за земјотреси. Луди шофери, терористички фингерајки, во соодветните теми. Да бе, земјотресот ќе трча по тебе, фантазии. Ако веќе бегаш од земјотрес, ќе си бираш град во подрачје непопуларно по земјотреси... Кога се има пари, се е изводливо, не се секирај ти. А и те како се бега од природни непогоди, затоа се евакуираат луѓето кога ќе дојде големата.
Наравоучение: Да се иселат сите жители од Скопје, Охрид, Пехчево и не знам веќе кој град оти таму има земјотреси и луѓе не треба да живеат.
Да бе, затоа ги евакуираа во Стајковци Не сум сигурна за година, 1976 или така нешто, Маркова река што и тогаш а и сега е доволно голема за да ја преминеш пешки без да те занесе на некоја страна, го има поплавено реонот од пред Варвара до Батинци во рок од 20тина мин.. Вода метро .. А и тогаш и сега е истата.. Така да, верувај дека од такви работи не се бега. Имај и милиони ако сакаш, нема место на планетава што не е подложно на природни непогоди .. Освен под земја де А да, Вардар кога делумно го поплави Ск? 62ра? Или после земјотресот? Ми има кажувано татко ми, деца биле, ама јас не памтам
Веќе реков дека јас би се селела од место кое активно дрма на подолги периоди, и не ме интересира за сите жители, секој сам нека прави како знае. Ама што ти објаснувам, кога не разбираш.
Не се селам од ваму нека дрма нека пукне ако сака 8ца...подбро наеднаш да бидне отколку да се мачам со живот кај што наместо воздух има само асфалт.
еве ви јаки земјотреси еве еден 6.4 по рихтер Сакам да кажам земјотресите во Охрид не се ништо во споредба со овие така спокојно без паника.
Да Ама тоа сум јас, авантурист.. А од земјотреси секако се плашам, ама ако треба да умрам вака млада, па и зимоска ќе умрев ама сум имала среќа па преживеав.. Земјотреси со толкава моќ во Македонија се скоро невозможни, дури и 6 степени да има одреден земјотрес, не би требало зградите да паднат. Не се од картон, иако некои од новиве се цели гипс табли Патем, кога ќе се спомнат 5 степени тука, многу ги мешате работите Сега земјотресите ги мерат според европската макросеизмичка скала што е од 0 до 12, таа е како меркалиевата ама малку изменета. На времето се мереле според Рихтерова, а таа е од 0 до 9 степени Па така, тој што е 5 степени според ЕМС, е еднаков на 4.4 по рихтер, 8 по ЕМС е 6.7 по рихтер итн Затоа и не треба да ги споредувате со тој од 63та
@clen1 Имам прочитано статии околу поврзаноста на лунарните циклуси со Земјата. Точно е дека некои природни непогоди се случиле за време на полна месечина, меѓутоа не постои научна поткрепа дека истите се случиле од таа причина, а уште помалку е тоа индикатор дека природни катастроф ќе има на одредена локација. Месечината е од прилика 384.400 km одалечена од Земјата. Ако употребиш логика, ќе сфатиш дека олкавата одалеченост има минимални шанси да предизивика било каква штета, или со други зборови е невозможно. Наталната, хорарната и мунданата астрологија да беа доволно точни и прецизни ќе беа сместени во полето на науката. Не негирам дека понекогаш мунданата знае да биде географски точна, но тоа повторно не и отвара можност да биде третирана како егзактна. Поентата е дека не можеме да се потпираме на духовни и квази - научни бранши кога станува збор за оваа тема. Хипотезирањата за месечевите фази и нивниот ефект, дефинитивно спаѓаат во Кинеската астрологија, а не астрофизика. Значи, земјотресот е една од најнепредвивливите катастрофи, која е сеуште невозможно благовремено да биде детектирана. Тврдењето дека небеските тела имаат импакт врз Земјината топка е science fiction.
Читам на претходната страница и неможам да се изначудам! Нас во Охрид 20 дена не тресе. Некои земјотреси се проследени и со силен звук. Јас,моите најблиски и луѓето кои ги познавам сме хронично не наспани,стресени! Тресе дење,тресе ноќе. Оној од 03.07. што беше 5.0 или 5.1, веќе незнам ни јас,нема да го заборавам додека сум жива. Што е најстрашно не се знае до кога ќе тресе? Ама не се трпи повеќе!
Не е исто Охрид и Скопје, никако. Во Охрид си седиш по купачи, здрмува, излагаш надвор и на никој не му е чудно што си таков. Изгоревме бре во Скопјево. Човек ни по гаќи и без прслук не може да седи Туку, моите се во Охрид. Колку само глупости се изнаслушав . Ова се нај две: - многу било лошо што се покрај вода (опасност од цунами или?) - под езерото имало друго езеро (???) Туристичката сезона е уништена. Нека престанат веќе, време е.
Ех, ама, мислев трајно да живееш, да основаш дом таму, не само некоја година на облог или за забава. Јас не би, ете како сум претпазлива во однос на тие работи. Ако ми треба адреналин, има екстремни спортови. Везув е језив. Чести земјотреси не се опасни само по живот и материјални добра, туку имаат чуден ефект врз психичката состојба, морничави се. Не е мој избор за поминување на слободното време и би барала излез од ситуацијата. Скопскиот бил 6.1 по ново, ако добро запаметив. Пред 1500 години, Скупи бил уништен од, се верува, 10-11 степени.