Ќе основам семејство, што ќе ми фали? Што им фали на тие во Јапонија? Во Турција? Јас и сега би одела во Охрид ама работата не ми дава .. Има и појезиви работи од Везув, сепак е само вулкан.. ехее Во Ск пред зграда ќе умреме, ако така треба да се умре..
За језивко - језивко е, ама еве вчера и денес, колку што бев во Охрид, навистина земјотресите не беа за паничење, вкупно 6 беа. Тој од 5 и мене во Скопје ме исплаши, ама не знам зошто паника околу маливе. На крајот, не се знае кога и каде може да има земјотрес. Нема бегање
Везув е темпирана бомба од вулкан. Ај човек ќе избега, ама ќе губи време од животот и нерви во санации на штети. Тоа се трауми. Вулкани и земјотреси ја одржуваат Земјата жива, создаваат пејзажи, ама на секого му е боље понастрана од нив, ништо спорно.
Сериозно од сите вулкани на планетава вие се фативте за Везув? Да не мислевте на Етна? Везув не еруптирал 70 години.
А што да направат експертите? Тие кажуваат она што знаат, не можат да ти кажат зошто тресе и до кога ќе тресе. Самите велат дека имало многу акумулирана енергија, и дека е подобро што вака се ослободува, со чести помали земјотреси, отколку со еден силен. Никој ништо не може да предвиди, едноставно, мора да бидеме стрпливи. Што дека сум во Скопје, и јас не спијам по цела ноќ знаејќи дека моите се таму, нонстоп проверувам онлајн дали тресе или не. Ама ете, после првичниот шок од земјотресот од 5 степени и моите ме смируваат, ми велат да не паничам. Не е лесно, верувам, и јас би се мрднала да сум таму цело време, бидејќи баш од земјотреси имам најголем уплав, ама ете, не дека ќе се смени нешто ако се дига паника.
Ти сериозно ова го прашуваш? Везув еруптира барем еднаш во столетие и предизвикува штети, а таму е најнаселената со луѓе вулканска област што постои. Не за џабе е најнадгледуваниот вулкан на светот. Треба повеќе читање.
Па тоа сакав да кажам, ретко еруптира, не е како останатите да еруптира секоја година. Можеби ќе проживееш цел животен век и нема да го дочекаш вулканот
Околу такви вулкани е пустелија ако споредиш со Везув. У ствари, има во светот и понаселени области со вулкан во непосредна близина, ама тие вулкани не биле активни многу поодамна од Везув, тој често се активира, плус европски е, и што ако се фатив за него? Така сакав.
А,нај трагично во целата приказна со земјотресиве е да не се шири паника туристите ќе избегале. Леле ќе се уништи сезоната!Јас од туристи како охриѓанка немам никаква корист. Косата ми се крева кога ќе дојде лето.Туристите како од марс паднати,прават гужви насекаде,некои оставаат ѓубре каде ќе им текне,музика трешти од кафиќи,приватни станови.Вриштат во ниедно време,пијани,издрогирани околу зградите.Хаос.....
Бaш и не си вo прaвo декa немaш кoрист oд туристите. Буџетoт нa грaдoт кoј се пoлни гo уживaaт сите кoи имaaт директнa или индиректнa кoрист oд туристите.