Тамам се решив да идам во Охрид . На сајтот вика последниов во албанија ама се почувствувал во Мк 2.6 е инаку
Оди зошто да не одиш не е страшно. Еве јас сум во Охрид на одмор сите што сме сместени тука го осетивме земјотресот, но си функционираме нормално.
Абе луѓе ако ви се оди во Охрид слободно дојдете, не е до толку за паника. Јас еве две недели сум тука, и тоа во зграда. Дрма од време на време, ќе се привикнеш и тоа е тоа. Нема потреба толку од потресувања
Ние бевме минатиов викенд ништо немаше. Еден земјотрес мислам само, ама не сетивме. Туристи имаше.. Се си беше океј. Не тресе веќе постојано како претходно, па ваљда нема потреба од непотребно паничење само
Да мене нотификација ми стигна.. 6,7 рихтер и 2 загинати , многу повредени..ова е на островот Кос. што да кажам страшно
Кога видов утрово во Турција земјотрес од 6.7, ми се стемни пред очите. Од есента активно следам земјотреси и ладнокрвна личност сум, ама земјотреси почнаа многу да ме нервираат последнава година, и ако уште еднаш во животот се случи да доживеам нешто во рамките на петка, ќе добијам срцев удар Редовно ќе си тресе јужниот дел на Европа заради тоа со африканската плоча изгледа. Засега е паметно селење некаде на север
И јас се навикнав веќе и не реагирам. Една недела ми се чини немаше и сега пак некако зачестија. Ама толку нормално ми стана мене, дури не ми се верува дека одвај им обрнувам внимание.