Имаше и во Скопје или јас халуцинирам нешто? Ми се здрма креветот ама лустеров не мрдна А осетив тресење
Апликацијава збесна. Титка цело време. Ништо не сум осетила у ск, мада тој во охрид а и еден од албанија ги имам убаво осетено. Ме чуди само што е уште еден од 5 степени, а почнаа послаби и пак јак. Брзо да се заврши.. аман веќе раат да не е човек.
Ве замолувам да не ја активирајте темата со оф топици освен ако навистина не почувствувате земјотрес.
Во Битола од 6:20 до 9:00 два јаки и два послаби,во нова зграда на втор спрат од тресењето се отворија клизачките врати на плакарот.
И во близина на Прилеп многу се осети. Јас бев на втор спрат од куќата и ме заниша на кревет, и прозорците почнаа да дрмаат. Инаку на странава ги кажува сите земјотреси што се случиле во скоро, видете колку многу има во Албанија, кои послаби кои појаки. https://m.emsc.eu/ifeltindex.php
Јас од Битола сум ама не осетив ништо, светот да се руши надвор не се будам. Од друга страна сите дома ги сетиле земјотресите, не презаспале воопшто. Јас кома сум била
Јас сум од Охрид плус 5 ги спрат.... Тој во 9 нишаше ко ненормален, а другите спиев не ги сетив. Да не ме разбудеа сигурно немаше и овој да го осетам